Искуство со предвремено родени деца

Дискусија во 'Бебе' започната од eva11, 29 февруари 2012.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.500
    Допаѓања:
    193.444
    @november-f како сте?
    Шкрти нешто те помислувам често се надевам добри сте
     
  2. november-f

    november-f Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    off... imame bakt. pseudomonas vo likvor :(( se leci so antibiotik direk vo glavche preku fontanela, pa posle toa ke treba shant za hidrocefalusot.
     
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.500
    Допаѓања:
    193.444
    Тешка борба но има надеж
    Кој неврохирург ке оперира?
    Другото бебче?
     
  4. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    1.497
    Пол:
    Женски
    Здраво во темава видов повеќе мислења споделени околу лапоксо. Ни го дадоа од Козле поради чести опструкции.. Ама го нема нигде,сакам од понеделник да одиме на детска и да се консултираме и таму што понатаму. Опструкциите во Козле ни кажаа дека се последица од аспирација на млекото,гер има. Дали сте нашле негде лапоксо по аптеките?
     
  5. Лежачка

    Лежачка Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2026
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Сите што имате деца на интензивна инсистирајте за измолзување.
    Денес бев порано во Скопје и замолив да ме пуштат да не чекам до 4.
    Имаше девојки кој се измолзуваа, па дури и една од вработените која ми отвори на вратата ме праша дали сум за измолзување. Ја прашав сестрата дали е вратено измолзувањето, ми рече не само за деца кои се во тешка состојба.
    Двете ми беа интубирани еден период, со сепса, прашував неколку пати и упорно ми велеа дека нема измолзување веќе.
    Очигледно дозволуваат селективно....
     
  6. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    IMG_20260714_100122.jpg
    Ме нема неколку месеци , не можам да си го вратам стариот профилот за жал па еве не со нов профил .
    Дарија наполни 10 месеци и супер е , фала му на Бога :inlove:
     
    На portokal*, MiloMalo, Peperutce6 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    11.083
    @november-f Те мислам од кога те читнав тука непланирано.


    Како сте? :l::l: Стварно се надевам дека сте подобри и посилни од ден на ден. Ви праќам гушки. :hug:
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    1.084
    Пол:
    Женски
    Мајки едно прашање од кога ги пуштивте градинка.Ние сме 26 недела родени ,сега сме 1 год и 4месеци .Фала богу супер сме збориме некој збор ,комуницира со нас,не сме проодени скроз ама станува сам од доле без да се држи,се држи за кревет, патка се пушта некој чекор сам ама страв му е уште,јаде сам парчиња .Педијатарот и док на детска се за од 2 год да почне градинка ,систина педијатарот вика нека почне ќе биде подобро за него.Вакциниран е ,само Мрп нема примено.Јас работам од дома не е проблем за чување ама мислев со деца ќе му биде подобро за игра и дружба , и мислев од септември да го пуштам,само мисла ми е сестра му да не закачи нешто дека сепак е 2 месеци сега.
     
  9. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Јас планирам на корегирани година ипол да ја пуштам, таман на пролет.
     
    На Veci@123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Дали сте ги носеле на логопед и дефектолог од најрана возраст?
    Ја однесов на проценка чисто на мислење , треба работа за фина и груба моторика па ќе ја носам да работат со Дарија .
    Треба да и давам пасирана храна , и ми рекоа да не ја гледам како предвремено родена туку да се понашаме со неа како терминско бебе од 10 месеци . Мене ми е страв да и давам пасирана храна , сеуште блендираме дома .
    Кога ја прашале каде е мама не се вртела да ме бара туку фокусирана била на предмет играчка и некако ме здобиле тоа :doh:
     
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    9.675
    Пол:
    Женски
    10 месеци е по корегирана возраст или од раѓање?
    Мислам твоето беше и поприлично рано родено, така да секако ќе има разлика додека достигне врсници.
    Кај мене пример е 5 недели пред термин, тука некаде беше со мајлстоунс и за вртење, лазење и се останато.
    На 10 месеци секако веќе треба бар пасирано во најмала рака, ако не и парчиња. Мора да развива вилица повеќе, со тоа и говор.
    Од други причини на дефектолог бевме тек на 2,5 годишна возраст. За порано никој не пратил ама пак ќе речам има разлика на пример скоро 36та недела родено и 27-28ма недела.
    Следи совет од доктор и секако со вежби и работа се корегира.
    До кај што сум читала викаат рана интервенција е најважна.

    Ако нешто жалам е што скоро па воопшто и немам некои снимки од детево, за бар вакви развојни прашања да споредувам и одговарам.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Хронолошки е 10 месеци , корегирани сега ја проценуваат од 5 до 8 месеци.
    Совладано е фаќање предмети , вртење и превртување во фаза е на пролазување .
    Некој рефлекси имала совладани , а некои сеуште не.
    Да сме ја учеле да пие од чаша , да почне полека и да џвака од таа причина и ти што ја спомна.
    Супер било што сме биле активни во се и свесни како родители што треба работа со неа од најрана возраст за да може со време да се почне за дефектолог и логопед.
    Мене па страв ми било да и давам како што они ми рекоа смока или пасирано.
    Од таму отидов и купив Стоби флипс смоки од тие најголемите и и дадов едно и се изненадив од тоа како го фати и го стави во уста и внимателно го анализираше.
     
    На Mumoftwo30, MiloMalo и _Vera_ им се допаѓа ова.
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    9.675
    Пол:
    Женски
    Стоби флипс се со кикиритки, така да подобри опции ти се бебешки смоки, Лино или во Дм има едни огромни.

    Зависи што имаш воведено може и палачинки, парчиња тоа. Може овошје/зеленчук на парчиња соодветно спремни. Разгледа Солид старт за правилно сервирање.
     
    На H.VAGA, Peperutce6 и Mama_na_Darija им се допаѓа ова.
  14. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    1.084
    Пол:
    Женски
    Од гак не ли ти пишуваше за Дарија картонот да се следи раст и развој на битпазар или на државна.Ние сме 1 год и 4 месеци ама одиме од 3 месеци кај Валентина Дуковска на Државна.Кај предвремено родени деца е препорачливо да се следи развојот.За храна почни со лепче,смока и постепено пасирано со вилушка можеш месото да го блендираш.Нас не ни рекле од чаша ,уште си пиеме од шише и млеко,и вода и цедени сокови.Не се секирај во нешто каснат во нешто се понапредни малце измешано е кај предвремено родените деца ама се ќе си достигне.За логопед мислам дека ви е рано.
     
    На Mama_na_Darija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Ја однесов Јануари во државна , па бевме и во Битпазар , сега во Август имаме пак термин во Битпазар
    Сега ја однесов приватно на проценка.
    Приватниот центар ми кажа два пати неделно да ја носам за да работат со неа за да усовршува фина и груба моторика .
     
  16. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    1.084
    Пол:
    Женски
    Нас ни помогна физикална почнавме еден месец одкако не испуштија и одевме 6 месеци.Еве го родилна е 1год и 4 месеци корегирана 1год и 1 месец и пред некој ден прооде.Моја препорака ти е физикална имаш и на државно и на приватно .Прво одевме приватно па потоа во Мајчин дом продолживме.Не се плаши со храната постепено почни со парчиња банана,лебче,смока,бисквита.Ние со парчиња почнавме пред 3 месеци се бунеше за ручекот ама еве го веќе јаде се без проблем.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Од мајчин дом ортопедите не ми дадоа упат за да одиме на вежбање државно , со изговор дека вака гледано ортопедски детето било одлично.
    Да била со хипотонус да ќе ми дале упат.
    Ја носев на физикална приватно, имавме месец дена пауза па кога ја однесовме пак , ни кажаа дека била добра и немало потреба да доаѓа туку дома да продолжиме со вежби.
    Сега барам физиотерапевт во близина на Кисела Вода , ја гледам дека не е тоа тоа , сеуште има укочување на долниот дел од телото.
     
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.500
    Допаѓања:
    193.444
    А,зошто не ја однесеш кај една членка од форумов што прави физикална за прематурци и она самата има премарурче врати некоја страна назад ке ја најдеш или во таа групата на фб најди ја
     
    На Mama_na_Darija и Veci@123 им се допаѓа ова.
  19. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Доколку чита членката нека ми пише порака :l:
     
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.500
    Допаѓања:
    193.444
    Мислам одамна ја немам прочитано тука
     
    На Mama_na_Darija му/ѝ се допаѓа ова.