Искуство со предвремено родени деца

Дискусија во 'Бебе' започната од eva11, 29 февруари 2012.

  1. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    3.706
    Пол:
    Женски
    Не примам никој дома , ја видоа блиските само на поминување од кола до дома .
    Има време кога ќе ја гледаат.
    Душава на место ми е .
    И давам млеко и со паузи пие 50 мл скоро саат време .
    Дали шишињата таму кај нив им се ,,расцицани" па побрзо ги пијат млекото таму.
     
    На le.soleil, DreamOn, sani99 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.492
    Допаѓања:
    187.164
    Ке наголеме и ке пие побрзо
    Моето 30мл ги пиеше пола саат саат
     
    На bokace1 и dromka им се допаѓа ова.
  3. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.556
    Допаѓања:
    5.397
    Пол:
    Женски
    Бокаче земи бејбилов само М цуцла таму со тоа даваа и тоа дадов и јас навикната беше . Со помала ќе се мачи. Мене така ми рекоа и таму и после кај Јадранка во Ремедика. Немој вика мали цуцли најобична средна и да и тече млеко нема она сила да се мачи. И така ние исто 45 мл скоро пола сат.. па за 20 мин и како се ујача така побрзо пиеше.
    Никој луѓе дома нема лутење и све со маска. Вие ако идете на прегледи со неа исто маска и тоа. Ќе помине периодов е таков. Значи за очно таму е хаос, ако одиш кај Беким Татеши и оди на време капки ќе му стават за ширење зеници и барај не се устручавај да застанеш негде настрана, нас бевме заедно со Веци во една ординација на почетокот не сместија.. зошто во ходникот и старо у младо и здраво и болно.
     
  4. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    3.706
    Пол:
    Женски
    Еве ја 5 саати не сака уста да отвори за млеко ]:)
    И земав бејби лов најмала цицла ама тече како лудо и се давеше, авент земав и кика боо овие две као ок се ама 1мл 10 мин цуца .
    Ни дадоа и сируп за цревата , многу работи не ни кажаа додека лежеше таму, туку сега на одење .
    Има промени во главата. Кога ќе ја за гледаш се приметува едната страна сплескана и е и ушите и се различни значи пукнав ;(
     
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.492
    Допаѓања:
    187.164
    Главата и ушите ке се средат за тоа ич да не се секираш
     
    На bokace1 и dromka им се допаѓа ова.
  6. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.556
    Допаѓања:
    5.397
    Пол:
    Женски
    Аих тоа ич не се секирај, мојава беше со свиткано уше према напред и главата како на сликава. И лануго влакна цело чело и уши. Хаос гремлимче. Јас викам што е ова со главата. И почнав на др страна и ставав тетра пелена свиткана како ролна и да не се врти, мала беше немаше сила. После почнав на стомаче и кога бевме на ортопед ми рече ќе добие главата форма. оставете на времето. И стварно како ја ставав на стомаче почна и да лежи на грб право да гледа и скроз се исправи. Сега сме како топка во главата. Ушето јас исправи го тоа пак према напред сплесано. Сега и се преубави. Паднаа лануго во еден ден и излезе плаво бебе со плави веѓи и очи. Све полека ќе се среди. Сега не мисли на тоа. Нека е све добро здравствено па изглед ќе се среди со килажата когс ќе ја качи.
     

    Прикачени фајлови:

    На Izzy_0504, Joanna28 и Mila0000 им се допаѓа ова.
  7. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    3.706
    Пол:
    Женски
    Исто како на сликата е и кај мојава , и едното уште и е понапред другото поназад .
    Кога ја гледаш од двете страни како различно бебе да е.
     
  8. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.064
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем и ние го имаме, главичката иста како на сликата од Ladyme :(
    Ни кажаа да го вртиме на другата страна, потпирам со тетра пелена за да ја фиксирам главичката исто така користам и перничка со дупче, за да го поставувам и право да лежи, се надевам ќе се среди со тек на време.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.607
    Допаѓања:
    14.349
    Пол:
    Женски
    Се средува, цело време така лежеле во болница. Кај мене беше карлично и уште од стомак излезе со сплескано уше нанапред. И се на една страна лежеше и се сплеска малку. Еве година ќе правиме, веќе не се познава кај е сплескано, се исправи скро. Ставајте ги на спротивната страна да лежат преку ден. Навечер оставете како сакаат. Кога ќе почнат да се вртат сами постепено ќе се средува.
     
    На Mila0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.064
    Пол:
    Женски
    Да, така правам овие денови
    преку ден цело време се обидувам на спротивната страна а навечер го оставам како сака така.
    Фала на одговорот :l:
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    3.706
    Пол:
    Женски
    Со што успевате да го исчистете носот?
    Имам едно од локо кроко ама ја не умеам со тоа .
     
  12. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.556
    Допаѓања:
    5.397
    Пол:
    Женски
    Бокаче прво марисол капки - како физиолошки се за да омекне малку слузот и после со Носко влечам со правосмукалка. Немам сила да повлечам јас.

    https://www.annifarm.com.mk/product/nosko-plastic-nose-аспиратор-за-нос/
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DreamOn

    DreamOn Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Мајки, тие што сте биле во развојно спветувалиште, вреди ли да се оди? Ви кажаа ли нешто корисно што не го знаевте?
     
    На Mila0000 и Ladyme им се допаѓа ова.
  14. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.556
    Допаѓања:
    5.397
    Пол:
    Женски
    Да идеме редовно, одлични се во Бит пазар. Вежби правевме, сега други ми кажаа. Во однос од претходниот пат до сега за пола месец касни во развој, не два месеци како што е порано родена. Така да јас ќе продолжам додека не ми кажат дека е све ок и се израмни со своите врснаци. Се закажува на телефон.
     
    На le.soleil, H.VAGA, Mila0000 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    3.706
    Пол:
    Женски
    Дали некоја мајка го носела малото, кај педијатар Филев и како сте задоволни?
     
  16. DreamOn

    DreamOn Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Ова е во поликлиника Битпазар така? Има некој посебен број кај нив или тој на поликлиниката?
     
  17. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.556
    Допаѓања:
    5.397
    Пол:
    Женски
    Да кај вакциналниот пункт на крај. Иначе на картонот од болница што ве отпуштија мора да го има бројот ако сте за развојно. Ако неможеш да најдеш ќе ти пишам покасно сега не сум во можност.
     
    На Mila0000 и DreamOn им се допаѓа ова.
  18. DreamOn

    DreamOn Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Во систина се породив јас, мислам дека нема такво нешто. Ако не ти е проблем пиши ми го. Фала ти многу
     
  19. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    1.987
    Пол:
    Женски
    Не можам да ти пишам, пиши ми го бројот и мене. Пребарувам на интернет ама ништо нема.
     
  20. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.556
    Допаѓања:
    5.397
    Пол:
    Женски
    Еве извинете што почекавте
     

    Прикачени фајлови:

    На Amelia., Mila0000 и DreamOn им се допаѓа ова.