Искуство со предвремено родени деца

Дискусија во 'Бебе' започната од eva11, 29 февруари 2012.

  1. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Мајки на прематурчиња, кога почнавте со пробување вкусови?
    Кога преминавте на ад 2ка?
    Се водите по коригирана возраст?
    Моите близначиња се 5+, па веќе почнуваме да се интересираме за овие работи. Матичната ме советува да почнеме со 6+, но би сакала да ги слушнам вашите искуства.
     
  2. Tukituki

    Tukituki Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.427
    Пол:
    Женски
    На 6м почна аптамил 2,недела две по адаптација на млекото почнавме со пробување вкусови.
    Се по препорака од педијатар.
    6 реални,за ништо не сме се воделе по корегирана.
     
    На bela.m му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    So prvata cerka pocnavme 4+,bidejki piese mnogu melko i pak bese gladna:)
    So 2cerka posle 6meseci i 2meseci bese samo na probuvajne na vkusovi oti ic ne e od tie sto jade, sega sme 2god i pak ne e mnogu po jadejneto.
    Se po preporaka na pedijatra.
     
    На bela.m му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sreka16

    Sreka16 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2019
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Мајки на предвреме родени деца какви Д капки давате? Ние од почеток даваме Д3 со Омега и чисто Д3 по препорака на педијатар. А сега читам Д3 со К се дава до 3 месец, ние немаме давано до сега а уште малку полниме 3 месеци.
     
  5. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Јас давам д3+к и омега на бебитол.
     
    На Sreka16 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Првите 3 месеци: бејбитол д3+к и вигантол
    После 3 месеци до денес: бебјитол д3 со омега и вигантол
     
    На Sreka16 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ChiliGirl

    ChiliGirl Нов член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, цело време ве следам но сега одлучив да се зачленам.
    Мајка сум на предвремено родено бебе односно во 27та недела, машко бебе 730г и 35цм.
    Моментално имаме 2години и 1месец.
    Бебето додека беше малечко беше ептен мирничко, но после годината почна цело време да плаче. Сега иако е веќе поголем и разбира се постојано плаче и вика, од све се плаши од секој звук плаче, од блендер плаче, од звуци од кола, плаче и од ликови од телевизија, плаче ако не е по негово, плаче од правосмукалка(дури и од кај комшиите кога чистат, а не се слуша гласно) плаче од храна(буквално нејќе да погледне храна, кога ќе му речам ајде да јадеш почнува да бега:lol:).
    Сега почна да кажува по некој збор као мама баба тата, но не доаѓа на пример да ме викне мама, туку само знае да ги повторува кога ќе му речеме.
    Дали некој се соочил со вакво нешто? Дали треба да се оди на логопед или сеуште е мал да почекаме?
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Прематурчуњата мислам имаат редовни термини во јавно здравје со различни стручни лица. При разговорот со дефектолог беше ли кажано нешто околу сензорните интеграција или општо?
     
  9. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Не е рано. Обавезно после вонреднава состојба да го однесете кај стручно лице. Дали до сега е носено во центар за раст и развој?
     
  10. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.731
    Пол:
    Женски
    @ChiliGirl
    Не е мало детето за логопед. Да помине кризава фаќај термин на дефектолог и/или во Заводот за слух, говор и глас.

    Еве го мојот роман/досегашно искуство:
    Малиов е 25 месеца, роден 29 недела, 1310 грама. Редовно одевме на преглед на дефектолог. Таа утврди дека веќе заостанува во социјални, интер-персонални вештини и говор.
    Не зборува, не покажува со прсте, не кажува чао.
    Има и сензорни проблеми, на допир и текстури дури со храната, гадлив да фаќа некои работи и така.
    Кога не е по негово или се дере или плаче.
    Веќе на 22 месеца дефектологот не упати на први прегледи во Заводот за слух, говор и глас и на Клиника за психијатрија-Кабинет за невролошки растројства за деца.
    Во Заводот со еден термин иако е терминот кај 1 доктор, сепак се поминува низ неколку прегледи од страна на повеќе доктори. Тоа трае неколку часа и се влегува во повеќе соби- кај логопед, дефектолог, ушен лекар, оториноларинголог, психолог..и на крај се оди кај главната докторка во Заводот која ги разгледува сите извештаи и дава проценка што треба.
    По тој преглед не ставија на листа на чекање за рано развојна и говорна интервенција и прв термин/час со логопед требаше да биде 13 март, на негови скоро 24 месеци, ама коронава не зезна, се откажаа термините. Сега се снаоѓаме дома како знаеме и умееме, со активности и идеи од интернет и инста ( на @danichap , како и @diy_mom_diary, @plachkaigrachka_razvojni_igri, @detski_aktivnosti ..). Секој ден го планирам да има различни активности- работиме/играме со картички, сликички, книги, вежби за моторика, сензорни игри.
    Има мал напредок, почна да плеска со рачиња, да има поголем контакт со очи, да подава-следи наредби за дај, дојди, да јаде и неблендирано, да фаќа боички. Треба и стручна помош како и да е, сега сум како риба на суво, ќе чекаме да помине состојбата па да почнеме со терапии/часови на логопед и дефектолог.
     
    На IvanaCS и danichap им се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    @green.eyes завршија ли сите испитувања на куклите?
    Некаде ми остана во мозок дека требаше да завршат, а не прочитав никаде.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Не се уште завршени. Само на едната се прават, другата беше скроз ок од раѓање, па нема потреба кај неа од такво нешто.
    Мислам дека испитувањата што требаше да се прават на гастро веќе одлучија дека нема потреба сега скоро да ги прават, ама не ми е потврдено од доктор, тоа јас си се надевам дека е така према едни испитувања од претходно и она што разговаравме пред тоа. А за хематолошките испитувања ќе видиме.....од нив ми е повеќе страв :( Ќе контролираме крв во вторник па ќе одлучат дали и кога ќе се прават.

    :hug::hug::hug::hug::hug:
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,
    Ја најдов темава, не знам колку е активна. Мене во понеделник ќе ми ставаат Флостерон, превентивно затоа што постои ризик да се породам пред време. 28ма недела сум, ако има некоја воља да сподели искуство како изгледал тој пород во таа недела и како се изборило бебенцето, многу би ми значело! Може и порака да ми пише.
    Поздрав и убав ден ♡
     
  14. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Извини мила, што ти досадувам.
    Имам едно прашање до тебе. Прочитав дека детето ти е пред време родено, и дека бил во инкубатор во Систина некое време.
    Јас планирам да се порагјам во Систина, и имам опасност од предвремено породување.
    Ме интересира, ако сакаш да ми кажеш колку е цената за еден ден, за престој на детето во инкубатор?
    Слушаме дека било отприлика 1000 евра од ден. Точно е ова?
     
  15. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Не ми досадуваш воопшто, немај гајле. Се што треба слободно прашај и тагни ме, за да видам. и јас бев со ризик за предвреме и имав милион прашања во глава и од коа се породив исто беше. Сега се си е на место фала богу. Ама знам каков хаос е во глава....
    Јас се продив 33та недела и бебето беше скоро 20 дена во инкубатор. Цената зависи од тоа бебето што ќе користи во инкубатор, дали ќе дише самостојно, дали ќе користи маска и незнам што друго...и според тоа цената е од 13.000 до 30.000 од ден. Ние плаќавме 13.000 на ден бидејќи малиот беше супер, дишеше самостојно како резултат на тоа што претходно примав инекции за зреење на бели дробови.
    Ако нема некои компликации дополнителни и ако не е многу рана недела нема да биде повеќе од 13.000
    За мене плаќавме 7.000 денари плус од вечер да останам во систина. Ама сфативме дека за мене немаше потреба да седам таму. Бебето смееш да го посетуваш двапати во денот во точно одреден термин. Без разлика што седњев во болница не бев со него па всушност само беше полошо дека околу мене мајки со бебиња, а јас сама и само чекам да дојде терминот. Па подбро дома со маж ми да седиме заедно и одевме во болница во термините. Ионака целиот момент е психички тешок. Па седењето сама во болница не беше добро. Сепак тоа е твој избор. Ако сакаш да седеш таму имаш можност со доплата.
    Од други трошоци имаш 20.000 денари сестринска нега на секои 10 дена. Прегледите што му ги прават на бебето се по околу 2.000 денари. Зависи и тоа што прегледи ќе има, вид, слух, брисеви, ехо мозоче тоа стандард...

    Се надевам нема да дојдете до неонаталогија. А ако дојдете ич да не се секираш се ќе биде во ред. Таму се најпрекрасните сестри на цел свет.
    Која е причината што имаш ризик од превремен пораѓај ако смеам да прашам?
     
    На zhap4e и eta им се допаѓа ова.
  16. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам мила за опширниот одговор. Многу ми е мило што сте поминале добро, што на крај се, се завршило одлично и останало зад вас.
    :hug: :hug: :hug:, за твоето бебенце.
    И јас не би останала во болницата, што велиш ептен е безвеза чуството да ги гледаш околу тебе сите со бебиња, а ти си празни раце. Можам да замислам како ти било, уште од сега си плачам, кога ке помислам на тоа, и се молам бебенцето да не ми заврши во инкубатор.
    Уште потешко ми е што за ова бебенце се бориме со години, и на крајот да треба од болница да излезам без дете.
    Јас сум денес 30+4, пред два дена ми удрија инекција за зреење на плучата. Сега во четврток сум пак на контрола и вероватно ке ми стават уште една доза.
    Кај мене проблем е постелката. Имам плацента превиа маргинале.
    Но, тоа не е толку голем проблем, колку што е тоа што во последно време е полна со хематоми кои крварат.
    Засега бебето добро се развива, протокот е добар, цтг е уредно, но да видиме до кога ке тера така.
    Сега ке одам на почести контроли, цтг ке ми прават почесто, па да видиме, господ да е со нас.
    Се молам да издржиме, што подолго.
     
    На zhap4e, AlicaInWonderland и Alishan30 им се допаѓа ова.
  17. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Може и од мене кратко прашање? :)
    Што беше кај тебе причина за предвремено породување? Јас сум 28ма скратен ми бил цервихот и ме испоуплашија ме спремија како утре да ќе се породам. Немам болки, не сум отворена, само 25мм е цервихот.
     
  18. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Со 15мм цервикс истерав од 25та до 34та недела со строго мирување. До душа последната недела ми беше 0 цервиксот и бев 3-4 прста отворена и во таа состојба истерав една недела. Смирено, редовна терапија и строго, најстрого мирување :hug:
     
    На dromka и lemon8ejt им се допаѓа ова.
  19. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    А дали имаше болки кога ти се намалуваше цервиксот и кога се отвараше?
     
  20. HappyMom86

    HappyMom86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Моето е родено 34 недела. Немав краток цервикс но бев отворена од 30 недела. Лежев строго, воопшто не станував. 2,5 не е премногу краток цервикс. Со строго мирување, ќе издржиш повеќе. Има и на фб група Предвремено родени деца.. Има родени и во 24-25 недела, здрави и живи. Прими си инјекции за зреење да си бидеш рает.
     
    На lemon8ejt и eta им се допаѓа ова.