И јас како и сите други верувам дека ќе си ги земиш дома и двете јуначиња. Господ е голем верувај и моли се.
Сета среќа и сила му ја праќам на малите борци.Господ е голем, верувам дека се ќе биде во ред и што поскоро сите четворица да се гушкате домче
Е ајде де. Земав јас да читам milestones и вика ако не се сврти до 5 месеци е алармантно. Веќе ништо не читам.
еве ти па друга ситуација керка ми родена на термин од грб на стомак се сврте прв пат на 40дена старост кога а оставив без оние фани гакичките затоа и преоде на 8,5месеци оти се роди прав живец никогаш не споредувај две исти деца една мајка ги раѓа па се толку различни пр еве и моите две а не пак да споредуваш две деца од две мајки не се замарај
Борјан 19.03-20.03.2018 Синоќа починал, сабајлево ми кажаа, ме лупнаа со Дијазепам, ме однесоа да си го видам, ми дозволија да си го земам во раце, си го галев 20 минути, маж ми дојде меѓувреме и тој да се збогува. После си седевме во чекална си се тешевме. Тешко е многу, премногу. Утре ќе ме пуштат од болница, ќе одам другото да си го видам на Детска клиника, засега е стабилен, добро ја прима терапијата. Цела надеж и сила ќе ја насочам кон него. Само тоа ми остана. Многу ми олеснува што пишувам тука, иако не сакам други да растажувам. Од мене засега тоа. Ќе видам понатаму, дај боже, да ве информирам за месец-два дека другото бебенце е добро и дома.
Нема зборови кои можат да утешат мајка за загубата на нејзиното чедо Биди силна за другиот твој борец. Овој ангел ќе ве чува од небото и ќе живее секогаш во вашите срца. @DuchessAnn
Загубата е преееголема Што и да кажеме, нема да ја тргне болката. Биди силна, издржи иако е претешко за другото бебенце
Два дена и јас си плачам со тебе... Не сум од луѓето што знаат да најдат прави зборови за утеха, но длабоко верувам дека ќе се изборите со другово бебенце, само остани позитивна најмногу што можеш! Мое длабоко сочувство и поддршка да останете храбри
Многу ми е жал Биди силна мамичке за другото бебенце. Мене срце ме боли а кој знае како ви е вас И пишувај олесни си ја душата, кажи си ја маката барем малку да ти олесни, не чувај во себе.
Е нека си е*е мајката Живот у пм Сочуство мајче Незнам шо да пишам а сакам толку многу да кажам ................... Држ се му требаш на другото бебувче и пишувај тука редовно штом осетиш потреба не се затварај во себе од срце те молам
@DuchessAnn Нема зборови со кои би ти ја ублажила таа голема болка. Само ќе те . Биди силна за јунакот Ведран. Господ е голем. Некому зема,некому дава. Ќе се избори Ведран,биди најсилна
@DuchessAnn многу ми е жал Едвај ќе чекам за некое време да не известиш дека другото момче е добро, дека расте, дека го држиш во прегратки, дека сте домче! Едвај чекам!!!