Знаев оти е он! Од една страна го ценам со некои совети и терапии, ама од друга застанат е во времето. Почна со цврста храна така? Веројатно нешто и смета. Ќе приметиш сама што е . Давај редовмо пробиотик. Фенобарбитон не.
@duffi @Meckicja и нас џорлев еднаш ни даде , од темп од последната шестовалентна вакцина доби и треска, па одевме хитно на дежурен испаничени. Ни го даде во шприц растворено за да не добие конвулзии ... Искрено не сум упатена за овој лек , зошто е забрането?
Може да се јават халуцинации и куп нус ефекти. Низ Европа е целосно исфрлен од употреба. За не дај Боже конвулзии само Диазепам чепчиња со совет од педијатар. Тоа и треба да даваат за конвулзии. Ама немаат. Па ајде Фенобарбитон. Пред некоја недела немаа ни тоа. Во три часот утрото мм носеше на детско чепчиња оти внука ми добила конвулзии. А они немале ништо да и стават. Имам дома уште една кутија. Ако на некој му притреба од нашиот град слободно нека ме бара.
Не не давам сега за сега дохрана ќе си чекам да наполни 6 месеци како што ми кажа еден нутриционист оти тогаш кога почнавме со кашички доби и јаки грчеви
@duffi фала ти , незнаев за ова стварно. А и доктор , му веруваш , ние испаничени 40 тем, треска,добро и што сум прашала што му дава
Земи детето во раце, држи го свртено према тебе со меше, не давај тоа никако. Моник ти кажа, а и другите членки... И моето има уште, докторот и две членки од тука ми кажаа дека при јаки грчеви може комбинација од Колиеф + Еспумисан 3х20 капки. Можеш и до 5х20 ама нас многу ни беше, верувај ублажува.
Мајки внучево фатило стафилокока на болница, мајката на брисот беше негативна, па и рекле од мајката демек, таа 1 недела го немаше ни допрено бебето, а тоа уште во инкубатор ги имало мозолчињата, под надзор е, го чистат. Дали некој сте имале вакво искуство? Пак се уплашивме
Дали беше как моето истата бактерија незнам но беше со мозолчиња и со високи леукоцити,причината беше истата од мајката,тоа им е веќе проѕирен изговор. За 3 дена го опоравија и супер си беше.
А мозолчињата биле како со гнојче горе бели, мачкале со еозин мислам, црвена течност и хидроциклин мислам. Кај вас како беше?
Истото беше и со црвена течност мачкаа. И не само моето имаше и други и на цимерката едното близначе имаше. Во Скопје е на Клиника?
Стафилокока е болничка бактерија, не верувам дека е од мајката. Може да направи брис сега, и ако е негативна да ги побие, освен ако примала антибиотик после пораѓај. Не се секирајте, ќе биде покриено со антибиотик бебето и останува да чекате. Ако не примала мајка му, пожелно е да провери, за и таа да биде покриена и да не му пренесе. Јас не знам што е со бактерииве. Другарка во Чаир двапати фати стафилокока на раната од царскиот, со двете деца. Стварно е неодговорно.
Moeto go mackaa so jod I vo nosot imase stafiloka I ja sredivme so nizita sprej I mikobakt ni dadea na nas dr a i ni preporacaa pocesto doenje
Мајки ние си дојдовме домичка со тежина 1950. Е сега ни кажаа да храниме со преаптамил ама количина не ни кажаа. Ајде давајте некој совет за грижа и нега на овие мали совршенства
Добредојдовте дома. Да си растете, гушкате и уживате! Преаптамил или Аптамил прематур? Различни се. Второво е за прематурни и покалорично е. За количина би требало и на упатството од млекото да пишува, ние со Пренан бевме на почеток, гледав да биде ~150мл на кг тежина додека достигне тежина 3.5-4кг., така што на 2кг би дошло околу 40мл. на 3 часа, на 3кг околу 60мл на 3 часа, 4кг околу 75мл ... така беше болнички научен на 3 саати јадење. Зависи и од бебето, некое повеќе, некое помалку јаде, ќе следиш. Штом шишето до крај го испие и уште шмука/бара, време е за зголемување. Ова 40, 75мл ќе си направиш 60 или 90мл и ќе остане вишок што нема да се испие/ќе се фрли. Постепено зголемував заради рефлукс што имаше моево. И вие внимавајте на рефлукс/враќање на млеко, поподложни се помалите на тоа. По јадење тапкање за да подждригне и држи ја поисправена бебушка бар 15 минути. И пазење повеќе периодов дур пркне, да не биде меѓу многу луѓе, помал контакт со мали деца и ако некој бил/е болен фала богу никако, од страна луѓе бакнување, гушкање.. особено сега со морбиливе.. Друго како и секое бебенце. Само малку повеќе пазење и тоа. Имаше во Систина еден спреј антисептик/антибактериски пола литар или литар за некои 250ден, терав луѓе раце да мијат и по потреба и со тоа да се пројдат ако чепкале нос, кивнал некој, се закашлал. Може претерував малку ама ... ете.. што е сигурно, сигурно ... А.. и џивџи дур беше мал под чешма на лавабо го бањав полесно ми беше, мало ко пиле, сврти една страна, друга, за минут бањат. Друго ако те интересира прашувај, тоа сега ми дојде на ум да пишам. Уживајте си празнично!
Ти благодарам на советите. Среќен празник нека ви е А кажи ми за облакање и температура во собата? Јас ја држам облечена со бенкичка со долги и шпикозни со чорапчиња ракавички и капче и покриенка е со ќебе. Мн ми е страв да не и е ладно да не ми настине. За млекцето е прематур аптамил и ми пие по 30 20 40 зависи кога како на секој 2ипол или 3 саати. Се си мислам слабо ми јаде.
Мајка ракавички и капче дома немаш потреба. Млекце не форсирај постепено ќе зголемувате. Исто ко анн ќе ти кажам гости,гужви никако. Прошетки на отворено само,иџбегнувај затворени простории.
Среќен празник мајка се најубаво. Ти благодарам на советите. За шеткање сеуште ја немам изнесено само три дена сме дома па чекам да одам во петок на педијатар да видам што ќе каже. Вака некогаш кога ќе и го пипнам носето понекогаш и е ладно па затоа ставам капче и ракавички дополнително. Нез како да објаснам со страв малце ја гледам се си мислам ептен е мала.