Па незнам цело време беше кај мене со недела понапред па глава поголема па стомаче за две недели и тоа све стрес те разбирам, ама еве од сестрами се роди во 37ма со 2100 кг, како за 3 ипол недели помало, имаше она септум. Супер женска е сега од година и 9 месеци. па во све е понапредна хаха.
Додека си таму и ако примаш некоја терапија ќе се одмолзуваш и фрлаш. Кога ќе помине терапијата и ако нели ти надојде млеко ќе се одмолзуваш дома и ќе смрзнуваш. Мене за жал не ми надојде млеко иако надежно се одмолзував. Се инфо ќе добиеш од сестрите кога ќе се породиш. Со лесно мајче и позитивна мисла се ќе биде во ред. Малку патот е психички тежок дека информации даваат ден за ден. Јас лежев на пин 4 ноки и 3 дена пред да се породам и презадоволна бев од целиот персонал.
Примаше транфузија на крв пред два дена , вчера беше 1540гр . Има сеуште потреба од малку кислород 1%. Има рефлекс за цицање ама нема сила сеуште за од шише да пие млеко.
Се ова ке се среди кога ке каче уште малце тежина Ке биде за недела две па ке си ја земете Ја видов во другата тема па како те гледа бееее.
Вашите бебиња колку време беа на оинт, тие што се породени пред 30 недела? Како времето да ми застана мене, малку и психички паднав Денес 45 ден , вчера очен преглед, помала сатурација , 1650 грама.
Нормално е да паднеш психички,ама ајде уште малце издржи и ќе бидете дома.Последните денови пред да си дојде мене ми беа најдолги.Ние родени 26 недела бевме 68 дена на оинт.Ама неделите немаат врска се зависи од самото бебе и неговата состојба,кг и ред други раб.Затоа ајде собери сила и наскоро ќе се гушкате❤️❤️
Јас се породив 29 недела (27) толку и даваат проценка и за неа дека отприлика уште 3 недели ќе биде таму. Додека лежеше таму твоето, колку очни прегледи имаше ? Моето два и капки и ставаат.
Ние имавме очен преглед на секој 2 недели.Почнаа од 32 недела.Ние имавме Ретинопатија 2.Ама со чести прегледи и капки сега сме добри следна контрола на 1 год.Ќе биде за брзо не се секирај знам не ти е лесно ама издржи.Биди спремна и одкако ќе излезе треба многу пазење,и многу прегледи имаат .Како растат се намалуваат прегледите ,само треба трпение.
Нормално е мајка, ама вие сте храбри и ја имате најголемата поддршка на свет од нас. Немој да се секираш, се ќе биде во ред, те гушкам
Па маредна недела веќе би била 1800 па ке ја спремат за дома Штом ја префрлат во топло креветче тпа значо за 2 3 дена дома
Да, само да помине во Вторник контролата за очите. Секоја сестра различно објаснува и кажува. Исклучиле кислород од сабајле засега добро поднесува па ќе видиме утре како ќе биде.
Најважно да јаде и килажа да крева па прегледи ќе се прават понатака сите идеме што сме по овој пат. Биди јака ти си и столбот. Биди расположена, пеј и песнички. Мојата беше во пост интензивна до компјутер, нон стоп балашевич и тивка музика. Ич не плачеше мн беше мирна.
Моево е од вратата право , мирно е многу . Знае да се намрши малку и да се зацрвени Инаку пие 40мл млеко , супер го поднесува , евентуално ако не го доварила па следно млеко помалку мл и е. Сега сестрата ми кажа супер е што не повраќа , нема уште капацитет за цело време на шише да е бидејќи им заспивала брзо.