Само биди со позитивна мисла.Јас се породив 26+2дена.И моето бебе прима антибиотик веќе 10 дена превентивно и е на Cpap минимален кислород.Ама ете го стабилен е јаде,мочка и кака.Знам дека е тешко ама мораш да мислиш позитивно.Можеш да ги гледаш секој ден ако имаш млеко молзи се многу ќе им помогне мајчиното млеко.Пиши слободно ако ти треба нешто.
Здраво мамички.Ви благодарам за честиките,да сте ми живи и здрави вие и вашите дечињаФала ви за подршката и за утешните зборовиВие што сте го поминале овој трновит пат знаете низ што се поминува една мајка на предвремено родени деца Инаку машкото си одржува килажа,а женското намали на 1400 гр.Уште се на антибиотици и двете фатија жолтица.Јас немам млеко за жал,од превише стрес којзнае и дал ке ми протече така да незнам ни дал ќе можам да ги гледам.Ах тешко поминуваат деновите,саатите ми се ко години.А сликата на душичките мали со цевчиња е убиствена.Денес ќе ме пуштат но со празни раце ќе си одам дома Не ми е јасно оти не ги стават заедно,по ќе си осеќаат исто ко во меше или не смеат бидејќи се мали?
Не ги ставаат заедно, секогаш се посебно. Не се секирај, супер ќе бидат мајка. Нормално е да паднат на килажа, ќе бидат добро.
И термински бебиња паѓаат на килажа првите дена нормално е.. и моето фати жолтица си полежа два дена на сунчање ,подобро таму да ја фати него дома. И јас со празни раце си отидов не ни смеев посета ковид време.. ме одржуваше пумпата за одмолзување и саатот кога можев да се јавам да видам како е. Млеко добив после 5-6 дена упорно измолзување и ставање топли облоги пред да почнам со измолзување.
Жолтица имаше и моето 4 дена не е страшно.Можеш да ги гледаш секој ден од 10 до 15часот.Млеко кога ќе дојдеш дома ќе си земеш пумпа за молзење и на секој 3часа додека не добиеш млекце.Послем можеш и на 4часа.Ќе пиеш повеќе течности вода,сок од јаболко бистар чај за доилки.Ќе пазиш на исхрана да не конзумираш цитрусни овошки,мешункасти и зелка.Повеќе млечни производи и протеинска исхрана. Ако си царски покасно доаѓа млекото.Јас сум природно породена од 3 ден надојде млеко.
Па стабилен е ,тргнат е од антибиотска терапија само сирупче прима.Прима 12мл млеко и е на Cpap со минимален кислород.
Здраво мајки, ве молам за одговор, кои други испитувања треба да ги направиме. Ехо на срце, ехо на мозоче, ширење на зеници и слух, се’ тоа им направија уште во Систина пред да ги испишат. Потоа бевме на контрола за ехо на срце и на мозоче. На ортопед исто си бевме. Сега така на мисла ми е да не треба дополнително некои испитувања да направам. Инаку се работи за близначиња родени во 35 недела со добра тежина од 2500 и двете.
Фала ти што мислиш на нас.Добар е бебушка расте,стабилен е па и карактер покажува тера инает не сака човекот да се кенгурира голем е веќе сака да си мрда со ночињата ама да се држиме.
Здраво на сите.Срекен празник.Нас не пуштија дома пред 2 недели со 1800 и 2300 гр па се навикнуваме ама празникот го поминуваме на детска клиника,хемоглобинот на 80 и 70 им падна и мора итно да примат крв и албумини.Од ОИНТ не испуштија со хемоглобин 100,кој паѓаше само иако примаа Малтофер капки.Има ли др некој препарат што ви помогнал за подобрување на крвта освен Малтофер и Сидерал?Малтофер не им делува. И кога сте правеле ехо на мозок?треба точно 3 месеци да се или порано?