Некоја мајка да пише искуство со родено бебе од 1105 грама. Ме интересира до која грамажа паднало , па да почне да качува ? Бебето ми е родено на 14.09 1105 грама денес 16.09 1040 грама и почнала со исхрана од 4мл.
Од 1900 падна на 1600 Нормално е да паднат у овој случај 150 -200гр Како е бебе сега? Колку има тежина? Ја хранат со сонда? На респиратор ли е? Инфекции има ли? На гак на интензивна ли е?
@bokace1Секое бебе е различно ние се родивме 930гр намаливме до 840 .Килажжата се намалува до 7 или 10 ден.На почетокот качуваше 10 до 20гр.Ако има инфекција со високо црп послабо качуваат додека не помине.Најважно е да прифати млекце постепено ќе му зголемуваат и со тоа ќе се зголеми тежината.Нас не пуштија со 45мл млекцево еден оброк,а почнавме со 1мл.Супер сте штом веќе и даваат 4мл,го приваќа млекото.Исто зависи колку мочкал денеска, дали какало и тоа допринесува во мерењето на кг.Се ти пишува на листовите до инкубаторот.
Сега одам да видам денес како е , во инкубатор е со цевче во носот и устата за хранење . Прима два антибјотика за да не дојде до инфекција , иначе да на ГАК е на интензивна .
Првото хранење и беше со 2мл , утре дента почнаа со 4мл. Сега баш одам натака и да видам , дека мене вчера ме пуштија дома и немам одма информации.
Не ми дозволија , одма прашав за тоа. Се трудам да научам правилно да се одмолзувам но сеуште не е надојдено убаво .
Здраво, многу слични искуства делиме. Сега сме 6 недели, родено 35 та 1780 гр. Ако може да ми пишете со кое млеко го решивте рефлуксот? Исто така и моето се вознемирува после пиење АД Аптамил. Многу ќе ми значи вашиот одговор. Од Охрид сум тука слабо педијатри со искуство со прематурчиња. Поздрав
Здраво, испитавме интолеранција на лактоза испадна дека има, и сменивме со беблан и колиеф комбинација и сега пред месец може сме на безлактозно скроз од аптамил имаме 5 ипол месеци. Него од старт добро го поднесуваше само не беше хранливо за неа како прематурче. Сите други работи што ги имаше беа највероватно ради незрел нервен систем и плус колики. Ја држевме секое јадење исправена по 20 минути. Навечер исто ќе заспиеше така исправена на нас, ние потпрени на спалната во седечка состојба. Креветчето што е до кревет исто ни беше под агол. Преку ден на јастуче за рефлукс или јастук обичен ја потпирав да е исправена. Мислам дека како дојде 3месеци поминаа гречевите се смири. Еве сега почна да бљуцка пак одкако почнавме цврста храна. и знае да џдрига почесто. 5 ипол месеци сме.
Фала многу за одговорот. Се што имаше претходно пишувано и сега е како јас да сум го пишувала. Ви посакувам многу среќно детство и мирни ноќи.
Дали им вадеа секрет и на вашите додека беа во инкубатор на респиратор? Дали е тоа добро или лошо? Докторката кажа само мора така за да и олесни.