Во ред е да се ставаат на града за да стимулираат ама ако они не цицаат и пак им даваат дохрана, подобро тоа да биде твое млеко. Ти штом имаш млеко а бебињата не го цицаат мора да излезе тоа млеко во секој случај. Измолзувај се и давај им го на сестрите од тоа млеко да им даваат. Може да стои на собна темп до 4 саати
Мојата не фаќаше и имаше жолтица скоро месец, се молзев цело време, јас и премногу млеко имав, на секое ставај ги на града и плус молзи се, ќе стимулираш повеќе. После месец успеа да фати, ја викнав Јасна јас. Ама претходно цел месец шише со молзено, така пиеше. Битно ставај ги цело време на града, за жал мора да ги кубнеш или штипнеш, нема друг начин.
Убаво ти викаат. За расонување тоа е, штипкање, кубење... пробај расоблечи ги, ќе се расонат. Плус и помалечки се, плус жолтица, и нормално е буквално да се борите. Не се молзи за шише да им даваат, само потешко ќе ти биде после. Јас сум и за тоа дохрана да не се дава, особено штом имаш млеко. Нека ти ги носат често, а може и со тебе се цело време. Ако ги сончаат за жолтицата нека ги носат нацицани и таму кажи им да не им даваат дохрана. Па за макс два часа нека ги вратат за доење. Се надевам дека ќе ти излезат во пресрет. Во Чаир си? Страшни идиоти се таму, стварно се надевам дека ќе ти се погоди некоја смена што ќе соработува со тебе.
Истото и јас го поминав.. се молзев 10 дена на 2ч, па отпосле малце пркна се опраи и можеше да влече сам биди упорна само, многу е мачно на почеток, отпосле полесно станува
Здраво, добри сме . На сируп е , 28мл млеко пие,1170 гр беше вчера. Утре месец дена прави како е таму
Ајде бе Кога помина месец? Се мислам скоро се породи ти Нас бргу ни минува времето а тебе ти е вечност знам Супер е беба ке си напредува па коа ке стигнете 1800 минимално ке си ја земете дома
Си летна времето , си наоѓам занимација за да ми поминува времето. Одам секој ден на посета. Па рацете си ги мирасам цел ден
Да ве прашам, кога извадивте извод на родени? Бев во комплицирана бракоразводна постапка , се разведов на 01.10 , а бебето се роди на 14.09. Во болница ја запишаа како вонбрачно , а ја сеуште решението од разводот не сум го добила , за да сменам мој извод.
Кај нас ММ поднесе за извод послем една недела.Одиш во центар и поднесуваш.Е сега ке треба копија од лична карта и венчаница.Ама дека ти е пишано вонбрачно не ти треба венчаница.Најубаво отиди и прашај затоа што има и рок за пријавување на новороденче.
Мојата пеперутка од 1250 грама дише сама Ми дозволија во Недела да ја кенгурирам . Јас не можам да опишам како се чуствувам , оваа емоција не се опишува