Од медела шише цица. Во болница од такво пиела и јас такво земав за дома. Ама од класичните Медела шишиња
Mozes da go prijavis uste istiot den nema vrska toa kolku ke bide na intenzivna Ne se plasi ke se sredi i nas ne isklucija od masina pa posle nekolku dena pak ne priklucija na kislorod i jas bev isplasena no se, se zavrsi dobro fala mu na gospod sega sme doma i napreduvame
знам дека е тешко, едното мое близначе беше во полоша состојба па кога ќе се јавев еднаш стабилно, нареден ден ќе кажеа влошена состојба, па ми го дадоа само едното да си го земам, и така 46 дена неизвесност и страв, ама сега си се гушкаме дома, така да само храбро и позитивно, размислувај си за тоа кога ќе си го земеш во рака, и се ќе биде добро верувај
Така е во право си позитивно треба.Ама оваа неизвесноста сегде ти го носи паметот, а јас баш мислев дека поголемко нема да има многу мака оти 34-та недела се роди ама ете.
Да споделам апдејт. Ја меревме во понеделникот и има качено 110 грама од петокот. Сега е 2.410гр. Ми олесна многу што почна да качува килажа. Е сега друго ме мачи, доењето. Од града молзам отприлика 150-200мл во текот на цел ден, тоа за неа е малку и давам ад. Исто така цица од града ама ја ставам еднаш или два пати во денот по 5мин затоа што реално на 2ч јаде, се губе време да се разбуди и некако гледам повеќе да е сита отколку да се вежбаме на града. Не знам ни колку влечи и ич не ми се ризикува да ја оставам само на града да е, незнам колку ќе испие. Совет од некој што дои бебенце родено со мала килажа?
Барав низ темата ненајдов или пропуштив..Сабота моето ќе го префрлат на неонтологија и јас ќе треба да одам со неа па некој совет да ми дајте тие што сте биле како е таму ништо незнам и шо да носам за мене за бебето.
И моето така го префрлија ама јас не смеев да одам со неа... Најдобро јави се на бројот во неонаталогија и прашај си ќе ти кажат најточно.
може си веке отидена небитно ке сецнајде за некој друг Се носи си и алишта и храна вода сокови за тебе За бебето влажни памперс павловичева шампонче
Ја меревме во петокот пак, од последното мерење (понеделник) има качено 100гр. Сега сме 2.510гр. Ја ставам почесто на града и си влече некои 5, 10 мин кога како. Кога ќе се отпушти сама не пробувам пак, и давам шише. Си јаде колку што треба ама уште ми е некако мрзливка, до 30мл пие некогаш до 40мл и тоа ни е мах а треба да зголемува веќе. Си тешам дека од града влече плус. Ни почнаа грчевите инаку и со тоа се бориме сега плус. Напорен период Вие како сте. Кој месец е твоето?
Ех грчеви.. ти пишав следуваат нови предизвици, ете ги ви пристигнале на врата првите. Биди само смирена, ќе поминат и тие. Како што ќе напредува госпожа, ќе има повеќе сила за влечење и ќе јаде повеќе. Моето денес 3 месеци рамно, утре идам да ја мерат па или ќе се осеќам како мајка на годината или ќе се пикнам во некој ќош и ќе липам, трето нема
Мајки здраво, синчето мое се роди во 29 недела ама одговара на 27 недела. 1080г 33 цм.Моментално е во инкубатор на интензивна на респиратор.јас сум уште во шок, ништо незнам, после колку време ке се храни, да идмолзувсм ли млеко, дали да купам користена пумпица и стерилизатор или мора нови?има ли некоја мајка со слично искуство?
Јас сум во иста каша ко тебе и мојата е таму мометално веќе еден месец јас се молзам со пумпица, но млекото многу ми се намали тоа му го должам на стресот. Е сега ако си од ск прашај види дали ќе можи твое млеко да даваш оти тие таму ги ранат со ад. Или ако не одржавај го за кога ќе дојди да си цица јас за жал не успеав . А за тоа дали да купиш нова или стара ти како со сакаш.
Нека е живо и здраво мајка. Доколку сакаш да го доиш мора да се измолзуваш барем на 3 часа, преку ноќ можеш да врзиш 4-5 за спиење. Отпрво има малку млеко да не се разочаруваш првите денови и е тоа погустото пожолто колострум, а потоа наголемува. Јас би ти препорачала да си купиш нова пумпа, доколку не си во можност не мора да е електрична, јас се измолзував со рачна чико 6 месеци 2000 денари е. А има мислам во локо кроко и електрични поефтини ама не знам за квалитет. За стерилизатор може и на старо, ќе мора и кеси за складирање на млекото, а поефтина варијанта ти се чашките за урина и тие се стерилни, во Зегин се поголемки. Ќе си запишуваш датум за да знаеш после да ги користиш со ред. Јас не замрзнував кратко бевме во болница 10 дена, но се измолзував тие 10 дена таму и за жал го фрлав млекото, но ја одржав лактацијата па дома кога си дојдовме продолжив со измолзување и го ранев со моето млекце бидејќи не можеше да цица, беше слабичко а и јас имав проблем со брадавиците.