На клиника кај Валентина Ивановскаи дека не помина првите 2 пати го однесов кај Демерџиева Систина таму помина на едно уво.На бера тестот помина .Па послем неколку месеци пак на клиника и помина.Проблем е што на клиника сестрите го прават и не се замараат многу и галама и гужва е.Кај нас беа и ѕесни каналите дека предвремено роден како растеше се проширија.На исто место е за деца и возрасни влези излези е.Док Демерџиева ми кажа треба детето да е смирено и да не биде галама кога се прави тестот.
Здраво, бебчето е родено точно 36та недела, помина еден месец ама сеуште повеќе од времето како да спие, заплачува само за млекце и си спие (на адаптирано е). Малку ми е чудно дали е нормално?
Бебињата на почеток само тоа прават, од 24часа скоро 17 спијат. Сосем нормална работа прави. Ќе приметиш ќе почне само да зголемува време на будност и така ќе биде повеќе будно. Рано е сега уште.
Мојава женска е 34 недела родена 2 месеца ко бебе да немавме дома јаде и спие..Еве и сега е спанка 3 дремки преку ден ,поврзува цела ноќ.Да знаеш некад се поспани и ако хемоглобинот им е низок.Можеш да провериш ,се дешава често кај порано родени деца .Кај нас во 3месец беше намален 1 месец мелтофер ни дадоа.
Ќе го бараш времето кога ти спиело бебето Кај мене не ми се погоди спанка, спиеше само првите 2 месеца дома . Како пркна и ден денес се буди како темпирана ноќе на 4 саати и едвај да заспие . Нормално е , не се грижи
Здравo, бебе направи месец и пол и пие Hipp млеко. Се сомневам дека има рефлукс бидејќи по секое хранење се грчи, многу плаче и бљуцка млеко, а потоа и проѕирна течност како вода. Многу е вознемирено и тешко успеваме да го смириме. Педијатарот вели дека се прејадува, но и кога му даваме помала количина, повторно плаче и бара уште. Се сомневам дека можеби проблемот е и во шишето, бидејќи пие само од Baby Nova шише. Дали да пробам со Dr browns или некое друго шише кое ви се покажало како добро? Дали некоја од вас имала слично искуство и дали ви помогнала промената на шишето или преминувањето на антирефлуксна формула? Не можам веќе да ја гледам вака, после секое пиење млеко никако не можеме да ја смириме а педијатарот само вика дека се грчеви ама јас мислам дека нешто друго не е во ред.
Пробано е Colief, Espumisan, чајче Бекутан исто е... Ме загрижува што бљуцка водичка и што голта на празно и во спиење како да се закашлува и заштркнува
И да напоменам дека без Colief капките никако не можеше да се покака, сега кака ама со многу стегање и црвенеење
Сте пробале со топло на мешето? На ќерка ми многу и помагаше тоа. Исто пробајте и друго шише. За млеко од старт беше на Бебелан, немаше проблем со тоа.
Прво стартувавме со Baby Nova. Како што почнаат грчеви преминавме на Chicco. Мислам well being се викаше колекцијата. Едит: ова пред неколку години.
Моето така бљуцкаше и кашлаше сите ми викаа не му е ништо,вишок вади.. ама мајчински инстинкт ми велеше дека нешто не е во ред,матичната не препрати и на неонатолог рефлукс испадна (докажан рефлукс) и го ставија на аптамил ар и земав шише nuk perfect match дефинитивно најдобар избор. Исто така бидејќи кај моето е умерен до тежок степен на рефлукс со пропратни симптоми од крчење,кашлање го ставија и на езомепразол.