Искуство со предвремено родени деца

Дискусија во 'Бебе' започната од eva11, 29 февруари 2012.

  1. Sreka16

    Sreka16 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2019
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Мајки колку време трае очниот преглед? Ме исплашивте со искуствата, а треба да одиме и место не ме фаќа сега.
     
  2. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Ние бевме еднаш, им ставаа капки, чекавме, па пак капки, па бидна прегледот. Со мм ни рекоа да чекаме надвор. Ни рекоа дека нема потреба од контрола.
    И само тој преглед ни беше.
    Мислам дека не станува збор за истиот преглед каде што дечињата имаа траги под очиња.
     
    На Sreka16 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Очен преглед за ретинопатија?
    Теае околу час и половина. Ставаат 2 пати капки на половина час па зимаат бебе ти чекаш пред врата прегледот е краток 5 мин дали и толку. Си чекаш во чекална таму се мајки со деца чисто и топло е
     
    На Sreka16 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tukituki

    Tukituki Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.427
    Пол:
    Женски
    Самиот преглед е две минути,се задржувате 1 ипол час поради капките,ставаат два пати капки за ширење на зениците.
    Не се паничите, прегледот не е болен,бебињата плачат затоа што ги држи сестра цврсто да не мрдаат.
     
    На Nairobi88 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Нас не задржуваа и еден час после прегледот, седевме во полутемна тивка просторија и бебе несмееше да цица пред преглед два часа, а не ми препорачуваа ни после преглед.
    Се задржувавме вкупно околу 3-3ипол часа
     
  6. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Кога се прави тој скрининг?
    Пред 1 недела станав мајка на близначиња во 34 недела :inlove:
     
    На Moce19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Дома сте веќе? Кај се породи? 34та не е страшна недела :) се надевам се е во ред.
    инаку околу прегледите што и како следи обично те упатуваат од непнаталогија. Јас бев ептен изгубена, се ми е некако во магла, имавме неонаталог кој не води и сестрата нејзина постојано ми збонеше да ме известува шо треба да правима, да се договориме кога да правиме, закажување термин....
    Некои контроли му ги правеа додека беше во инкубатор, а потоа пак контроли од коа го поминавме терминот на раѓање. Како што се сеќавам на објаснувањето дека развојот не телото и мозокот продолжува до тогаш, па се остава простор до терминот да се доразвие, и ако недај боже има некаков проблем тогаш да се види. Дека пред терминот се било “нормално”. И крварење во мозоче, и недоразвиени рожници....се се чекало да се види после терминот дали ќе биде се во ред
     
    На Nairobi88 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    @AlicaInWonderland Супер скрос те сфатив како оди со развојот и прегледите.
    Се породив во Ремедика, бебушките треба да се таму до полна 36та по протокол, може ќе ги пуштат малку порано или покасно зависи како ќе напредуваат.
    Секојдневно одам по 2 пати за молзење и тогаш ми кажуваат како се подетално. Ми кажаа дека ќе имаат 2 скринкнга дури се таму, а кога ќе не пуштат ќе разговараме со неонаталогот за понатамошни прегледи и скрининзи.
    Но јас од сега сакам да знаам што се испитува вообичаено и на која вораст за да подпрашам плус да не ми избега нешто.
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас во Систина и на истиот начин функционираат. И јас одев два пати дневно да го видам и се измолзував. А таму во болница беше точно до денот кога требаше да влезам во 9ти месец.
    Инаку додека беше таму правеа ехо на мозоче, контрола за слух и брисеви за инфекции од носе и уста. И ортопед. Тоа мислам беше. Од коа излеговме прво на секои 3 дема одевме на контрола, регуларна за килажа и напредок. Па потоа почнавме на една недела. Од коа го достигнавме и терминот на раѓање бевме пак на контрола за мозоче, крварењата од претходно ги немаше веќе па кажаа дека повеќе нема потреба. Потоа контрола за очињата, имаше неразвиена рожница па после еден месец пак бевме уште еднаш. И на два месеци на контрола кај ортопед. Првите 3 месеци одевме кај неонаталог секоја недела па потоа двапати месечно и после 6-7ми месец почнавме еднаш месечно.

    ние сме веќе една година, прашував дали има некои прегледи што треба да ги правиме сега како поголем и педијатарот ми рече: готово веќе со тоа дека детето ти е предвреме родено, за мене веќе е исто како терминско, го достигна развојот.

    Ако нема некои проблеми, нема понатаму ништо дополнително. Малку со развојот ќе бидат поназад, во смисла кога ќе почне да седи, да лази да оди. Ама ова и кај терминските бебиња се разликува и некои порано некои покасно така да ич да не се секираш. Првата година само ќе забележуваш некои такви развојкни разлики. После се ќе биде исто :)
     
    На eta, KuklickaSk, bela.m и 3 други им се допаѓа ова.
  10. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Моите се родија 30+3, сега се 32+2, значи две недели како се родени. Не се веќе во инкубатор, туку во топли креветчиња. Се хранат со мајчино млеко преку сонда. Ама едното многу повраќа :sweat: Како и да е наместено, на мене или во креветче, сеедно, повраќа :sweat: Некогаш повеќе, некогаш малку.
    Повраќале ли вашите? Што помага во вакви случаи, се решава ли воопшто ова? ;(
    Губи на тежина и паника ме фаќа веќе :worried:
     
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.363
    Допаѓања:
    179.499
    моето повракаше во големи млазови од уста и нос до кај 5-месеци а нормално напредуваше

    од некна сакам да те замолам да ни кажеш малце поопширно како е во болниците во Шведска за предвремеродените бебиња
    Како се грижат,дали имате посети,контакти со бебињата,дали факаат бактерии во крв сепси или тоа само кај нас се дешава???
    Друго читнав погоре две мајки што бебеињата им се воРемедика и во Систина
    ако може они да кажат како е таму и ме занима колку се плака од ден по приватните
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    И мојот повраќаше до кај 3ти месец. Коа се вративме дома спиеше на подигната перница тие бебешките. Рефлукс перници ги викаат. Среќа само првите денови таму повраќаше, додека дојдовме дома остана уште некој месец бљуцкање само. Нормално е ова, некое како капаче на желудникот не стасало да се доразвие па затоа се случувало вака. Ќе се среди, не се грижи


    @ALISA0000 Јас да споделам, во Систина се породив, се се дешаваше таму. Јас сум презадоволна од целиот однос и грижата. На пораѓај имаше 2ца неонаталози кои чекаа, коа се роди ми го дадоа да се гушнеме и го однесоа во инкубатор. Уште истиот ден ми донесоа резултати дека нема инфекции и бактерии и дека се е чисто. Ми дозволуваа да го посетам двапати на ден. Се договаравме во колку часот, се оди според термин бидејќи внатре не дозволуваат во исто време родители и на друго бебе. Во собата со инкубатори имаше 10тина инкубатори и постојано имаше 3-4 дежурни сестри. Одевме пола час пред договоренипт термин. Ќе ми дадеа стерилна опрема и во соба за доење се измолзував и оставав мајчино млеко. Потоа поминуваме низ една собичка каде што облекуваме мантили и ракавици за една употреба, миење раце, стерилизација, собирање коса, ставање маски...и кај бебе. Пола час посета одприлика. Некогаш ако немаше никој после нас седевме и по еден час. Некагаш ако спиеше само ќе го видевме 10тина мин. На одење добивавме информации што се случувало со бебе у меѓу посети, колку спиел, колку јадел, какви контролни прегледи се правени. Ќе добиевме и некоја обука така усно околу бебе и тоа. Додека беше внатре во инкубатор контакт само галење низ прозорчето, држење за раче.
    Потоа коа го преместија од инкубатор во топло креветче го држевме во раце, се гушкавме конечно и добивавме обуки, прво го научивме да цица, па менување пелени, облекување, бањање....
    Коа не пуштија дома добивме број од таму за 24 подршка ми рекпа да се јавам за било што. Да не се срамам ни за глупави прашања.
    Сестрите кои го гледаа се прекрасни. Ги обожавам. Така фино ме смируваа секој ден. Ги гледаа бебињат, им зборуваа, им пуштаа музика. Стварно се осеќав пријатно и сигурно покрај нив.
    Секој ден се видуваме и со неонаталогот, не упатуваше каква е ситуацијата. Ни објаснуваше за контрлоните прегледи кои ги прават, ехо на мозок, скринизи...
    Значи стварно сум презадоволна од целата грижа.

    Околу цената, дневно се плаќа од 13.000 до 30.000 денари. Зависи во каква состојба е бебето и што апаратура користи. Дали е на апарати или диши самостојно, дали има инфузија и такви работи. На секои 10 дена престој има 20.000 денари за нега. Брисеви, прегледи, скрининзи се околу 2.000ден. Ехо на мозоче мислам 3.000. Очен преглед околу 4.000....
    Мислам дека тоа е што можам да се сетам. Нема што да криеме цени пошто овие информации и они самите ги даават на телефон :)
    На сето ова на крај имаш 10% попуст ако си ја водела таму бременоста и си се пораѓала таму.
    За 20тина дена плативме 470.000. Со се пораѓај и вклучен попуст
     
    На eta, Bozica1980, FreeMind и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.363
    Допаѓања:
    179.499
    уште да ми кажеш која недела се роди бебето и колку дена остана в систина?
     
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    33та недела. 19 дена беше таму.
    Заборавив и ова. Јас после пораѓајот имав 3 дена таму. Решив да останам уште некој ден, тоа се доплаќа 7.000 ден на ден. Седев два дена плус ама видовме дека не прави разлика дали сум таму или не дека секако со маж ми одевме да го гледаме во термин па излегов јас
     
    На eta, Bozica1980, emkaemka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Здраво мајки на најголемите борци :)
    Моја беба се роди во 36та недела но со ниска родилна тежина. Беше 2 недели во инкубатор. Вчера бевме на прв педијатриски преглед, малку губи на килажа па мораше да се додада Ад аптамил. Има уште жолтица поспана е и потешко оди ќе бидам упорна. До сега читав во темава кој како поминувал и во врска со прегледите како да закажам ехо кај др Дума кога нема термини?
    Фала многу, секој совет е добродојден!
     
  16. girl_with_smile

    girl_with_smile Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    здраво мајки. молам за совет и дали некоја имала слично искуство. се породив во 34 недела ненајдено, без никакви симптоми пред тоа. бебето е 2 кг и е во инкубатор. првите два дена беше ок состојбата, за да наредниве два дена прво заборавал да дише ша е приклучен на апарат, а од утрово е добиен резултат позитивен за присуство на инфекција и дадена му е терапија. ве молам за совет и дали имал некој вакво искуство со бебуш. многу е тешко, нонстоп го мислам
     
  17. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Ќе биде добро секако!
    Ќе си го земите дома. Има добра тежина, не е ризична г.н. кога е родено. Ќе си дојде се на место. Трпението е она што ти е најпотребно сега. Сите мајки на прематурчиња сме го минеле овој пат, факт е дека потешко нема. Нека те води само позитивна мисла. Замислувај си ги моментите со него дома. Јас сум сигурна дека за брзо ќе се гушкате!
     
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Ќе пишам само за она до сега што го имам како искуство, целокупна оцена ќе можам да дадам кога ќе си дојдеме дома, а тоа е отприлика на крај на Март :)

    Прва разлика е она што мајките или и двајцата родители се постојано заедно додека бебето мора да престојува на неонатологија. Кога мајката ќе се опорави од породувањето, сеедно дали е природно или царски, ја преместуваат во соба во одделот каде што се лекува бебето.
    Јас се породив во една од помалите и не баш најновите клиники во Стокхолм, таму и со првото се породив пред 5 и пол години. Без разлика што не е нова, хигиената е на многу високо ниво. Контакт на родителите со бебињата има постојано, дури и кога се во инкубатор. На родителите секогаш, во секое време им е дозволено да седат кај бебињата. Секако, задолжително прво детално миење раце и користење на средство за дезинфекција пред да се влезе во собата. Всушност, ова се прави постојано, не само во собата каде што се бебињата. Конкретно тие дечиња што лежеа таму мислам дека немаа проблеми со сепса или бактерии. Кај повеќето беше проблемот со дишењето како резултат на недозреани бели дробови.
    После четвртиот ден се откри пнеумоторакс кај една од близначките, па нѐ преместија во најголемиот клинички центар на интензивна нега на неонатологија. Овој дел конкретно е изграден 2016, клиниката е лудило. На секој чекор низ ходниците има мали мониторчиња што покажуваат и сигнализираат аларми ако се влошува нешто кај некое бебе. Во случај на итен (црвен) аларм пишти низ целата клиника, го покажува бројот на собата и буквално цел персонал трча кон собата каде што е детето, кај што нормално има персонал на лице место постојано. Исто е и овде со посетите, во секој момент можат најблиските да дојдат да го видат бебето, под услов да се здрави и нормално после преземени мерки за дезинфекција. Докторите и сестрите се достапни во секое време, објаснуваат сѐ што ќе се праша, кажуваат каква е реално ситуацијата, не кријат ништо (барем моето искуство до сега е такво), се кажува што се планира да се направи и зошто, кои се последиците ако ги има, што би се правело ако нешто не успее итн итн. Десет дена сме во оваа клиника, мислам нема подосадна мајка од мене (facepalm) Ги утепав со прашања сите доктори, по сто пати :tmi: Ама немам мир додека не се среди сѐ :doh: Без оглед на тоа, секогаш биле љубезни и ми кажувале сѐ што ме интересира. Сестрите многу ми помагаат за ноќните оброци и пресоблекувања, ме оставаат да спијам и тие ја ранат едната што е со мене во соба.
    Инаку, моите овде се едни од најголемите, т.е. највозрасните пациенти. Повеќето се бебиња родени во 22/25 недела, по 500гр :( Има мајки што по 3-4 месеци се овде............

    Сега за сега сум презадоволна од сѐ. Најмногу од односот на докторите конкретно, кај ниеден од нив не го сретнав она надмено гледање одозгора или неволност за објаснување што го имам сретнато кај нашите доктори. Мене и на мм буквално ни црташе докторот кога ни го објаснуваше пнеумотораксот што е. Многу се детални и претпазливи во третирањето на состојбата, барем засега ништо немаат оставено на случајност, секогаш имаат back-up план за реакција ако нешто не оди како што планирале.

    Ќе допишам генерално искуство кога ќе дојдеме дома, здравје :)
     
    На lackygirl, Ms allways right, dunika и 15 други им се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.363
    Допаѓања:
    179.499
    Да сте живи и здрави
    Благодарам на споделеното искуство
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.037
    Пол:
    Женски
    Знам низ каков стрес минеш секој ден. Моето се роди 42 недела али завршив во иста таква клиника на интензивна за прерано родени дечиња поради инфекција при породување. Сеуште кога спијам ми одзвонува по некогаш тој црвен аларм. Нема пострашен звук. Во моментот кога баш на твоето дете свири ти се скратува животот автоматски за десет години.

    Германија е на истиот принцип како Шведска можеш кога сакаш да збориш со лекар и да бидеш со бебето во собата со инкубатор или топло креветче. Вратата е со пропусница камера и сестрите дозволуваат посета само од мајка и татко. Автоматски се отвара врата во која имаш облека и средство за дезинфекција. Само така смееш понатаму. Во собата во која беше сместена малата имаше удобни нишалки за нас и за доење. Бидејќи не ретко таму преноќувавме гледајќи ги.

    Спиевме во соби под интензивна и за доење на 2/3 саати телефонски ни се јавуваа и не будеа да се качиме горе. Исто сестрите не учеа како се облекува и става пелена. И можам да кажам дека поспремни сестри нема на свет од оние кои работат на овој оддел. Без никаква паника, брзо и стручно кон секое бебе. Мили сите до една како од калап вадени. Многу им е стресна работата, ни раскажуваа што им е најстресно што им се десило. Од 21 недела родени ги имаат кренато на нозе. Една голема табла со слики и благодарници за тимот.

    Кога се разминувавме со цимерката се прашувавме секогаш дали свиреше нашиот аларм она имаше близначиња, ги ранеа со сонда и повраќаа исто како твоето. Ќе ојача и малата и треба време. Се ќе биде добро.
     
    На lackygirl, Mari*, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.