Нас не пуштија Мај месец и времето беше променливо,по 2 недели затопли и почнавме да шетаме.Повеќе пазевме да не го мешаме со деца и во затворени простории.
Nie sme veke 6 nedeli doma ednoto drugoto 2. ama mene mi e strav da gi iznesam samo na kontroli po bolnici i pak dvajcata se so zatnat nos. Ne znam ni kako soodvetno da gi oblecam za nadvor.
Ќе ги изнесеш на отворено малку свеж воздух, ќе ги облечеш со еден слој повеќе од ти што носиш од гардероба. Кога е сончево и само боди да носат ништо нема да им биде. За носот чисти со носко и физиолошки понекогаш и инахалации. Мојава како расте така си има се поголеми мрсули и борба е дома кога се чисти носот , сигурно комшиите мислат дека ја тераме
Одиш по болници а надвор ти е страв.Слободно прошетај ги немаш гајле.Ако се мала килажа облечи ги боди на долги и пантолончиња дека е променливо времето.Носето од млекото им е ко затнато.
First time mum и збунета сум скроз. Готово ми дадовте храброст. Изгледа претерувам и со облекувањето. По дома ми се со боди на кратки и шпихозни на долги... Кога спијат и ги покривам со памучна покривка.
Ако ти е шубе консултирај се и со педијатарот, ама и јас би ти рекла да ги вадиш надвор, не може да им штети свеж воздух. За да процениш дали им е доволно топло на мешињата допирај ги, ако се ладни додавај уште еден слој облека/ покривка.
Здраво мајки, Кога почнавте да ги седнувате вашите бебиња? Ние сме 6.5 месеци (корегирана 5 месеци) и сеуште седиме под агол од 45 а веќе две недели сме на немлечна храна..бебе од скоро почна да се тегне нанапред како да сака да се исправи поготово кога е во раце.
Што користевте првите недели за носињата? Затнати се кроз откако почнавме надвор да излегуваме. Тоа било адаптација педијатарот ми рече и многу честа појава. Физиолошки ни даде ама некако не гледам подобрување. Има нешто поефикасно, а безбедно за нив?
Две три капки физиолошки и со носко влечев. 10 месеци е моево и сеуште знае да захрчи на нос , само што како расте така и се големи мрсулите.
И моето беше така првиот месец со затнато носе со течни проѕирни мрсулчиња, совет од педијатар беше да ставаме физиолошки со спреј ама да е пред цицање за да си ги извлече полесно да си ги голтне.
Носко за на правосмукалка? Ми понудија во аптека ама ми беше страв дека се многу мали, па земав рачна како пумпица ама не брка работа, подлабоко е секретот.
Јас имам со уста што се влече од Зегин го имав купено. Стави повеќе физиолошки, и почекај некоја секунда и влечи.
Здраво, дали има некој искуство со примање на крв на детска клиника? Хемоглобинот им е 75 на близначињата и утре треба да примаат крв. Па ме интересира каква е процедурата и колку време би не задржале?
Ние примавме крв дпдека беше на ОИНТ ,ама од едена пријателка што примаа на детска знам дека само една ноќ ги задржаа додека примаа крвна плазма следен ден ги пуштија.Мислам дрка беше само да не се јадени 2 до 3 часа пред са примаат крвна плазма ќе ти кажат таму.
На ОИНТ примаа повеќе пати двајцата, откако се дома ова е прв пат и се надевам последен. Еритроцити треба да примаат, не ми објаснија многу само шкрто ми кажаа дека нема да не задржат, во еден ден ќе се среди.
Ние да ти кажам еднаш на ОИНТ и послем тоа примавме мелтофере капки едно 6месеци.Сега е добар 133 пред 3 недели .Ќе се среди.
Две близначиња родени во 34 недела, двете моментално ми се со затнат нос. Едното има мрсулчиња поради што ставаме физиолошки и влечеме секој ден. Кај него убаво се чисти носето. Кај другото близначе се осеќа дека е затнато и како да има некој секрет во носето меѓутоа напред во нос не се гледаат мрсулчиња и затоа не можеме да ги влечеме. Сега за сега ставаме физиолошки, и со него не излегуваат мрсулчиња, па претпоставувам дека ги голта кога пие млекце (физиолошки ставаме пред да пијат млеко). И покрај физиолошкиот навечер звучи целосно затнато и како да се мачи многу со носето а нема како да му помогнеме. Педијатар ги провери и двете близначиња и двете се добро. Спомна дека вака може да биде и до 6-ти месец. Се мислам дали кај второто близначе проблем му прави и адаптираното млеко, откако сменивме од Аптамил прематуре на Аптамил 1 после еден ден почна да звучи затнато бебето. Не знам дали ако го смениме млекото на Хип, ќе има разлика. Првично и бевме на Хип млеко меѓутоа со него не качуваа доволно килажа ама тогаш не ни звучеше затнато. Некој искуство, помош?