Да пораѓај е било не е чистена и многу крв е изгубила жената и трансфузија и даваа на крв иначе она и летото остана бремена и имаше киретажа во 10 Нед и после киретажата еден два месеци остана пак бремена и сега и се случи ова и папочната врвца и била многу оштетена така ми кажа вчера денес не сум била да ја видам оти неможам такви работи веќе да гледам мразам болници
На неонтологија каде што лежеше малата сите беа предвремено породени дечиња и тукушто родени. Имаше дечиња од 24та недела па се до 41 како моето. Од 24та недела можат да преживеат. Во оние подоцнежните од 30та не е ни прашање дали. Се разбира се зависи од бебето. Јас по она таму што го видов ви се поклонувам на сите кои сте го издржале машки тој пат. Тие се толку мали и состојбата им се менува во минута и она хранење со сонда пропратено со солзите на мајката вечно ќе ми бидат врежани во мене. Додека моето само што ја фати градата потегна силно до болка, на мојата цимерка близначињата буквално лежеа на града со малечко усте трудејќи се да се оспособат. Ги видов пред некој ден големи момчиња станале, така да без грижа мајки се ќе биде.
Ние фала богу си напредуваме убаво. Си ја вративме родилната тежина и намалено ни е црп-то. Па се надевам за брзо и ќе си одиме домче.
Моето внуче утре 2 недели прави од ко се роди, вчера конечно и го донесоа на мајката, до неа да биди, да го док, но уште е малечко нема сила да трга, заспива на града и не можела да го разбуди,но добро е има 50тина грама качено, 1850 е сега, фала му на Господ. Не се знае уште колку време ќе останат на болница, битно се добри двајцата.
Од 2500гр. (+-300) добиваат сила за цицање. Нека инсистираат на хранење со шприц, цуцла не освен ако е ептен неопходно. Мене ми направија така беља, го научија на цуцла и после со маки фаќаше града.
Така прават, со шприц, со шише не сакало го плукало шишето го нудела почесто да цица па колку ќе прими толку, мерат тежина секој ден, следат, па ако треба даваат со шприц. Вчера му дале повеќе и многу повратило. Нема сила душичка мала.
Нормално е да враќа, истото беше и со моето и уште се случува да врати. Скоро сите прематури се со рефлукс (го опишуваат како капаче на желудникот кое не е затворено) ама со време се средува. А може и не е тоа, само се адаптира. Битно е да напредува. Колку се борат овие деца и колкава воља за живот имаат, па и како брзо ги стигнуваат врсниците, тоа знаат само докторите и родителите на истите. Едно големо Божјо чудо се. Откако го видов во инкубатор што се минува моето а и останатите, веќе не се пожалив дека нешто ме боли или не ми е добро. Немам право.
И јас се жалев од моето нон стоп, плачи не спие, ла ла ла... што е родено на термин со 4300г здраво, право ни жолтица фати ни ништо, фала му на Господ за се...сега кога нешто ќе плачи и кенка, само помислувам на внучево, си велам сама не смеам да се пожалам повеќе, помислувам на брачеда ми кутрата каков стрес помина, многу ми е жал, секој ден од прво плачевме, но тоа е минато сега да гледаме напред, се надевам брзо ќе ги пуштат и се ќе си дојди во ред. Имало многу грчеви денес, се виткало во ножињата, незнам дали прашала за капки нешто дали можи да му дава?
Нас после 14дена не пуштија, Биогаиа пробиотик и Колиеф по 3 капки. Не се секирајте, знам сега од оваа страна е лесно да се збори, ама ја си знам како ми беше. До 3ти месец траат грчеви најмногу, кај прематури се ете поинтензивни дека нели порано родени, треба повеќе време се да си се дооформи. Овие деца сакаат многу галење Мислам кое бебе неќе, ама овие посебно . Препорачливо е да спијат во помал простор како некоја корпа, и колку што може да се држи во раце, зошто тие уште се однесуваат како да се во меше. Јас бар вакви совети добивав од патронажна. И препорачливо е до 3+ да не се меша со луѓе многу, посебно сега во сезона на вируси и морбили. Шетање само на отворен простор. Мене ми е малце криво што нема психолози за ете вака родители на предвреме родени, малку да им се подобјаснат сите предизвици, дека и тие се исти како и сите термински родени бебиња, само првите мес треба повеќе заштита.
Баш тоа си помислив за психолог, мора да има таму, треба да има, нема посети заради морбили, а веќе 2 недели сама таму се носи со се, тешко и е многу, бар вие што сте поминале знаете, да има психолог мислам дека многу олеснува но ете тоа е што е, а плус и во државна болница е...шта да ти причам. Фала ти многу за советите се ќе пренесам.
Нема врска, јас бев Систина па немаше. Мене многу ми беше од помош патронажната, жената 24/7 ми беше достапна и ме смируваше. Маж ми беше со мене само една недела, после тоа сама останав. Убаво е да се има помош, признавам, ама ете јас за жал или среќа сама се справував. Некогаш па и многу совети од околу нервираат, посебно првите 40дена кога буквално не знаеме што не снашло. За што може да помогнам, тука сум.
Ee mojata kerkicka veke vo pon polni 5 meseci pa pred nekojden imase grcevi i davav kolief do pred nekojden i infakalm ponekogas oti se pojaki i ako epten place pedijatarot mi rece da. I dadam po potreba fenobarbeton apce
Fenobarbeton se I za grcevi a za epilepsija mislam oti da ama ne sum sigurna zatoa ima fenobarbeton I za deca za bebinja mala doza se
Знам јас добро за што се. Такво апче во никој случај да не си дала без конслутација со невролог или неуропсихијатар,батали педијатар. Греота бебето.
Види вака тие апчиња не се во стилоот на парацетамол или витамин некој. Ги даваат за грчеви во коските мускулите после оперативно и кај епилепсија. Жена од 40 години лежеше во болница за да и ја одредат дозата,немаше епилепсија. Сега ти види дали е во ред такво апче да даваш кај бебе. Имаш капки за грчеви,пробиотик топло на меше и ќе пројде. И да ти кажам сее тоа што ги слушате педијатрите да почнете со кашички од 4 месеци. Каде е спремно толку мало бебе да јаде и затоа има грчеви.
Фенобарбитон е одамна забранет. Само кај нас го даваат. Впрочем и го нема. Па и за грчеви во меше... Кој ти го препорача? Зборови повеќе немам за нашите педијатри.
Ама многу маки имаше моето од грчевите една вечер вриштеше дури од болки и пред некојден пак беше истото и Др го даде ради тоа фенобарбетон џабе оти му давав и колиеф и инфакалм и чај ништо не помогна