Да ама не е тоа некој голем и страшен прематуритет. Моите се родени во 35та недела и имаат корегирана возраст минус еден месец само.
Моето не ја прими Не можеше да ја прими имаше примано плазма и други работи па одлучија да ја прескокниме таа вакцина Иначе е родено 34 недела
Поминав на М 10 месеци корегирана 7.Протокот е поголем.Ако видиш дека потешко цица со S и треба шовеќе време за млекото да го испие смени.
Некоја мајка да се соочил со повторувачки и брзи движења на главата лево-десно кај 5 месечно бебе (3 месеци коригирана возраст)? Се појавуваат додека спие или додека заспива и траат неколку секунди.
Да, моето така прави и не сум помислила дека нешто не е во ред не е предвремено родено. Кога ќе го заспивам и гушнам/потпрам на мене така прави, лево-десно, неколку пати, кога се спрема да заспие. Ако го спуштам долу знае исто така да направи, обично ако не е сосема успано. Јас го толкувам дека се труди да заспие.
хахаа исто и мојто така прави кога се обидува да заспие, штом почне да праве така знам дека ќе заспие, исто предвреме родено.
Здраво не најдов друга тема во врска со ова па затоа пишувам овде гледам многу мајки имаат правено ехо на мозоче. Моето е родено 38ма недела и поради помодрување не испратија на невролог и кардиолог,ехо цнс покажа хипертрофија на плексуси. Ни кажаа тоа било вообичаено кај прематурчиња ама моево не е прематурче и ни закажаа контрола за 6 месеци. Дали е нешто страшно? Др Данило не гледаше и не ни кажа ништо... само контрола за 6 месеци.
Кај моето. Терминско освен хипертрофијата на плексуси имаше и крварење. Се роди со асфиксија. Поминавме без последици. Веќе е девојче.