Ние кога излеговме од болница ми рекоа да пазам да не го прегреам. Сестрта ми велеше полесно да го прегрееш од колку да го настинеш. Дома држевме околу 20-22 степени. И на таа температура беше облечен боди на долги и памучни шпихозни. Покриен со памучно ќебе. Чорапи и ракавици никако. Капа само 10мин после бањање. Во декември ова Ние 3 месеци од дома не излеговме ни луѓе видовме страв голем. Плус беснееа настинки, вируси... А доење опција?
Доење е опција имам млеко меѓутоа скоро 2 недели пијам антибиотик и несмеам да ја дојам. Штом завршам со лекарства едвај чекам да си ја дојам. Малце се учевме во болница таман ке подпорасне малце па може полесно ќе ни оди. Среќен празник мајка и фала на одговорот
Слободно што и да ти истекне прашувај тука сме. Јас овде си наоѓав голема помош и утеха, посебно од @DuchessAnn ♥️ Само ние што сме поминале низ сето ова знаеме што значи и колку е тешка оваа ситуација за една мајка. Тоа што успеав да одржам лактација и да доам после 3 недели без бебе дома си го сметам за еден голем успех во животов се надевам ќе дојдете на тоа. Без навреда на оние кои не доат. Знам дека секоја мајка сака бебе да цица ама ете понекогаш околностите не дозволуваат. Битно да се живи, здрави и да напредуваат. Секако ќе пораснат во големи момци и девојки
@Feminka minka За јадењето вагата ќе си покаже, не се секирај, ќе си одите на контроли. Битно некој просек си одржува и прематур млекото е напукано со калории. Може треба некој ден дур се привикне и на нова околина и ново млеко. За ладно, повеќе ќе настине ако е преоблечено и се испоти, и не гледај на носето или рацете за ладно, земи пипни гради, меше и/или позади под вратот на грпчето. Ракавици не треба ич, капче можеш по бањање. Нас не испуштија со 1770гр. на 4 мај, гледам по сликиве низ мобилен: *месец мај бил со боди по долги и одозгора памучни шпихозни со стапалца и покриен со памучно ќебенце (џабе покривање, 90% откриен го наоѓав, како успеваше толкацко да се открива не знам хахаха); температура околу 20-22 степена било за спиење *јуни бил претежно боди по долги/кратки горе и пантолончиња со стапалца доле преку ден, а за спиење по боди на прерамки и памучни шпихозни и памучно ќебенце (пак џабе ќебенцево 90%, склетџија џивџо); температура околу 22-24 *јули, август веќе само боди по кратки и мали чорапчиња (заради климата) и покриен само со тетра (пак џабе ) зошто 27-28 степена по дома во куќа со лоша изолација и пуштена клима, ама да не дува директно туку нагоре колку да се каже дека лади/одржува температура. За доењето пробувај почесто, ако се навикне на шише многу потешко ќе оди, ама и да не бидне штом имаш млеко ќе се измолзуваш. Мене ме зезнаа/се зезнав, у делириуми и стресови бев тогаш, и ме убедија/се убедив и ми дадоа бромергон да пијам да немам млеко, а можев барем да пробам, да почекам дал ќе дојде, да се измолзувам. Е после еб*** нема каење, битно здрав, жив да ми е. П.С.Ова горе евиденцијава со тт ја имам во мобилен, болна сум за тоа, дури сега на 24 април 2019 прекинав со запишување, по последната контрола на неонатолог, мм ме частеше чоколадо сред диета и ја заокружи датата на календар. Детето ~8.5 кг на 13 месеца, пупу..досега откако сме излезени од болница не се разболел..пупу.., супер си е. Ми викаа 7.5-7.8 ако има на годинка супер ќе сме, ете боље сме. Пишував колку јадел во гр. и мл. Кујнската вага другарка. На почеток пишував и колку серки имал во денот, и секој ден тт му мерев. Болештини. Немојте да бидете како мене забегани.
Каков антибиотик пиеш? Повеќето антибиотици одат со доење и нема потреба да прекинуваш. Јас си доев додека пиев антибиотик. 2 недели е голем период и ако не се одмолзуваш редовно многу е веројатно да го загубиш млекото.
Честито мајчинство и да е живо, здраво и најсреќно бебулето. Еве ти линк на кој можеш да провериш дали некој од антибиотиците влијае на мајчиното млеко : http://www.e-lactancia.org/ Би ти предложила и да се приклучиш во групата на фб : Поддршка на доењето. Во самата група има советнички и многу искуства на жени. И јас како @Lolipop23 би ти кажала дека повеќето антибиотици идат со доењето. Исто би ти го препорачала на фб да го најдеш : https://www.facebook.com/DrJackNewman/ Кој исто така има и сајт и книга во која ќе го најдеш секој потребен одговор. Инаку е светски познат лактациски консултант.
Нашево бебенце добро е за 2 дена мислам 40г има ставено само со доење, сега било 1940г може не се многу ама си качува килажа, му рекле да направи над 2 кг за да му стаавт БСЖ вакцина и ќе ги пуштат домче. Инфекцијата се смирила, рез од крвта биле добри.
Мене воопшто не ми се допадна таа група подршка за доењето многу осуди има за тие жени што не дојат и се откажав има жени како мене што немаат доволно млеко и мораат да ги дохрануват бебињата и затоа се осудувани таму има и српски групи затоа и многу многу ми се допаднаа лично на мене оти има и видеа и се нашите немат ништо
@AlicaInWonderland @DuchessAnn сакам да ве прашам за внучево, добро е сега дома се, беа во Плодност ма педијатар го прегледале, му рекле дека супер напредува за него, за неговата тежина, цица... е сега дали треба да се прави преглед за очињата дека во инкубатор беше и ако знаете колку е, како е цена во Систина и дали се прават невролошки испитувања и на која ввозраст?
Извини шо упаѓам вака. Ретинопатија да се направи обавезно,на гак прават уште додека се во инкубатор,исто ехо на мозок. По испис,пправевме ехо на срце и бубрези (ова по препорака на маричен) и преглед на уши.
Ако не направиле во болница, обавезно преглед за очи, како и ехо на мозок, преглед за слух (нас тие во болница ни ги направија, со очите плус одевме имаше ретинопатија) и накнадно ехо на срце зошто слушнаа шумче. Потоа кога пркна плус ортопед и дефектолог.
Правевме два пати преглед на очињата, 3.600 ден е преглед во Систина, доктор Беким Татеши. Ехо на мозок исто двапати. Еднаш додека беше во инкубатор, после еден месец од коа излеговме пак, 1.800 е ехо. Ехо на срце, бубрези, преглед на слух правевме додека беше во инкубатор и за ова незнам точни цени бидејќи беше во вкупната сметка. На редовни конторли одиме секој месец ама ништо посебно, тежина, висина, тестиси...такви општи прегледи како кај секое новороденче. Ортопед прегледи имавме ко беше во инкубатор, па на два месеци, па на 5...значи исто нормално како кај секое новороденче тераме натаму
Плус треба обавезно да го носат и на дефектолог покрај сите испитувања кои мора да ги направи а кои веќе ти напишале, дефектолог обавезноо педијатарот мора да ви напомене бидејќи предвремено родените деца не можат толку брзо да напредуваат како родените во термин и затоа се посетува редовно дефектолог за да може да се следи развојот на моториката на детето, ние редовно одиме и моето е предвремено родено во 34 та недела
Тие со близначиња, имало ли некое бљуцкање при кое две, три капки отишле во белите дробови? Ми се кине срце, таман беше се во ред и за пуштање на едното дома, сега ова ме известија и ќе поседи уште ден два! Неможам да престанам да плачам, ќе пукнам! Срце ми се кине што не се со мене дома.
Ема ќе мине и тоа и набрзо ќе си бидете дома. Мислам @podravka имаа ваква ситуација, иако не е близначе нејзиното. Ако сум помешала се извинувам.