Искуство со предвремено родени деца

Дискусија во 'Бебе' започната од eva11, 29 февруари 2012.

  1. Dzidza16

    Dzidza16 Нов член

    Се зачлени на:
    4 август 2026
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Две близначиња родени 34+3, во плавото картонче од ГАК препорака да се направи проверка на очињата и слухот. Во Систина ни рекоа да им направиме и ехо на мозочињата, па ве молам за искуства дали сте правеле ехо и дали треба да се прави.
     
  2. Maricheee

    Maricheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    јас не сум правела а и никој не ми спомна 34+4 породена се беше добро.
    Само проверка на слух и очи и направија во болница додека лежеше. Во картонот не пишуваше ништо дополнително да се испитува.
     
    На Dzidza16 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    1.105
    Пол:
    Женски
    Јас направив котрола иако беше се ок сепак се предвремени родени.Исто во состина се породив 34 недела контрола ни рекоа за очи,ехо на мозоче и ехо на срце не ни рекос за слух .
     
    На Dzidza16 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    За слух имаше скрининг само во болница додека беше , за очите имаше контроли на секој две недели, па ехо на очите имаше уште два пати и последна контрола на една година ќе има.
    Ехо на мозокот еднаш во државна и контрола во Систина имаше.
    Мој совет е да се направи да.
     
    На Dzidza16 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    2.506
    Пол:
    Женски
    Моите се родени 35та недела, матичната беше и сеуште е со став дека кај нас нема потреба ама направивме ехо на слух, ехо на мозоче и ехо на срце.
    Не ни кажа никој ама мене потсвесно ми стоеше некако и не сакав да ги прескокнеме тие прегледи.
    Маж ми мисли дека џабе малтретираме деца ама ги носиме и во Центарот за развој на Бит пазар, даваат некогаш корисни и убави совети.
     
    На Dzidza16 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dzidza16

    Dzidza16 Нов член

    Се зачлени на:
    4 август 2026
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Ние направивме проверка на очињата еднаш во Систина и ни рекоа дека не треба ништо дополнително, само уште еднаш проверка после годинка кога ќе наполнат, ехографија мислам дека рекоа.
     
  7. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Да тоа е , ехо за очињата .
    Моето имаше роб 3 и затоа и го следеа очите и и ставав капки .
     
  8. Лежачка

    Лежачка Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2026
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Од кога почнавте да ги носете кај Валентина Дуковска?
     
  9. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    1.105
    Пол:
    Женски
    Од 3 месеци родилна.
     
    На Лежачка му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    На 10 ипол хронолошки месеци се пушти војнички да ползи :party:
    Припремата и траеше долго, бев загрижена но еве ја шета од крај на крај :D
    Сега да совлада четвороношко лазење .
    Мама е пресреќна.
     
    На Feniksgirl, Mumoftwo30, Лежачка и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    1.105
    Пол:
    Женски
    Нас ни требаше околу 3 недели да почне да лази на 4.Послем се креваше ,па одеше по мебел тука имаше многу паѓање и еве го веќе прооди така да ќе биде само трпение.
    Само пазење да не паѓа многу на глава.
     
  12. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Со ползењето и седна денес сама .
    Доби подарок перниче што се закачува како ранче, за кога ќе падне да не се удри .
    Иначе падна од спална , и падна еднаш седната со главата наназад .
    Сега учи исто така седната како да држи рамнотежа, и не е падната пак.
    Деца се ќе паѓаат , само со лесно да поминува.
     
  13. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    1.105
    Пол:
    Женски
    Штом седнала сама супер сте ,кај и да е ќе почнува да станува е тогаш веќе станува весело.И јас имаам перниче ама не го сакаше.
     
    На Mama_na_Darija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bjanka1992

    Bjanka1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Утре сум на преглед очно дали треба гладно бебе да биде, што да очекувам
    Страв ми е , читам стресен преглед бил
     
  15. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    1.105
    Пол:
    Женски
    Да не е јадена барем 30 мин пред прегледот за да не поврати.Не е страшно ќе и стават капки за отварање на зениците 2 пати и послем сестрата ќе ја земе ќе ја прегледаат и ќе ви кажат што понатака.Сите деца плачат ама нормално е.Така да не е стресно како што ти кажале.Може да спие повеќе тој ден и да гледа матно.Колку сте стари
     
    На Bjanka1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bjanka1992

    Bjanka1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    38 nedela
    Rodeni 31
    Blagodaram
     
  17. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    1.105
    Пол:
    Женски
    Не се стресирај мора да се прават контроли ти не влегуваш сестрата ја зима ја прегледуваат и ќе ти ја дадат.Еве јас со второто дете бев пред некој ден дека 34 недела е родено следно сме Ноември
     
    На Bjanka1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tara23

    Tara23 Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, со првото дете се породив предвремено, а сега планирам втора бременост. Стравот се уште со постои, иако синко е здрав прав дечко пораснат.
    Да ми препорачате матичен гинеколог кој детално би ме прегледувал и водел? За Скопје се работи
     
  19. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Сакам на новите мајки на прематурчиња , да ви бидам ветер во грбот. Да не се плашите , времето си лета децата си растат и дека се ќе биде во ред.
    Да, малку се помали од термински бебиња ама имаат срце како планина.
    Се боревме многу многу и успеавме за денес 11 месеци како сум мама на Дарија.
    Моето пиленце другиот месец годинка ќе полни .(poolparty)

    Screenshot_20260814_003941.jpg
     
    На Лежачка, Mumoftwo30, Miss_S и 2 други им се допаѓа ова.