1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуство со предвремено родени деца

Дискусија во 'Бебе' започната од eva11, 29 февруари 2012.

  1. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.176
    Пол:
    Женски
    ЈАС не ги доживувам како аномалии. Одиме на 2мес во Развој (5мин трае прегледот) и ништо не ми кажале што јас не знам. Даваат 3 4 вежби од кои едното само си ги праи цел божи ден. Тие во рок од 5мин ништо посебно не знаат да ми кажат што јас не го знам. 24/7 сум со нив и гледам како се развиваат. Не гукнале на 5мес, гукнале на 6пр. Не се свртеле на 5, се свртеле на 6,7 мес. И тука јас треба да паничам? А ако родено во термин се сврти на 7 никому ништо..Ако не дај боже има неш, дома сигурно ќе се примети, башка во првите месеци се прават сите можни испитувања (ехо мозок, срце, ушно, очно).
    И драг господине, Ве молам, дали имате предвремо родено дете?
     
    На podravka и Tukituki им се допаѓа ова.
  2. kostarika

    kostarika Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    2.127
    Затоа што предвремени родени деца , близначка бременост носат за 50%поголем процент на церебрална парализа и други нарушувања во развојот за кој први знаци се каснење во развојот. А соречување нема но голема е разликата кај дете со церебрална што почнало да вежба во првите месеци и тоа што чекало до една година. Вежбите за тоа служат и затоа се дига паника кај одредена група деца.
     
  3. Tukituki

    Tukituki Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.426
    Пол:
    Женски
    А ние дома не го гледаме детето,матичен не го гледа? Недај боже ако има нешто нормално дека секој нормален родител ќе реагира.
     
    На sofi2107 и Bibi30 им се допаѓа ова.
  4. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.176
    Пол:
    Женски
    Не ги гледаме, ние сме слепи дома. Матичниот е слеп исто (уствари не е доктор дефектолог тој).
     
    На Tukituki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.176
    Пол:
    Женски
    Значи во Развој ќе приметат не дај боже да има нешто?
     
  6. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Машки
    Да затоа и зборувам така. На дефектологот не му е битна тежината или дали тоа гугало туку како напредува психомоториката.
    Ами ако го гледате и знаете се зошто тогаш ги носите на дефектолог? Одењето на дефектолог не е обврзувачко па да мора да одите туку пожелно е одењето и следењето. Нормално е дека тој ќе ви покаже вежби за стимулирање на развивање на психомоториката, ако детето само ги прави тие вежби супер ако не треба да го вежбате. Од една страна трчате кај доктори а од друга страна имате потполна недоверба во нив
     
    На kostarika му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.176
    Пол:
    Женски
    Во развој докторите имаме недоверба господине, не во сите доктори.. еве нека кажат други што одат таму дали се задоволни и од начин на преглед и се. 2 деца за 5мин ми ги гледаат. И прашуваат што како прават, па види што прави, ти си доктор не јас. Земи пола саат саат глеј ги види што можат, не ме прашуј мене.
    Вие каде го носите?
     
    Последна измена: 19 февруари 2019
    На Tukituki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Машки
    Таму не знам како е ама затоа знам дека кај Валентина Дуковска поминувавме со внимание, инаку кај такви доктори кои сакаат за 2 минути да прегледаат дете еднаш и потоа никогаш. Ние кога ја однесовме черката прв пат на ортопед докторот само броеше колку деца има за преглед а не да им изврши квалитетен преглед. Нас ни вели требало да ја донесете кога направило бебето 2 месеци сега е касно, а му кажуваш дека бебето било 2месеци во инкубатор е како да му го донесам уште ни рече рамни табани да ви дадам ортопедски.
    Затоа после тоа веќе не не виде си ја носевме кај Горан Видоевски кој го плаќаш поскапо ама обрнува внимание на детето и ќе ти каже се како што треба.. Ни рамни табани има нит ортопедски сме носеле.
     
  9. Tukituki

    Tukituki Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.426
    Пол:
    Женски
    Го носеВ,повеќе не. Пак ќе прашам која е целта на вежбите за работи кои сами ги прават,зашто уопште ми ги даваат? Треба да стимулираме работи што не гi прават,а не да ни помине редот,шаблонски на 6 м тие вежби,оп на сите исто.
    Убаво рече @Bibi30 недоверба во нив,зт што ме прашува што прави,па дури кога ќе кажам што прави ме убедува дека не е така,они мислеле декс не го прави тоа. Знсете како треба да оди прегледот,знаете во Еразмо Охрид како прегледуваат, тс. не не прегледуваат го набљудуваат детето 2 саати,со тоа што го носиш детето наспано. Ние овде одиме во термин кога детево мое спие,и плаче не сака ама баш ништо да направи,и сега? Ама затоа матичниот го анализора у детали,во него секако дека имам доверба.
    Еве кажете вие кај Дуковска како оди прегледот,колку време?
     
    Последна измена: 19 февруари 2019
  10. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.176
    Пол:
    Женски
    Епа тоа велам, јас од таму сум незадоволна, и за нив е колку да помине редот (некој треба плата да земе). Ајде еднаш, два пати, три пати, еве и четвртиот пат толку е. Мн фалење има за Двојаков, што е таму, и кај него толку поминавме, ама ете други викаат чим ништо не ви кажал значи ок е, он не крие ништо.
    Колку пред време е ќерката? Ние сме 2 мес пред време и знам дека они до мин година ипол нема да стигнат, ама затоа си тераат се по ред како што треба.
     
    На Tukituki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Машки
    2.5 месеци предвреме ама веќе е скоро 10 години така да и кога беше мала воопшто не правевме споредби со други деца туку ни беше важно како таа си напредува
     
    На Bibi30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kostarika

    kostarika Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    2.127
    Ама сега ти може знаеш одредени работи но секако дека не знаеш се што знае еден специјалист во областа а секогаш има и луѓе што се скрос неупатени . Може знаеш и се за крвна слика ама сепак идеш на доктор со неа.
     
  13. kostarika

    kostarika Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    2.127
    Ауу не не , за ова на бит пазар не , дефектолог се разбира дека не треба да прави прегледи ама затоа двојаков е невиден специјалист во областа.
     
  14. kostarika

    kostarika Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    2.127
    Во раЗвој на бит пазар само двојаков е доктор а не другите.
     
  15. elii93

    elii93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2018
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Мамички на 7ми полниме 6 месеци родени сме 34 недела па ме интересира за ад млекото дали преминавте на 2ка веднаш или покасно.
     
  16. podravka

    podravka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2015
    Пораки:
    1.211
    Допаѓања:
    5.495
    Пол:
    Женски
    So polni 6meseci pominavme na 2
     
    На Tukituki и elii93 им се допаѓа ова.
  17. kostarika

    kostarika Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    2.127
    Со6.5 месеципочнавме2
     
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Мајки, од кога почнаа да ви гугаат бебенцата?
    Моево е 33+4. Беше 7дена во инкубатор, 2200 се роди, само дишеше. На 14ти ден си го земавме, од тогаш се "смешка".
    Сега гледа кога е гладен низ плач вика "леее", "ауу"..
    Инаку скоро сме 2ипол вчера прв пат го слушнав два пати рече "агуу".
    Ептен е намуртен. Само после јадење се смее или ептен ако го титнтраме галење, бубнување...
    Пробува сам да ја држи главата пред 2месеци, а на 2 последната контрола во Систина сам се сврте од меше на страна.
    Ме загрижува тоа што ете малце гуга.
     
  19. kostarika

    kostarika Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    2.127
    Во прирачникот од систина што ти го дадоа на пораѓај пишува се за секој месец од развојот
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Да, ама дали важи и за прематури?