Моето го испуштија со 80хгб.до сидерал никакво подобрување.прими како вас трансфузија.после тоа два месеци со малтофер и задолжително вит ц.сега е годинка супер сме.после трансфузијата не се откажувај од малтофер.ќе бидете супер.ќе видиш ќе бидат како други деца-поактивни
Zdravo na site bi sakala da prasam dali nekoe detence koe e rodeno so pneumotoraks imalo operativen zafat podocna? Potocno sakam da prasam kako pomina anastezijata? Moeto dete sega e 5 godini i treba da se pravi operacija na kila, no bidejki bese so pneumotoraks, a i seuste gi ima tie vodeni hrkulki isplasena sum od anastezijata...
Здраво на сите.На едно од близнаците едното уво му е поголемо од другото и бевме на ушно и му го тестираа слухот,излезе не слуша со 2 уши.Претходно 10 дена по раѓање,истестирано и било во ред.Дали некоја мајка имала слично искуство?има примано 5 дена гентамицин кој е ототоксичен па незнам дали е ради тоа изгубен слухот
Дали некоја од мајките имала бебенце со пренатално дијагностицирана изолирана унилатерална mild вентрикуломегалија 12мм? Ако може да ми пишете во лична порака искуства
Мајки, породена сум 31+5, итен царски, отворена 3 прсти, зголемена плодова вода, бебе тахикардично успано на цтг, се роди 2010 г, и апгар 5/6/6. Беше во инкубатор 20 дена, само два - три дена на ципа, после кислородна и на крај маска. Све на све недела дена кислород, другите две недели само греење, хранење и тие испитувања, мозоче, очи, уши све во ред. За три месеци пак невролог, очи бевме пак сме септември. Решив вакцини после 2 месеци иако имаме килажа и нема примано крвен дериват. Супер напредува во килажа, не пуштија со 2250г и од тогаш се поминати 18 дена дома и има моментално 2800 г и е месец и 8 дена стара. Многу ми се штрекаше, знам колку е нормално ова беше поинтензивно, почуствителна на звуци, више ја учам да биде во бучава, и се навикнува. Бо центар за развој ми рекоа дури на 4-5 месеци да закажам сега било рано. Почнавме на стомаче, ја вежбам и гледа во црно бели сликички, и има добар тонус на главата кога ја подигам со рачињата, кога и давам прсте го стега.Не се врти на звук од тропалче да го следи звукот, но мислам рано е за тоа. Само незнам читам дека треба да фокусира со очињата во мајката. Незнам мислам кога ја хранам, дали многу очекувам од неа не гледа во мене шета лево десно горе со очињата, право има некој краток поглед од неколку секунди, и повеќе е успана кога јаде, па пробувам така после кога е будна да ја земам и да и зборувам и чекам да видам како реагира... Сите ми викаат чекај не е родена по терминот што ми беше 08.06.25та. Многу се плашам за нискиот апгср, многу мисли ми се вртат. Се мислам дали да закажам порано нерволошки преглед или да чекам на 3 месеци?
Немаш потреба да се грижиш за нискиот апгар. На другарка во 42ра родено, значи надносено 4/10 доби. Па еве го 9 месеци не застанува. На ортопед кога бевме кај Тони, ни кажа дека сите работи што треба да ги совладаат им се сметаат според термин, не според датум на раѓање. Значи ако е родена 38ма, се толерира и две недели покасно. Женската твоја е родена 32ра, така да немаш причина за загриженост. Дури и одлично совладува се, како за предвреме родено бебе. Мала хероина имаш дома, ич да не му ја мислиш, се си прави одлично.
Според неделите на раѓање девојката си е супер. Мојата се роди 37 ма агпар 8 ,9,4 Ти ја разбирам загриженоста и нормално е да се грижиш ама како што опиша супер си е девојчето. За следење на поглед мм многу ја вежбаше. И свиреше или нежно и дувкаше па ја движеше главата лево десно и она по него. На стомак не сакаше додека не почна сама да си се врти. Агпарот е само за тие минути после раѓањето и нема врска со понатамошен развој (стар педијатар вака ми кажал )
Машкото има проблем,за девојче полесно е со косата ке затскрие.Ама најбитно ни е сега да слуша,се молиме да не е само траен проблемот
Може и сум психички заморна покрај физички.. сега пиев диазепам, телово како да ми е омалаксано, како пред настинување. Еве од попладне неќе да јаде.. шмука собира во уста и блуцка не голта.. кај 3 едвај 35мл, после кај 6 со 20 паузи 40 мл.. сега еве пола сат 10 мл испила.. пола го исплукала. Нема температура. а нервозна беше со лажливката ја цица како да нема утре а несака да јаде. ќе попукам феникс.
Те разбирам, и јас бев таква, не памтев кога се имав последно разболено, од коа се породив… бев на 45 доктори од што само нешто ми беше. На крај и херпес ми излезе, што никогаш во живот сум немала… од пад на имунитет. Да ти кажам, и ден денес се осеќам ко воз да ме згазил, ама така е, падни па стани. За брзо ќе ти е многу полесно, ќе видиш.
Дигнав температура 38, незнам од каде човек не сум сретнала еве 40 дена, мм е здрав, освен на прегледи што ја носиме. Градата ме боли цел ден на бранови , викам од неа нешто да е треба да боли константно да има црвенило или да е тврда. Ништо од тоа. Сега се нервирам дане сум и префрлила нешто настинка... нема она температура само вака со јадењето што ми прави.
Ајде смири се.И ние се молиме по цел ден за јадењето.Вчера грчеви од 9 до 18ч два пробиотика и пак само се виткаше и црвенееше исто пиеше до 30мл.Го избањавме средивме испи 20мл заспа во 3часот весел спремен за забава испи 60мл .гугаше до 5ч.Денеска цел ден е гладен 60мл малце му е ама му зема ММ појас за грчеви.Нормално е да се тешки со цицањето претоа се ранети со сонда.Така да само трпение ,спасение што викаат старине.
Чим те боли градата може е запушен канал, од тоа се крева температура. И мене тоа ми се деси, ставав зелка и пиев парацетамол и масажи под туш. Може да ти надоаѓа млеко повеќе, и од тоа се запушува. Пробај така, ќе се среди. Не мора да си имала контакт за да се разболеш, од пад на имунитет може.
Девојчиња како се справувате со стресот дека бебе мора во инкубатор и на кислородна поддршка? Родено е во 39та недела, почнавме природно ама се заврши со царски, ми го донесоа два пати со тоа што дури и цицна вториот пат, ама подоцна ми кажаа дека им дишел некако забрзано па ќе го стават малку во инкубатор а подоцна и на интензивна со маска за кислород. Ми рекоа дека е нормално посебно за машки бебиња ама еве јас ум немам, можда и хормони ме работат и умор и прегладнетост од царскиот
Стресно е во моментот тешко,ама тоа е најдобро за него.Моите и двете лежеа по 30-40 дена .мисли си како ќе биде дома кога ќе дојде ,мајките можат се да издржат
Има бебиња кои многу порано се раѓаат на пр во 26 или 29 недела,сега прочитав некоја 600 гр бебе родила и со месеци се во инкубатор.Твоето не е предвремено родено,туку терминско така да немаш потреба од стрес.Јас ги родив во 32 недела и секој ден се јавував да прашувам како е,тие јавувања и одења ми беа најстрашни.Во картонот дознав дека едното бебе било реанимирано,за кое што не ми кажаа.Така да ти во твојот случај немаш никаква потреба од стрес.За брзо ке си бидете дома
Да стресно е ама остани смирена.Брбето има килажа и на термин си е родено ,може е на опсервациија заради брзото дишење.Само смирено ќе биде се ок.Ја знаеш мојата ситуација со бебко 26 недела 68 дена на интензивна,па еве сега се гушкаме. Мораш да бидеш смирена и за млеко да ти надојде .