Искуство со предвремено родени деца

Дискусија во 'Бебе' започната од eva11, 29 февруари 2012.

  1. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    @green.eyes ја имаш мојата поддршка! Ми се премота цел филм во глава. Сакам да го избришам, ама неможам...
    Минав пеколни 13 дена додека си ги земам дома.
    Некаде низ темиве пишав за ОИНТ на ГАК. Јас сум презадоволна. Тој тим ми ги оспособи децата да си ги приберам при себе. Страшни професионалци. Сеуште контактирам со еден од неонатолозите за било какви дилеми. Единствено како недостаток кај нас гледам на оскудниот контакт мајка-бебе. Додека мајката е на одделение, има влез на интензивна во одреден период од денот, кратко и само еднаш! Кога мајката е веќе дома, "контактот" е преку филтер.
    Сметам дека ако родителите се идеално здрави и се дезинфизираат пред посета, треба да се овозможи почести средби. На бебињата им дава сила гласот, допирот на мајката. А богами и на мајката и дава! Мене сестрите секогаш ми викаа:
    " Чудно е, секогаш бебенцава спијат. Само ти кога си тука се будни". На глас сум плачела после секој ваков коментар. Душа ти се пара! Знаеш дека му требаш!
    Ама, се поминува. Не се заборава ама пројдува ете.
    Здрави и живи да ти бидат! Ќе бидете комплетни дома. Трпение-спасение. Клише е муабетов, ама стварно е така. Се најдобро, друшке по близнаци :*
     
    На Vina Nevina_55, Moce19, eta и 8 други им се допаѓа ова.
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Фала @bela.m :hug: Премногу значи секоја поддршка, верувам дека знаеш :)
    Овде барем контактот го имам цело време. Ако не можеа да се извадат од инкубатор барем за рачето и за главчето можев да ги фатам и да ги погалам. Да не зборувам сега за едната што е со мене во соба, јас сум тука 24/7 и можам кога сакам да си ја земам да ја гушкам :inlove: :hug: Ако се малечки, веќе знаат кога јас или мм ги допираме, па ги нема оние уплашени движења што ги прават другпат.
    Имаме уште многу долг пат до дома, овде предвремено родени бебиња ги држат во болница отприлика до терминот за породување. А мојот е 1 Април :)

    @FreeMind за алармите не ми збори :( Бевме на кратко со мм да се прошетаме воздух да ме фати, дури и оние на семафор за пешаците што се ми звучеа исто и се штрекав на секое :sweat: Параноја левел милијарда :D
     
    Последна измена: 24 февруари 2020
    На dunika, Mari*, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Мене секое ѕвонење на непознат број на телефонот до ден денес ми е траума. Се штрекнував на секое кога ме бараа. Во 3, секунди 1.000 мисли ми прелетуваа и се мислев од таму ме бараат.
    Нема полошо чувство од тоа да отидеш на пораѓај и да излезеш сама од болница. Да чекаш да го гушнеш. Немаше потешко коа си одевме и го оставав “сам”. Ми се вртеше во глава дали е свесен дека не го оставаме, дека сме тука за него, дека ќе дојдеме пак за неколку часа....
    Овој период мене ме смени комплетно. Претходно бев личност која сакше да шета, постојано друштво, излезена, на шефот на работа цело време му зборев како јас после 3 месеци ќе се вратам на работа...:) и еве ме сега после година, дадов отказ и од бебе се немам одделено повеќе од 2 часа, и ова само 2-3 пати коа сум имала обврски. Немам прошетано без него. Како уште да неможам да му надокнадам за тие 20 дена.
    Ова не го пишувам да ве депремирам, само да знаете дека не сте сами низ тоа што минувате. Ама најубавото енос доаѓа. Бидете силни, овие малечки се големи борци. Колку повеќе чекаме толку гушкањето е послатко:inlove:
    И мене ме советуваа само трпение, во тие моменти трпението ми се чинеше невозможно. Секоја минута изгледаше вечност. По еден час порано идев на терминот за видување. Тие денови животот ми се броеше во уште колку часови има до следен термин...и уште колку време ќе бидеме дома. Ама тоа поминува, битно да се добри и се да биде во ред
    Ве гушкам сите мајки што имате поминато низ ова:l:
     
    На Camille84, eta, Momichka и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Мајки дали може да ми препорачате педијатар, не знам дали има некои што се по искусни со предвреме родени бебенца. Нас не пуштија од болница после 12 дена и ми треба педијатар за да ми даде упат за РОП што поскоро
     
  5. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Јас се одлучив за Др Којиќ во Мвр поликлиника. Има работено на оинт и знае со прематурчиња што како.
     
    На Nairobi88 и Emma2 им се допаѓа ова.
  6. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    И ние сме кај неа .. ја препорачувам!
     
    На Nairobi88 и Mitrovska95 им се допаѓа ова.
  7. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Предложете добар ортопед?
    И кога прв пат ги однесовте?
     
  8. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    1.487
    Пол:
    Женски
    може ли некоја мајка на седмомесече да ми пише во лп имам неколку прашања ?:)
     
  9. Tukituki

    Tukituki Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.427
    Пол:
    Женски
    Паскалов,не заменлив.
    Посебно посветен на прематурчиња.
     
    На Nairobi88 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Scorpio87

    Scorpio87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Мамички морам да се искажам тука. Моево бебче се роди вчера во 37+5, природно се породив, болки, маки..се роди 2810 и сега е на интензивна нега имаше потешкотии во дишењето и мора со цевчиња да е. Јас колку исплакав овие два дена не можам да опишам, се осеќам како некој срцето да ми го откорнал и да ме оставил да искрварам до смрт. Го гледам преку стакло и липам. Се извинувам што сум вака негативна но морав да се искажам
     
    На green.eyes и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    @Scorpio87 ти кликнав “ми се допаѓа” во знак на поддршка. Инаку воопшто не ми се допаѓа ситуацијата во која си.
    Биди силна, кратко ќе трае ова. Сире ние овде со недели сме биле вака. Се надевам кај тебе денови ќе се во прашање.
    Како е овие два дена? Што велат докторите, што е причината и дали иде на подобро?
     
    На Scorpio87 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Scorpio87

    Scorpio87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Па не знам што е конкретно причината, има проблеми да дише само и мора да му се помага со цевчиња, викаат му треба време за адаптација. Инфекција нема. Викаат ваљда за 72 часа ќе се адаптира веќе, мене во сабота треба да ме пуштат од болница, не можам ни да замислам да си одам без него. Иначе во Систина сме, вистина педијатрите тука се прекрасни, посветени, професионални.. На никого ова не го посакувам, ни жива ни мртва сум, плус со корона вирусов забранети се посети, само сопругот смее и тоа од 10 до 12 и од 16 до 18. Барем некој да имав со мене, некој.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Смири се, поминува тоа, само треба време :hug: Едната од моите близначки беше така, заради истата причина. Точно знам како се осеќаш, го поминав истиот пат, до пред една недела беше, ептен е тазе искуството мое. Верувај на докторите и ако е можно биди смирена колку можеш, му требаш на малечкото сега најмногу.
    Се’ ќе биде во ред, само трпение :hug:
     
    На bela.m и Scorpio87 им се допаѓа ова.
  14. Scorpio87

    Scorpio87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Фала ти мила, се надевав ќе се најде некој што ќе ме разбере, сепак мора да го доживееш за да разбереш. Многу ми е потребна поддршка сега пошо и посети забранија, кутар мој маж си плачел, срце ме боли и за него.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Многу честа појава е кај предвремено родени деца. Страшно делува, ама поминува.

    :hug::hug::hug::hug:
     
    На Scorpio87 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Scorpio87

    Scorpio87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Фала ти мила, дали е сѐ ок сега со вас? Ве гушкам сите мајки, сите сме се соочиле со вакви или онакви проблеми и грижи. Прво дете ми е и премногу сакано
     
    На bela.m му/ѝ се допаѓа ова.
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Да, сега е се’ ок :) Моите многу порано се родени, 30+3, па ќе си поседиме во болница подолго :)
     
    На Scorpio87 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Scorpio87

    Scorpio87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Мило ми е, ве гушкам и се надевам наскоро ќе си пишеме добри вести :l::hug:
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    2.384
    Мајки дали може некоја да сподели по колку напредуваа вашите бебенца месечно :)
     
  20. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Женски, на 10 месеци колку ви тежеа бебушите? а и должина исто ме интересира... фала ви!!