Не, освен оние стандардни болки што ги има секоја трудница. Единствено што приметив разлика е што дента кога ме примија на патолошка стомакот ми се спушти и од папок нагоре ми беше празен. Попладнето почнаа некој минимални болки, одма знаев дека се контракции и отидов на ГАК. Испадна дека бебка се спуштила во родилен канал со главата. Примав 12 часа инфузија магнезиум за контракциите, се смирија и си лежев така скоро една недела на патолошка па се породив 34+1, затоа што инатов мој реши да искача и се напика цела во канал, и ја напипуваа главата на преглед и беше опасно уште да се чека. Прочитај ми ја породилнта приказна, имам детално објаснето.
22ра недела измерен цервикс 30мм. Ништо ми рекоа дека не било штом не бкло под 25мм, но секаде каде што прочитав пишува дека е краток овој вервикс. Ќе следам овде што пишувате за него. Во 18та ми беше 35мм, во 22ра беше 30мм. Брзо се крати. А следен преглед ми е во 27ма недела. Чувствувате ли нешто со пократок цервикс?
Ти благодарам. Јас сум 33+ засега немам болки, ама ме фаќа некоја паника дека сите околу мене се со проблеми.
Не треба вака. Ама видов табела и до 30та недела требало да е 40мм. А од 30та веќе е 30мм, и ми се врти во глава податоков Зошто јас у 22ра ми е 30мм
Скратен цевикс беше кај мене. Не се плаши. Со мирување и со лежење се издржува долго. Јас кога лежев читав постојано и имаше многу што и отворени лежеа со недели. Колку и да звучи клише ќе ви кажам на сите само опуштено и без стресови. Мислам дека нервозата и стресот беа причина кај мене што не издржавме подолго. Вечерта пред да се породам толку многу се невирав и плачев демек што ми се дешава и ептен бев вознемирена, бебето беше размрдано многу и се породив. Неможам да си простам што се нервирав за глупости. Само лежете дома, и се ќе биде добро. Нервози во вакви моменти никако. Кај мене во 28ма недела исто ми кажаа 25мм и од тогаш ми почнаа нервозите. Ме исплашија и мене ептен, морав да идам кај матичниот за боледување и тој направи да се осеќам ко да е крај на свет. После во систина ме смирија и ме вратија во реалност. Примав инекции за зреење и лежев дома. Ептен по малку се намалуваше. Болки немав некакви да осеќам дека се скратува. Ама го осеќав дека е многу ниско и притиска долу. И последните 2-3 дена ме фати некоја паника и нервоза, се стресирав од ситуацијата и кога отидов на контрола бев отворена во 33та. Значи искрено од срце ви велам не се нервирајте. Се ќе биде добро
А вие што пшувате за цервиксот која должина ви е? Зашто ви го мереа? Имаше некоја причина? Дека по муабети и читање кај нас гледам дека во стандарден преглед не се мери редовно цервикс
Кај мене го мереа заради болка која кажав дека сум ја имала долу ниско. Од тогаш ја немам. Инвитро сум, имав 3 пати крварење, и ниска постелка. Лежев 3 месеци нонсгоп, сеуште ме водат како патолошка бременост. Потоа се е добро, но досега 3 пати ми е измерен цервиксот, и не е на мое барање. Ваљда заради претходните информации кои се запишани во мојот картон.
Од душо, си поминала долг пат до овде. Немој да се нервираш. Мене од коа ми го измерија 25мм одма останав да лежам дома, примав клексани секој ден. И за 5 недели беше намален до 17мм. Што е одлично. Да терав така до 45та ќе го носев Ама ете пусти нервози. Од 17мм за 3 дена толку се вознемирив што се породив. Незнам дали е поврзано и јас крварев на почеток 10-12 недела и бев со прогестеронска подршка. Штом те следи лекар нема што да сњ секираш. Повеќе одмарај и уживај. После нема одмарање да знаеш
И мене ми е хорор скратен цервикс кога ке слушнам. И оваа бременост сум со прогестеронска поддршка и прошлата. Се крати и кај мене понеделник ке видиме колку ке е во 21ва. Во 16та ми беше 3.5 на абдоменално,3мм на вагинално ехо. Се препотив. Ми кажа др нема место за паника,ако имам болки тоа и тоа и побрзо на преглед. До сега еве болки немам,но немам можност да мирувам. Првата бременост точно во 37ма се породив терапијата се покажа успешна. Брисеви во првата бременост освен кандида ништо не покажаа,сега излезе и стрептокока и ентерококус што дополнително ме плаши,но гледам колку толку да не мислам да тоа. Се плашам малце и разликата од царски рез е мала. Но мислам до 36та ке истерам
Јас се породив точно 36та и со 2 конизации предходно. Значи бара мн внимавање дисциплина и верба! Тешки се моментите со тие инкубатори но господ ги чува нашите најмили..
Баш те мислев сега и почнав да те барам во пораки да ти пишам Инаку целосно се согласувам со @AlicaInWonderland стресот и нервозата дефинитовно се најголем непријател. Јас едноставно си реков најмногу што можам да влијаам на ситуацијата е да бидам во хоризонтала и да си примам редовно терапија. Останатото не зависи од мене и џабе ми е секоја нервоза, само полошо можам да направам. Си најдов занимација, си цртав и пишував труднички дневник, гледаав серии и клипчиња на јутуб и киснев на форумов, @Happyinlove може ми ги памти испадите, во исто време бевме труднички. Цела бременост ми беше со компликааци, од обилно крварење во 8ма недела, до огромни цисти на јајниците од 10та до 13та и на крај 2 ипол месеци не мрдање од кревет. И знаете што? Вредеше се и 100 пати би поминала се за сонцево што ме грее секој ден. Бидете смирени, бидете храбри и бидете истрајни во мирувањето, ќе биде се во ред
Фала на убавиот одговор. Јас ништо никакви болки не осеќав, не знам зошто толку ме уплаши. Друг Др ми е ова и мислам некако другачие мереше, ама како и да е си треба одмарање и поголемо внимавање. Нема што да се нервираме, што е до нас ќе направиме се.
Девојки, фала на сите. Среќна сум што ја најдов темава и што пишав. Фала за позитивата, ќе ве послушам и ќе ви пишам како ќе се одвива понатака. ♡♡♡
Ние супер. Во фаза на проодување, брканици по дома. Гугање на велико, цели муабети си правиме.Одлично напредува, гурманче е, се си јаде. Крвна слика плафон. Малку е инат, се сака по нејзино и мн се лути и се дере ако нешто не е како што наумила она, ама се учиме дека не може така. Да не ја урочам, ама не очекував дека волку добро ќе напредува. Од срце посакувам секое прематурче да напредува како Мила моја. П. С. Како вчера да беше се сеќавам кога ме тагна во темава после пораѓајот, ја исчитав до последен збор цела. Колку само значат туѓите искуства. Фала ти Едит: најверојатно ги прашуваше како се трудничкиве што ни беа уплашени, ама и јас да си кажам
@tetoviranta Ако, ме интересираат и дечињава како се и новите мајки на прематурчиња да не читаат и да видат дека нема ништо страшно. Сме го поминале тоа. Знаеме колку страшно изгледа. Многу е тежок почетокот ама еве не сите супер. Мислам дека целото тоа искуство ме направри подобра личност и родител. Пазам на се. И сум свесна коллу вреди малото човече до мене. Не дека другите мајки не си ги вреднуваат децата, ама ние некако чекајки ги дома и плашејки се за нив некако покревки сме со пристапот. Не бевме ставено во барабанпт веднаш после порагај. Имавме други стравови И мојот калков гурман е. А седеше во болница подолгп зашто несакаше да пие млеко тогаш колку му се секирав. Прооде на 13 месеци што за прематурче е напредно. И така безгрижно си тераме сега. Вие колку месеци направивте?
Еве ме 3 и нешто недели поминаа од кога пишав, навистина бев преуплашена. Примив доза за зреење на плука. Сега сум 31+2 ми рече Др во 33та недела да направиме брисеви за да бидеме спремни па тогаш и преглед и ќе каже дали да примам уште една доза за зреење. Не се плашам веќе иако викаат 8ми е лош за пород, мислам тоа порано така гледале. Бебево е 2кг и Др ми рече дека е многу задоволен како изгледа и да се породам дека ќе биде се цо ред. Многу ви благодарам за секое споделено искуство, ми помогнавте да останам смирена ♥️