Лелее тој почеток, 40мл саат ипол се боревме да ги испие Те разбирам целосно што сакаш да кажеш, мн често знам да ја загледам и да му речам на маж ми со што ли го заслуживме ова совршенство. Она ни е второ бебе, првото го изгубивме во поодмината бременост, и буквално се чувствувам благословена што ја имам. Осебено ради тоа што релативно лесно поминавме и имавме голема среќа со оглед на тоа што се роди со прилично мала килажа за неделата и искочи од вода преполна со мекониум, а немаше никакви поголеми компликации. Единствени потешкотии што се почести кај прематурчиња ни беа интензивни колики и папочни кила. Па се чувствувам како да имам повеќе среќа од некој на лото што добил. 13ипол месеци е. Како летнаа не можам да поверувам Вие колку имате? @lemon8ejt Врска нема тоа со 8ми месец, имам претходно подетално објаснето зошто порано било така, ама не можам да си го најдам мислењето. Ако те интересира ќе пишам пак. Мила ми е родена во 34та недела,баш сеа пишав дека немавме никаков посериозен проблем. Стискам палци да истаерате што подолго
@lemon8ejt и јас тогаш бев исплашена од муабетот за 8ми месец и докторот ми беше објаснил дека вп современата медицина не било веќе така. Во 7ми месец имало неразвиени дробови и ако се роди ги ставале веднаш на апарати да се развијат. А во 8ми овој процес е веќе почнат и практично со пораѓај се прекинува и затоа порано било ризично пораѓајот во 8ми. Денес не прави разлика. Посебно па како ние што имаме инекција за зреење нема ризик. 2кг ти е веќе супер тежина. Ич да не се секираш и лежи си. Кога и да биде, ќе биде се во ред. Ќе си полежиш уште некпе време @tetoviranta ние веќе 19 месеци. Веќе почна да се изедначува со врсниците во физичкиот раст. Инаку се познаваше во првите месеци дека е поситен. Развојно сме супер. Веќе на прегледи не го ни третираат како прематурче
уште во раце заспивате денски?? ех, имав неколку прашања ама изумив, кога ќе ми текне ќе те прашам ..
Денски да во раце. А навечер го оставам на спална. Се врти 20мин - пола час и заспива. Денски многу брзо заспива. Само што ќе го гушнам готов е за 1 мин. Го нишкам 1-2мин и го оставам во креветче. Што и да ти текне тука сум ☺️
Пишувам за утеха за сите мајки кои се наоѓаат во слична ситуација. Мене многу ми значеше кога ќе прочитав како некои истуркале дури до 9ти. Ние за жал не стигнавме до 9ти, но сепак бајѓи истуркавме. Од 26+5 кога дознав за скратениот цервикс со фанелинг, со лежење стигнавме до 34+4. До тогаш цервиксот ми беше супер не знам зошто толку се скратил. Примав терапија утрогестан 3х200 и магнезиум 2х300. 28ма и 32ра недела примив флостерон за зреење на белите дробови. 29 недела цервиксот ми се скрати до 10мм, ме прати матичниот на ГАК, но не ме примија на патолошка само ми рече да примам плус прогестерон депо и антибиотици еритромицин. Цервиксот остана 10мм се до 34+4 кога бев на контрола и брисеви, но сум се отворила 3-4 прсти, цтг мирно, ме прати повторно на ГАК да полежам на патолошка. Но, таму на цтг покажуваше контракции и ме пратија директно на породување. Се породив природно, лесно поминав. Останавме 10 дена во болница, беше на кислородна поддршка 7 дена, беше претешко не можев да го гледам на сета мака и заради коронава. Но сега сме дома се гушкаме, супер си напредува .
Мајки кажете кога вашите бебиња фаќаа предмети со рачиња и се вртеа сами на стомаче? Знам дека секое дете е за себе но чисто да очекувам.
На 2ипол почна да фаќа предмети пти случајно ќе му допреа до рака. А на 4ипол почна сам фс посегнува по конкретни играчки и да си ги зема. Вртење од меше на стомаче на 5ипол, а обратно од стомаче на грб после еден месец, значи на 6ипол. Самостојно седење дуру на 8. Лазење на 10ипол. Исправање држејки се за предмет исто на 10ипол. На 12 почна да оди држејќи се за мебел. На 13 прооди самостојно. На 15 почна да качува и симнува скали... Мислам опфатив се во врска со моторичкиот развој. Можеш да прметиш дека на почеток “каснат” ама потоа брзо ги стасуваат врсниците. Но сепак и онака развојот е индивидуален. Па и кај терминските бебиња не сите прават се во исто време. Следи го развојот според корегирана возраст. едит: сега видов дека си се породила 36та недела, немаш простор за грижи
Мајкички, и јас сум со предвремено родено бебче. Нашата Јана дојде на свет на полна 33 недела. Бевме 6 дена во инкубатор и 3 дена во топло креветче. Се роди со 1810 гр тежина и 47 см. должина. Ме интересира, вие што имавте летно прематурче, како го облекувавте, покривавте? И во која позиција го стававте да спие? Дали да спие само на грб со свртена глава на страна, или даш спие на страна со тоа што ке му се потпре грбчето со некоја перничка. Ве молам за помош
Нека е жива и здрава Скоро идентични се со мојот херој. И мојот е роден 33та, скоро иста килажа. Веќе е година ипол, поминавме долг пат па така за се што треба слободно тагни ме и ќе ти одговорам, дека веќе сме во подформот дете, па ретко отварам кај бебе да читам Мојот е зимско дете, ама кога не испратија од болница неколку пати ме предупредија да внимавам да не го претоплам. Да не користам дебели ќебиња, капи, ракавици на раце...Многу било битно да се внимава кај прематурчиња да не се прегреат. Немаат развиено регулација на температура. Дури докторката ми велеше не се плаши од настинка. Полошо е претоплувањето дури и од настинката. Ние цело зимо бевме на памучно ќебе. И покривање до гради, рачињата надвор. Никако до врат,глава... Во врска со положбата на спиење. Најдобро е да спие на грбче, главата секако ќе си ја врти лево десно, како му одговара. На рамна површина без перници и потпирачки. На страна или на меше коа ќе почне да се врти сама. Мојот првите месеци спиеше на подигната перница поради рефлукс. Незнам дали го имате овој проблем, доста чест е кај прематурчиња
Здраво и живо бебето. Јас по недели се породив 38+6 недела, но заостануваше во развојот и беше оценета за 34-35 недела. 2400 гр со 45 см. Заведена како прематурче. Ептен беше кревка. Родена е 21 август, но беше секогаш ладна дури и помодрена и на сред лето ја облекував по долг ракав и боди и шпихозни. Дури и нонн стоп ми беше завиткана во меко ќебенце од што беше малечка да можам полесно да ја држам. Во плодност сум породена па ми рекоа така да ја држам. Дури кожата на рачињата и се лупеа 3 недела - процес кој требаше да се случи 36 недела во мешето. Друго немавме проблем. Беше родена со голем рефлекс за цицање, и сеуште цица. 10+ сме И сега е поситна од генерацијата. Скоро 70 см, а тежината добро оди. Триплиравме тежина пред 7 месец. Гушкајте се. Кожа на кожа, ако доиш често на града. Сега му треба топлина и твоја блискост, како да е во Меше.
Од кога се породивте ја оценија како прематурче или и претходно знаевте дека касни со неделите? Прашувам дека одвај чекав да стасам 37-38ма недела и сега ме замисли
Најпрво секој случај е различен. Немој да си правиш дополнително стресови. До 30 недела се беше во ред кај мене. Бебе си растеше и одговараше на неделите. После почна да заостанува, а не можеше да се открие зошто. Доплер, ехо скрининг беше во ред. До 36 недела заостануваше 3 недели. Како во место да седеше со раст. Ме спремаа за предвремено пораѓање, но со редовни и чести контроли стигнавме до 38 недела кога плодот заостана веќе 4 недели. Кога последната недела почнав се поретко да го чувствувам бебето на мое барање со провокација ме породија во 38+6. Се испостави дека на самиот крај каде завршува папочната врвца пред бебето, имало чвор па не можеше да се открие бидејќи цело време Доплерот на папочната беше во ред. На крај се убаво се заврши, бебе е родено со убави оценки. Направени се скрининзи на срце, мозочен, бубрези и колкчиња бидејќи редовно во Плодност се прават и Фала Богу се беше во ред Само што си родив една палчица која Еве иако е поситна физички, менталниот развој и е одличен. Ти бремена си? Која недела? Имаш некои индиции за предвремено?
Благодарам на честитките, само убавини господ да вракја . За облекувањето и нас ни рекоа едно потенко боди на долги ракави или шпикозни потенки, но постојано се прашувам дали е тоа во ред, иако живеам во еден од најтоплите градови во државата. Ни рекоа може да се пушти и клима, во друга соба, не во таа каде што е она и температурата да не е многу степени разлика од надворешната. Страв ми дали е добро облечена зошто и облеката и е големка, па може да се случи ноженце да и испадне мегју копчињата на шпикозните или вратчито да и е голо. Значи не треба да и се потпира телото да и стои на лева или десна страна, јас го правев тоа одвреме навреме, иако таа си се врти лево и десно не само со главичката туку и грбчето си го врти. Некогаш цело тело си го извртува во друга положба од она што сме ја ставиле. Наместо во хоризонтална положба како што сме ја поставиле, се извртува со коса положба. А рефлукс како се манифестира?
Благодарам, и вие да сте ми живи и здрави . Јас постојано сум во недоумица, дали е доволно облечена, и дали температурата во собата е добра. За помодрување, мојава не помодрува, само вчера додека ја бањавме, приметив шаките и стапалата на кратко и помодреа. Ни рекоа да ја бањаме на три дена и секој ден да ја мачкаме со хидрантно млеко за тело, за бебиња. За хранењето, се храниме со шише, има од почеток рефлекс за цицање, но не може да цица од града. Пробав, ама ништо. Немам и доволно млеко, и го даваме тоа што сум го измолзила но, често се тоа само неколку капки, па ги даваме со лажичка. Машала, мило ми е што добро напредувате, така да си продолжите и понатаму. Со која тежина се родивте? И ние сме многу мали, уште ни гардероба нема за нас, се што облекуваме е големо, стрчи од сите страни. Ти благодарам на советите.
2400 се роди. Но 45 см. Од облека се и висеше до 2-3 месеци. Тогаш 0 односно 0 големина почна да и се таман. Но тоа не е ништо страшно. И сега 6-9 сеуште носи. 9-12 големи и се. А 10 месеци е. Спојлер Еве овде е стара неколку дена со батко. Голема разлика ми се 14 год. Колку дланката од батко е. Види како виси се на неа. Рачето до пола ракав и е, а шпихозните 0 се. Знај дека малите бебиња се борбени и брзо растат. Уживај си сега. Ако можиш молзи се за да го прима колострумот од тебе. Ќе зајакне и може ќе цица. А и да не цица не е страшно, убаво е, но важно е да напредува. Ве гушкам
@eta те читам драга, најпрво да ти го честитам бебенцето, да ви биде здраво и живо, сите убавини на овој свет да си ги дочекате од него. Јас моите близначиња ги родив во 33 недела. 1900 и 1730 гр, со 40 и 38 см. 13 дена беа во инкубатор. Такви минијатурни беа навистина кратко време. Лакоми беа по млекце, па фала му на Господ и многу бргу напредуваа. Од вчера се 9+, ами јас веќе кичма немам. Безмалку по 10 кила имаат. Прасиња едни! Знам дека стартот е многу, ама многу тежок, особено на мајките на прематурчиња... Цел час ќе ги храниш со 30 мл млеко, за на крај да поврати пола... Сила за цицање немаат... Па ајде одмолзувај... Првата ноќ ги храневме со шприц. Тие голтаат едвај, пола им тече од муце, јас плачам. Многу демотивирачки делува тоа на старт, јас само ги гушкав и им велев: "Може ли јас само да ве сакам, само љубов да ви давам оти друго ми е страв да ви правам". Тогаш мајка ми ме седна и едно убаво ми кажа, ми кажа дека единствено и единствено мојата грижа им треба. Таа беше тука за мене, а јас за нив. За неполна недела јас умеев се да им правам. Без никаков страв. Преку ноќ станав супер мајка, и уште се чувствувам како таква. Колку и да е клише муабетот, навистина е така ама растат буквално со брзината на светлината. Уште не можам да се свестам дека ги пораснав децава. Ти посакувам позитивна мисла, лесни денови, убава рутина, и да бидеш насмеана мајка
@eta рефлукс е коа млекцето се враќа назад. Често кај пеедвреме родените бебиња не стасало да се оформи некое како капаче на желудникот (ова вака лаички се изразувам, не сум медицинаки стручна) и кога ќе пијат млеко знае дел од млекцето да го поврнат. Значи не е она типично повраќање, напнување од желудник, туку како излевање на малку млекце. И навечер бидејќи цицаше на 2 часа, од коа ќе цица го враќам во креветче подигнат кај грбчето за да не се врати млекце и да се засркне. Штом до сега сте немале проблем, нема ни да има. Ние поради ова и подолго заглавивме во болница. Требаше повеќе време да почне да качува на килажа. Ама и ова кратко траеше. Штом се врти остави ја природно да се намести како сака за спиење. Само на меше не ја оставај. Ниту перници околу. На рамно креветче нека си се намести сама