Okolu 4 meseci dvajcata. Kaj nas maskoto prvo, pa poposle devojce. Ne se grizi. Neznam kolku porano ti se rodeni, ama i toa vlae na se pomalce. Mojata kuklicka okolu 4 meseci ne vrtese glavata da me prati, samo so ocinjava pravese toa. I jas sekoj den vezbav i se sredi toa.
Зошто велат дека предвремено родените деца се со поголем ризик фактор за аутистичен спектар? Многу ме интересира бидејќи нели предвремено родените својот раст и развој со своите врсници го достигнуваат во третата година
Сешто кажуваат ама не мора да значи. ете тетка ми е неуропсихијатар и таа вели дека уште не е откриена причината и етиологијата на аутизам. Значи ни МРП вакцината не е причина
Со наполнети 2 месеци од раѓање, што да очекуваме во врска со развојот? кои се некои основни работи кои веќе би требало да ги прават?? фала ви
32 недела се породи, така? Сега само јадење, спиење, плачење/кемкање кога се гладни, имаат грчеви или нешто не им е по кејф, регирање на звуци, кратко загледување во поблиски објекти/луѓе, појако држење главче.. Ставај ги на стомаче додека се будни, да вежбаат.
Мајки дали бебче родено 35+4 би имало потреба да седи ,,долго,, во инкубатор? Без примена инекција за зреење на бели дробови.. Има некоја мамичка породена околу таа недела, не 34та, баш 35+, па да ми сподели што како..
Јас сум породена 35+0 ама со претходно ставена инекција за зреење на дробовите. Синко беше само 2 дена во инкубатор потоа не. Во болница беше вкупно 3 недели, додека не стаса до 38 г.н (така ми беше речено овде). Нема место за паника, нека си слушаат доктори и се ќе биде ок. Знам дека не е едноставно ама штом истуркала до 35 недели верувам дека ќе биде во ред.
Вчера разговарав со пријателка која се породи пред 1 месец на гак во 35+5 недела, без примена инекција за зреење. Нејзиното бебе воопшто не било ставено во инкубатор бидејќи од старт си дишело самостојно. Имало родилна тежина од 2.600
Лани ова време мое бебе беше таму,напоечеток секој ден идев освем викенд,па после по 1-2пати неделно.... Ако нешто имало у меѓувреме сменето....
И јас лани од понеделник до петок одев се молзев по 1 саат секој ден, на закажување беше. Дали уште е исто незнам.
Jas se porodiv 35+2 I kerkami voopsto ne bese vo inkubator . Inaku mi pukna vodenjakot I morase da se porodam carski. Na cetvrtiot den ne pustija doma.
^^ фала мајки на сите за споделеното Да не должам и да не навлегувам во детали, сепак не е за мене, но терминот на бебето е знак ? Не знам кој е попрост дали мајката или докторката која ја водела бременоста Но докторот кој ја породил мајката и неонатолозите кои го водат бебе се со став дека бебето не одговара за 35+ Бебето веќе 11дена е во инкубатор и најмалку уште +10дена ќе е, секако ако се иде ,,по шема,,.. Имало и некој момент што и кога го извадиле се случило нешто, вдишало воздух, но не знам да кажам точно и прецизно, па тоа дополнително ја влошило состојбата и имало многу грчеви неколку дена За жал деновиве е еден чекор напред, еден назад, сеуште е на апарат, со катетер, плазма прима, мало е и неразвиено, но ќе биде добро, МОРА