До последно и моето беше на сонда па шише сонда па шише. Дома борба за 25мл беше а не 40 да стигнеме. Ама полека све бидна сега е 6 месеци со килажа и должина за 8. Хаха ќе стигне и престигне.
И треба уште време да порасне уште малце па ке си јаде сама сега нема сила за шише Таму над 2200 тегнат цуцли без проблем
Редовно те читам.Посакувам што побрзо да си ја земеш и да не израдуваш.Два пати го поминав твојот пат ,тешко е ама после некое време го забораваш
Кога ќе ја пуштат дома биди спремна првата недела е тешка со пиењето млеко од шише.Ама биди упорна ,ќе заспива ама ќе ја будиш за да не ти симне на гр.Една недела се мачевме со молење,а послем тоа за 10мин го шмукнуваше млекото и бараше повеќе,па качуваше многу и на крај на диета го ставија.
После колку време почнуваат да качуваат на килажа? Едното бебе ми е 1640 ама се бори со инфекција, во изолација е, се храни со 18мл а другото е 840, се храни со 7мл
Ако прифаќаат млеко ќе качуваат Гр.На почетокот качуваат по 10 до 20гр.Зависи и колку измочкале,какале.Некад стагнираат.Важно е да прифатат млеко,да какаат и мочкаат.И кај бебето во изолација да делува антибиотикот.
Колку се родени? Колку се стари? На почеток губат тежина па после качуваат Тоа шо е со инфекција можно е да не качува тежина додека се боре со инфекцијата Инаку ептен разлика имаат во тeжината Ти кажаа ли од што е така?
Родени се 920 со 1770. Прифатија млеко, помалото 8мл, поголемото 18мл. Помалото ми го интубирале вчера, имало криза ми кажаа дека е премала и нема сила сама да дише. Какаат и мочкаат, денес баш какале, поголемиот два пати. Сега се 880 со 1660. Голема разлика е оти едното заостануваше во развој и затоа и ме породија во 32ра, испадна дека некој проблем со матката сум имала. Денес 7 дена од ко се родени.
Ајде Мајка биди јака, ќе се изборат и двете има мал период додека спуштаат и после ќе се качува килажата, важно е дека јадат. Има добра нега таму. Ќе поминат кризните моменти, ќе ги кенгурираш, ќе добијат сила. Само позитивни мисли да се привлечат
Ќе бидат добро само ке треба да си полежат таму Едното со поголема тежина ке го земето прво па по некое време и другото Ке има кризи инфекции трансфузии нервози плачки ама ке помине се Само мораш да се држиш ти И ако можеш одржавај лактација
Со што да ја изнесам од болница на вакво време, планирам боди и долни отворени доле , горе како палтенце е и хулахопки ? Исто имам и така тенко кебенце , многу ли е малку ли е
Не е многу таман е , бебе на температура таму се одржава во инкубатор , нема масно ткиво има незрела кожа, стај и капче памучно немора нешто мн дебело. Сега сабајлечки обично е поладно, попладне е по ок зависи кога ќе ти се јават. Мене во 7 сабајле ме побараа до 10 ја зедовме, незнам не мислеа ваљда одма ќе стигнам шок ми беше.
Ние лани на 17ти ноември излеговме од болница и облеков, боди на долги, шпикозни, капче и чорапчиња, ја покрив со кебенце во транспортерот. Се на се ни минутка не беше надвор, од Гак во кола од кола дома.
Боди по долги, шпикозни имаш и подебелки како плишани јас имав такви од Чико и исто такво капче. Попрактично ти е вака, мало е бебенцето ако ставиш чорапчиња ќе му паѓаат. Ќебенце нормално ќе си го покриеш.
Броиме ситно , уште два три дена. Кога се породив измешани емоции, мислев дека вечно ќе трае овој пат или нема да си ја дочекам да си ја земам Емотивна сум. 49ти ден 1790 грама Хероина
Ех кога ќе стане бумбарче после, нема да ти се верува како летнало време, еве мојава е више 8.6кг, а 1.8 кг стигна кога намали. Не ми се верува на сликиве секоја вечер ги вртам. Си викам колку бев исплашена, ама ете на нас ни било пишано овој пат да го поминеме. Сите се херои, од мали се борат. Ќе уживате наскоро дома.
Може ли да ми кажете повеќе околу очни прегледи ? Мојава имаше три прегледи до сега, новалак капки прима и имаме контрола пак на 17.11.