Здраво дали некој има искуство со тивок рефлукс и нашол решение? Исто така како се справувате со слабо пиење на млеко?
Zdravo devojki , sin mi se rodi vo 34 nedela sega imat 2 godini ama celo vreme imat problem so hemoglobinot nizok mu e - 90-95 celo vreme. Drugarka mi imat bliznaci rodeni na taa nedela isto taa e vo stranstvo i tamu na decata rodeni pred vreme im davaat krv nekoe vreme zatoa sto vikat deka tie imat problem so zelezoto../ dali imate nekoja info ili iskustvo so ova
И моево дете е родено предвремено, освен првите 2 месеци што беше со понизок хемоглобин околу 100 беше и пиеше Малтофер капки, останатото време си е висок, дури и баш високи граници. Се случувало да направиме крвна слика и таа да е со 140-145 хемоглобин.
Дали е нормално темно зелена кака ? Можеби е глупо , но какаше како пластелин , па еве ја денес убаво се искака ама зелена темно боја.
Со тек на време ќе почне убаво да пие . Првите два три дена дома многу малку јадеше , ја ранев и со шприц. Па патронажната ми кажа да менувам положба на бебе и со цуцлата да стискам на јазичето и ќе почне да пие убаво и така и беше. Моево бљуцка дека често бара млеко, лажливка ја цуца додека свати дека не и тече млеко и се трга од неа многу е нервозна. Мислам дека на повисоко да спие и со тек на време ќе се повлече само.
Дали е на ад? Ако да, нормално е зашто имаат железо во составот. И кај нас било така, и тоа долго време.
Да да еве ја 7++ е уште темно зелено кака, на Ад сме. Ептен кога јаде благ компир портокалово кака хахах
Некој да ми пише лп што е предвремено родена?! Ми треба мала помош. Да не поставувам тука прашања да не бидам погрешно сфатена.
Сликава е од пред некое време ,но дали оваа положба укажува на состојба крив врат? Уште во инкубатор беше вака , еве и сега ја приметувам дека со главата повеќе е во оваа позиција.
Мораш самата да ја местиш да ја менува страната на главата со помош на тетра пелена или некое перниче.И ние имавме проблем цело време ја сакаше левата страна.Ама со физикална терапија и вежби дома се среди.Таа страна ја сака затоа што додека била во инкубатор повеќе на таа страна ја местеле.Кога сте за преглед на ортопед.Се се средува со вежби.
Ја вртам јас цело време , но кога треба да јаде или памперс да и сменам се врти вака и останува така . Педијатарот ми кажа за на ортопед мала била , сега сме во Понеделник на контрола кај него и ќе го прашам , приметувам и други работи . Почесто се задавува и останува без воздух , рацете и нозете ги затресува. Има некоја температура па се исфрли по телото .
Се врти така затоа што таа полпжба и е останата во навика.Моево беше залепен за левата страна.Јас на ортопед го однесов послем 1месец 20 дена .До сега веќе 7 месеци како е дома сме биле 3 пати.На секој 2 до 3 месеца одиме,и има голем напредок претоа беше искривен од инкубаторот сега веќе се прави дури и лази не скроз ама се влече,физикалната многу помага кај предвремените деца ,и вежбите од педијатар прави ги секој ден ако ти дава.Исто во раст и расвој даваат вежби таму кога сте.Што ти пишува во отпусното писмо за ортопед, нас ни пишуваше за 2 месеца.За задавувањето да не не и одговара протокот на цуцлата на шишето ние уште сме со S а веќе 9 месеци .Мислам дека дишењето е нормално сепак се предвремено родени ама пак провери со педијатар исто и за температурата може е настината или вирус.