И јас бев бремена со близнаци и ме боцнаа во 29 недела,ќе ти кажат дали треба уште една доза да примаш.После боцкање си отидов дома
За во Систина ова? Бидејќи на Гак ми спомнаа дека ќе мора да лежам таму. До каде си ти со бременоста?
Да ти се живи и здрави. Кажи ми до која недела издржа после зреењето, сеуште не ми е баш јасно далисамото зреење автоматски значи дека ти порано ќе почнеш да се пораѓаш или има шанси да се турка до некоја сигурна недела
Јас се породив 31 недела.Не значи дека порано ќе се породиш,мирувај постојано,станувањето да ти биде само до тоалет.Со лесно
Зреењето нема врска со порпдувањето. Таа инекција е за побрзо созревање на белите дробови кога проценуваат дека постои некаков ризик за предвремено породување, за во случај ако се породиш предвреме, да се бебињата спремни. А можеш да издржиш и до 40та недела, никој не може тоа да го знае
Јас ја примав 28 и 32 недела, но кај матичниот и си замнав дома веднаш. (Немав близначка бременост, но функцијата на инјекцијата е иста, дали за едно или две бебиња)
И ја примав флостерон со првата бременост, две дози, првата на ГАК втората кај матичен, не се останува таму, си одиш дома и одмараш. Со лесно
Како си? Не се грижи, се ке биде во ред. Има и кај нас добри доктори. Жан Митрев и Систина мислам и прават бесплатни операции на срце кај мали бебиња и има добри доктори. Знаете ли каква аномалија е? За зреењето, другарка прими 31ва со скратено грло беше и истера до 39+ некој ден со близнаци.
Примив вчера и денес инексии за зреење, тоа било 1 доза. Кај мене е проблем што заради постелката може да се почнам да крварам во секое време и да мора итен царски, а многу се мали, секој добиен ден и недела ни се драгоцени. неможе да се договори ден од сеа оти гледаме да изгураме колку се може повеќе, а ризикот по мене е голем. Децата се 1000г и 1150. За операции, веќе е разговарано со др. Чадиковски, цел тим е сега во Систина, се е покриено од ФЗОМ, ќе видиме кога ќе се роди детето што све ќе треба да се прави.
Едно прашање имам за моја другарка има близначиња прематурчиња ги дои и на адаптирано се, од кога се почнува со пробување вкусови?
На пет ипол регуларно почнавме. Ова по препорака од Др.Фидановски од неонатолигија во Систина. Од 6 месеци давам цел оброк 120 мл. Почнав со две лажици, и секој ден зголемував за две. Ми рече до 6 месец да дојдам до 25 лажички а тоа е 120 мл. Во која недела се родени близначињата ?
Мислам дека беа 34 или 35 не сум баш сигурна, она посекако кон крајот на месецот си е на регуларна месечна контрола ќе си праша и педијатар, ама чисто да слушнавме и други мислења.
Еве упдејт од мене. Од денес 29 нед, примено 1 зреење, бев на контрола вчера, договоривме доктор за операција, ќе имам кого да барам ако почнам да крварам, планот е јас да летам во болница итно, докторката да прави тим за операција. Ваков е планот негде за до 32 нед. а после ќе ме хоспитализираат за да бидам под 24 часовен мониторинг па што и да се случува да сме спремни.
Да ви се придружиме со нашата приказна: роден 33+1, 1850гр. 13 дена беше во болница, после 6дена во инкубатор го извадија во топло креветче. Од попладнево го земавме дома. Се изнаплака по 15-20мин со прекини во креветче и се испосекирав дека не ги спие потребните 3часа. ГО ставив на гради кај мене, легнат, во 3та секунда заспа и еве дежурам втор саат...ама го вратам ли во кревет: прета и плаче после 10мин. Некоја со слично искуство? Ве молам помогнете ми, не знам како да ја истераме ноќта, а да поспие во креветче?
Здраво и живо да биде. Очигледно бара близина и топлина односно ја бара мама. Или да не е Гладно? Цица/ или АД пие редовно?Некое време земи го до тебе, кога спие спиј и ти. Знам тешко е но некое време додека земете ред тоа е. Пробај цуцла да му дадеш. Не се грижи и не гледај дете по книга и на саат. Ништо нема да му биде ако спие +/- некој саат. Сега е битно да бидеш смирена, да го храниш/доиш и нека те замени некој да бидеш одморена. Среќно