Искуство со предвремено родени деца

Дискусија во 'Бебе' започната од eva11, 29 февруари 2012.

  1. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.025
    Пол:
    Женски
    Моето е на време родено и цица, ама патронажната има кажано откако ќе почне да цица за три саати пак можеш да дадеш.
    Види според бебето, не е страшно и малку побрзо/поспоро да даваш. Ќе добие на сила како ќе расте. Ќе плаче кога е гладно.
     
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    @Taptapy
    Споро цицаше и моето, на почеток по 30-45мин беше подој. На 2 саати му давав јас на почеток. После мислам накај 4-5ти месец почнав на 3 часа.
    За адаптирано е океј на 3 часа. Толку време му треба да се свари во желудник. Мајчиното млеко побрзо се варело.
    Мали се, немаат сила, нормално е цицањето да трае долго.

    @simonka93 нас на излегување од болница ни објаснуваа многу работи. Една од нив беше претоплувањето.
    Всушност секој ден после секоја посета на бебе додека беше во болница имавме некое објаснување за тоа како ќе биде дома и чувањето на прематурче.

    Пример еден, ние од болница излеговме декември. И тој ден идам јас со алишта да го облечам да си идеме дома. Значи декември ладно, јас мало бебе и нормално носам бодиња на долги, шпихозни, комплетче дебело, хулахопки....
    Сестрата од интензивна коа ме виде ме скара. Зема алиштата и го облече во боди на куси ракави, комплетче и чирапчиња. Толку. Ми кажа вака ќе ги облекуваш по дома на темп од 22 степени.
    Ми рече ракавици никако, капче само за по надвор. Дома капче никако. Покривање со дебели ќебиња исто никако. Обично памучно ќебе.

    Спиење било супер на 18 степени. Ама јас искрено таква ниска темп дома немам дека се грееме на парно и работи постојано одржава темп. Па затпа и за спиење не го многу облекував
     
    На MilaSs12 и simonka93 им се допаѓа ова.
  3. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.226
    Допаѓања:
    70.692
    Во ГАК ова??
    Јас имав спремено повеќе облеки, демек за да ми кажат како да го облекувам, ама сестрата ми рече како што сакаш облечи го. Ми напомена за прегледите само, друго ништо. Во деновите дур бев и јас таму, само информации ми даваа, килажа, терапии и толку.
     
  4. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    @Taptapy па знае да трае 30-50 минути зависи ,ама ја оставам додека не ја пушти сама не и ја тргам ,и и давам кога сака ,првите два дена ја будев ама затоа што таму ги ранеле по саат и си беше навикната на тоа дали спиела или не некој шишето да и го даде ,сега веќе се научи сама да се буди. Се буди на 3 до 3:30 часа ,е сега како напредува ќе знаеме другата недела на контрола
     
    На simonka93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Не, во Систина. За жал од муабети знам дека државно се катастрофа за ова. Никако не ги спремаат родителите.
    Ние освен усно учење не учеа и како да го бањаме, го бањавме таму, менување пелени, облекување, држење, доење....сега ова може изгледа смешно, ама секоја нова мајка верувам ги имала овие стравови.
    Затоа и споделувам информации што знам.
    И плус од коа не пуштија дома ми дадоа дежурен број, и ми беа достпни 24/7 за било какво прашање. Сестрата сама мо велеше, не се срами за ништо, барај не макар било најглупавото прашање на свет. И стварно ги барав за глупости, како на пример: леле бебе поврати и ме смируваа и ми даваа совети.
    Стварно тој третман многу ми помогна.
    Треба Гак малку да поработат на тоа. Секое бебе заслужува
     
    На Vina Nevina_55, eta, Milkiway и 4 други им се допаѓа ова.
  6. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    5.376
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас сум многу задоволна од целокупниот третман во Систина, почнувајки од водење на високо ризична бременост, па се до неонатологија и интензивна нега.
    И мене ми дадоа број ими рекоа за што и да е во били кое време да им се јавам, а искрено не ги штедам многу, за секакви ситници им се јавувам, и ним и на др.Станка.
    Нејзе понекогаш и се јавувам, понекогаш и пишувам пораки, па ми одговара кога ке може.
    @simonka93 , @Осе , и мојава е родена во 33 недела со 1810 гр. тежина. И она многу често ика и испушта гласови, како што вели Симонка, како јаренце.
    Исто и многу немирно спие, се врти, се собира, се грчи, ставија најгоре во креветчето ке ја најдеш најдоле. Не знам дали и вашите се така?
     
    На Vina Nevina_55, Meckicja, AlicaInWonderland и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    @eta хаха уште не стигнала до најдодлу ама кај и да е ќе почне. Свекрва ми не ми веруваше дека се врти кога и кажував ,некни ја зема во раце и се изврте ии вика види стварно се врти. Скоро ич не ја оставаме сама заради тоа. Јас не можам да е разберам со луѓево за претоплувањето , свекрва ми само ладно е види ика.. аха ете кивна ти кажав облекувај ја одма. И за широк повој исто пола стави пола не ставај ,јас сум збунета. Ставете ли вие ?
     
    На Meckicja и eta им се допаѓа ова.
  8. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Ставав мнoгу краткo ама имав чуствo дека jа нервира и тргнав.
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас ставав 2 недели. Коа излеговме од болница во извештајот пишуваше препорака за широк повој. Јас нова, неинформирана, исплашена и ставав. После приметив дека на бебе ми е многу топло и го нервира и престанав.
    Се информирав дека во странство нема ваква практика никаде, само кај нас застарен медот па така на своја рака тргнав.
    На нареден преглед ми кажа немало веќе потреба, доста било :D
     
  10. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Абе човек да не знае што да направи ,јас ставам ,мајка ми свекрва ми и золва ми ми викаат да ставам требало посебно дека женско до 6 месеции :^),во отпусното не пишува ништо , педијатарот и кумата викаат не , другарка вика и на золва и педијатар и рекол не ,па кога правеле ехо на колачиња и дале каиши:x (facepalm) А гледам жешко и е плус и смета кога има грч не може да си се свитка да и олесни зошто има многу гасови... ;((facepalm) И стварно не знам што да правам
     
  11. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.025
    Пол:
    Женски
    Додека да отидете на ортопед може да и ставаш само навечер, и само една пелена над памперсот.
    Јас на првото му ставав до 40 дена зашто така ми беше поцврсто за држење. На второво не. Ниту еднаш. Веројатно искуството си го прави своето. А и ова е поголемо родено. ;)
    Мислам дека нема потреба, ама ете ако ти е шубе, јас така би направила.
     
  12. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    1.487
    Пол:
    Женски
    Колку месеци има? На околу 2месеци се прави првиот преглед на ортопед, а може и порано мислам, така дa најдобро решение би било да го однесеш на ортопед и ако има потреба има едни како гакички се облекуваат врз пелената,земете ги тие, а ако нема потреба ќе ви каже докторот.
     
  13. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    5.376
    Пол:
    Женски
    Облекувањето и мене ми е слаба точка. Секогаш се прашувам дали е соодветно облечена, си мислам дека или премногу или премалку е облечена. На првата вакцина ми беше во бенкичка на долги ракави и панталонки, др. Сајкоски ме изруга дека многу сум ја облекувала. Ми вика ти како си на кратки, на детево му е уште пожешко бидејки мрда, претка постојано.
    И твојава е цврста. Душичка малечка :inlove:.
    Ние сега полниме два ипол месеци, пред една недела бевме на ортопед. Тој вика, браво многу цврсто дете . Значи, добро е, го прашувам. Ми вика како добро, ако е добро треба да е тројка, ова е одлично.
    За широк повој, јас до прегледот и ставав еден памперс плус, свртен наопаку. Така ми рекоа од Систина, пред да не пуштат дома.
    Ортопедот рече да не го ставам повеке вториот памперс, немало потреба.
    Можеш и ти така да си ставаш до првиот ортооедски преглед, потоа ке видиш што ке ти каже докторот.
     
    На AlicaInWonderland и Leo_29 им се допаѓа ова.
  14. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.205
    Пол:
    Женски
    Jas ne stavav voopsto sirok povoj
     
  15. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Почнав дење кога е многу топло да и го вадам ,па само ноќе да го ставам. После 6 недели на ортопед пишува во картончето. Јас и облекувам боди на прерамчиња ,бенкиче или блузиче на долги и панталончиња ,ама некогаш ја приметувам се поти така а свекрва ми како можело само со едно па она била рскавица ќе настинела уште тоа и фалело... И дури шубе ќе те фати на толку зборување . А плус се запури на газето од тој широк повој се си мислам дека. Ама ќе издржиме уште месец дена па ортопед ќе си каже најдобро.
     
  16. Rainbowbaby

    Rainbowbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.036
    Пол:
    Женски
    Јас не ставам широк повој. Точно на 2 месеца ја однесовме на ортопед, кај Видоевски, кажав дека не ставам широк повој, на што ми одговори дека и самиот памперс е широк повој. Под тесен повој се подразбира мотање на бебе како порано што ги виткале. Не сум стручно лице, само кажувам докторот како мене ми објасни.
    Ја гледаше на ехо, се беше супер дури и јадренца имаше веќе.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Извини не ми текнува, кога беше родено бебето?
    Чудно ми е прематурче јадра на 2 месеци....
    Всушност и за терминско бебе јадра на 2 месеци е многу рано.
    Али незнам, не сум стручна.

    Кај нас на 6-7 месеци имаше јадра. Накај 9 мислам целосно беа оформени.
    Да знаете да не се плашите
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Едно прашање, моето е родено во 38ма недела ама ми кажаа дека е како во 36та и е на граница на прематурче ама не се води како такво. 3060 грама, 48 см е родено. Дома сме сега, 9 дена имаме. Прашањето ми е дали има помали пелени од памперс 1 ?
     
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Има 0. Единствено па памперс јас тогаш успеав да најдам 0.
    Ги има во зегин, има само мали паковања, и ги немаат секогаш на залиха. Па коа ќе начекав си земав повеќе.
    Ако си од ск таму најверојатно се повеќе снабдени и може ги има и по др аптеки
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  20. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Да, во Ск сум, фала ти :)