Ако мислите на трансфузија на крв/плазма обично е кога крвната слика е послаба или инфекција во прашање па да се појача имунитет. Ние плазма примивме.
Освен очна контрола и за слух на три месеци не ми спомнаа за ехо на мозоче. Дали е задолжителен, и кога се прави? Или мора индикација?
Вака и теорија ниту еден не е задолжителен. Ама пожелни се сите. Кај скоро сите прематурчиња има крварење во мозочето, не е ива ништо страшно туку е последица на тоа штое прекинат развојот во матката. Кај нас правеа едно ехо уште веднаш во болница. И потоа се препорачува уште едно, најчесто коа ќе го надмине терминот кога требало да се роди. Тогаш всушност завршува развојот и тоа крварење до тогаш треба да е повлечено. Кај 99% се повлекува ова. Ама нели најдобро да се следи и види. Да си бидеме на сигурно Сепак најдобро ќе ти каже докторот што го следи бебето
Кажете ми тие што нивните бебиња се на адаптирано млеко,дали имате проблем при хранење?Ние сме родени 33 недела пиевме пре нан додека качи на килажа но пред да ми го прекинат нанот бепче пиеше многу споро сега веќе сме на Аптамил 1 и и давам по 90 мл ама многу споро ги пие се молиме за пиење а гладна е и на 3 саати сама си бара чим и напраам повлекува неколку пати силно и после тоа едвај само мљцка како со сила.Знам дека овие бебиња имаат потешкотии во исхраната ама мислам дека 1 саат да пие да не е многу а знае за 2 саати пак да побара? Извинете на долгиот пост ама сепак ке ми биде од корист вашето искуство и мислење.Иначе заборавив да напоминам сега веќе сме два месеци.
симонке сигурно во болница е направено ехо на мозокот штом нема ништо на отпусната лиата напишано тогаш и ехото билово ред Пожелно е да се направи ехо понатаки чисто да си мирна
Аптамил иако е најскапо, и на тетка ми малото вака се тегавеше и блуцкаше од него а родено беше 32 недела. После со Нан продолжи да му дава, и на Нан беше до 8 месец без проблем и напредуваше.
Пре нан пиеше но исто споро и тој почна да го исфрла при пиење низ уста но од него почна да фаќа запек, темно зелена столица и грчрви кога му дадов аптамил се среди столицата ама грчеви бетер али и јадењето 1 саат.Сега јас не барам за 10 мин да е готово ама и тоа не е пиење а и брзо заспива најверојатно се уморува при влечење ќе пробам и со друго шише ма да на томи типи се од 0+.
Со пре нан беше ама столицата ни беше катастрофа маки додека се искака.Трмно зелена сврста ко црево.Жал ми беше многу да ја гледам.Со аптамил се среди ама бетер грчеви и гасови ја фатија.Ќе видиме.
Родена 37 на граница со 38 недела... Ставена е во инкубатор поради недоволно развиена плуќа.. не можам да ја видам поради ковид забрането е посетување ..душа немам два дена поминаа а ми се чини вечност... Почнаа да ми се вртат многу лоши мисли
Извини што те тагнувам Мојата е во инкубатор ,недозреана плуќа ми рекоа , на некој bubble апарат е ,спомнуваат само префрлување на оддел ако е се во ред ,а не топло креветче која е разликата дали би знаела ?
која недела е родено бебњто? колку тешко е едит сеа прочитав погоре сеа е на детска клиника на приземје гарант таму е тоа е интензивна нега штом се поправи на подобро ке ја качат на 6ти кат неонат ке бидеш и ти со неа таму е сеа со коронара незнам како функционира се тоа ситуацијата не е наивна ни малку но ке биде се ок
Граница 37 со 38 недела на ехо никогаш не се виде дека не е во ред нешто Родена е 2960кг со 47 сантиметри Да на приземје е и само телефонски инфо може да добијам. Со корона нема посети никакви и немам шанси да ја видам ,друго е кога ќе видиш ама тоа е. Многу се плашам .