Родена е во 34 недела и докторот кажа дека супер е тоа што на 2 месеци цеке ги имаше. Дали има врска големината незнам, бидејќи иако е родена порано се роди 3100. Јас многу не се разбирам, а не знам зошто би ми рекол дека има јадра ако ги нема...
Дали некој во скоро време бил на Клиника за уво, нос и грло? Кога излеговме од болница ни рекоа задолжителна контрола, а кога се јавив на бројот ми рекоа од септември натака. Сега пак се јавив ми вика закажете преку матичен, а матичниот ми вели немале термини за закажување. Без упат не примале, пример на очната клиника бевме така без упат закажавме на нивниот број.
Мене ми рекоа дека не примале кога прашав сеуште ради ситуацијава па бевме во Ремедика 1700 плативме.
И мене ова ми е чудно, баш вакви звуци испушта кога спие. Немам искусено такво нешто со поголемото. Знае некој зошто е тоа така? @simonka93
Искрено не знам зошто е така, ама сигурна сум дека е нормално и нема простор за грижи Фала ти на информацијата
Истата мака ја имав јас со едниот близнак од аптамилот 1,никако не ми го прифати и на крај земав хумана 1 и сега бара упте кога ќе испие.А претходно со молење беше
Здраво, дали некоја се има породено во 29та недела? Како е со развојот на бебето? Колку време во инкубатор било?
Не се породив 29, ама следната недела, 30+3. Јас имав близначки, па заради тоа беа доста помали бебињата за разлика од едно бебе во таа гестациска недела. Во принцип, се’ зависи од тоа колку се развиени, гледам по моите две. Едната беше во инкубатор 6 дена само, после беше во топло креветче. Ама белите дробови и беа развиени, од третиот ден дишеше скроз сама без никаква поддршка. Од старт супер се развиваше. За разлика од неа, другата се роди со неразвиени бели дробови и плус малку повеќе плодова течност се напила па си направи дополнителен проблем заради кој имаше дрен па после беше и на респиратор. Таа беше во инкубатор 3 недели. Ќе биде во инкубатор толку колку што е потребно, не е тоа воопшто мерило за понатаму. Само трпение многу треба Се породи во 29 недела?
Не сум породена туку почна грлото на матката да ми се отвара па инекции за зреење ми ставаат па сакав да бидам спремна што како се случува. Се надевам дека ќе почека малку бебево.. Како и да е целосно збунета сум и исплашена.
Прати совети од лекарите. Строго, ама СТРОГО лежење. Јас од 28 недела имав контракции, со совет само да лежам. Ама непослушна бев, правев ручеци низ дома потшетнував да се доспремам за бебе. Истеравме до 32+5 недела, бебе се роди 2100 гр, на болница беше 16 дена. Нема правило колку ќе го задржат, тоа од бебето и многу други фактори зависи. Опушти се само, и лежи. Се ќе биде во ред
За гласови јас сватив дека и се грчеви.. мојава мн ретко плачеше ама како јаре беше баш. И икањето не е проблем голтаат воздух додека јадат. Моиве само одеа по мене демек ладно и било, а 3 пати дневно може икаше. Без грижи
Ние правевме во Декември, и без пандемија немаат термини и не пуштаа така како за Очно за ретинопатија. Јас го носев во Ремедика скринингот беше 1700 ден и потребно е бебето да спие.
Прашавме дали може без упат, ни рекоа не... луда држава. Како препорака имаме задолжително да појдеме, а не можеме ни да закажиме ниту без упат. Ајде чекавме септември да дојде прво така ни рекоа, сега пак ништо. Долго трае прегледот во ремедика?
Мајки дали некоја од вас има искуство со вода во тестиси ? Бебебето од сестра ми родено 31 недела, сега е веќе 2 месеци, денес го носеа на преглед и му го откриле ова...
Мајки кажете ми има ли некоја искуство во врска со породилно дали кај мајки со предвремено родени бебиња може да се побара или следува повеќе породилно бидејќи така нешто ми спомна една пријателка ама не беше доволно информирана па реков да прашам да не има некоја од вас информација и доколку има да ми објасни што треба...Ви благодарам )
Сум прочитала одамна беше дека може да се прекине породилното додека детето е хоспитализирано имаше некој член таков, ако знае некој нека пише...
Не не не барам да се прекине барам дали може пример на место 9 месеци да трае 1 год по што е порано родено бидејќи реално според корегирана возраст порано и помало го оставаш дома и почнуваш наработа. На тоа мислев.