Здраво. Бебе родено во 36 недела. Во 35 +3 примен флостерон. Ве молам за совет. Бебе е скоро 2 месеци. На болница дури бевме цицаше, се закашла неколу пати.. но кога си дојдовме дома 4 ден, бебе почна да се засркнува на секој подој, се сомневавме дека имам брз тек на млеко, па левната го доев кон назад. Најдобро ни одеше легнати скроз еден кон друг, но на бебе почна млеко од нос да течи, по што прекинав да ја применувам таа поза. Но покрај засркнувањето има клик звук, како да губи вакум. Бебе не накачуваше многу килажа, 120 грама до 160, неделно. Развивме и рефлукс, ни дадоја АР млеко. Со АР млеко сме 200 до 220гр плус. Земавме 6 различни шишиња: Нук, Томе Типе, Филипс Авент, Мам, БебиНова, Бибс. На сите бебе се засркнува и прави клик со АД млеко или мајчино, со АР млекото помалку се засркнува, но не е скроз исклучено. Клик звукот постои. Пробав на прст, кога ќе ја тргнам вилицата кон долу, бебе губи вакум, паѓа јазичето. Бебе е со блистери и помодрува во усте бидејќи прави притисок со устата, а не јазикот. Исто о со лажливка цуцла, послде цуцање модро е. Се сомневам на постериор френулум, за што бевме на максило во мојот град, не ни го прегледаја, спиеше, рекоја нема. А во Ск исто, рркоја има, но е мало, да ја хранам како на интензивна што ги хранат - сонда и шприц. Јас сум тотално разочарана, се мачиме, а бебе најмногу, со засркнување. Наместо, да пиеме од шише и за некој месец да бидеме на немлечна храна со вкусови, ние да одиме со сонда... Само да споменам, кога пие од шише/цица, горното усте го носи кон внатре, има и таму покрут френулум, неможе да го свитка кон надвор. Посоветувајте ме каде да одам на кој лекар најбрзо да го решиме ова со френулумот, макар и приватно, да не чекам месеци да порасни, а притоа да неможе да јади. Дали сте имале ваков проблем, како сте решиле? Огромно благодарам за секој совет.
А да ја контактираш Јасна (од Бебелогија) да ви дојде да го провери? Ќе ви покаже и вежбички кои се прават со прст на вилицата...
Има фат, но губи вакум. На погуста течност, АР млеко, не се засркнува толку. Но на мајчино и АД поразлично од АР , на секоја голтка. На болница ја хранеа со шише, и цицаше. После 4 дена, почна нештово
Јас кога ја донесов купиб бебјбу лов, од дм со такво ја ранеа со такво продолжив. се засркнуваше исто ама не толку често, усните и беа со пликови, плус блуцкаше цело време. Оставив прематур до 3 ипол месеци после сменив, кога беше супер во килажа. Иначе да, изгледа како подврзан јазик, и треба да ја видат иди приватно ако не, да не се мачи да се осигураш дека не е тоа ако ништо друго.
Да пробаш со бејбилов шише С цуцла, со М исто многу се засркнуваше. Моево се засркнуваше , помодруваше дали од млеко , капки , сируп било што она немаше сила за било што да се напие. Колку кг има твоето ? Да го поткренеш малку додека пие млеко , и на моево му се прават пликови на долното усте но не го гледам како проблем тоа , одма се повлекува.
Ја почнав скоро со бејбилов пре млеко и супер го пие и ја држи сита. Аптамил прематуре пиеше до негде 2 ипол кг па сменивме на комфорт поради грчеви и ужасно нешто , цело време со шишето бев бараше многу често за јадење и напреднуваше по 600 грама . Ја сум презадоволна од бејбилов млекото , не бљуцка често . Ако бљуцне тоа е многу мала количина.
И мојава кликаше, само неа проблем не и правеше ама затоа па мене партал ме направи на брадавици... Јасна дојде, некако успеавме поубаво да ја местиме и подлабоко, па се среди проблемот. Да видиш овие шишиња на lansinoh, јас го немам.. ама доста убаво ми изгледа, мојава порасна.. прв пат го гледам шишево. Цица уште? пак и на града уште истото го прави?
Ја држам крената скроз кога пие. Моментално сме 4кг. Ќе земам секако да пробам. Да уште цица, не ја одбив, се одмолзував. Привремено ја потклавам. Инаку да, цело време и кога има пополни гради се засркнува неможе да се справи со голем млаз. Цело време се трга од града плитко ја фаќа, за повеќе контрола..За Лансинох, гледав рецензии на нет многу течат, исто и бибс. Најмали цуцли а течат пребрзо.Затоа и не зедов таква.. Имавте вие френулум? Или кликањето само од себе се повлече со позиционирањето?
Исто и на нас ни препорачаа да го носиме на физикална па здравје ќе треба да закажиме, се надевам ќе биде од помош.
Прашував тука за тоа бејби спа, па да споделам информација. За хипертонус не е препорачано бејби спа , а за хопотонус да. Ние сме со хипертонус па ќе почекаме за бејби спа малку
Здраво. Пеленки користиме бејбилав бр.0 ама ни пропуштаат мочки, дали има бр.0 на друга фирма или да ми препорачате бр.1 што се помали?
Nie od pochetok i sega koristime Pampers Premium care i ne planiram da gi menuvam. Probavme i drugi no ovie spored mene najdobri i mnogu retko da prepustat.
Памперс 0 ретко да најдеш , освен бабулов ,земи си памперс премиум 1 супер се . Да се пофалам три пати вежба беба на физикална и се гледа подобрување во држењето на вратот и ги отвара рацете