1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуство со Wellness Coach програмата?

Дискусија во 'Барање работа' започната од AhThatFemaleProblems, 26 февруари 2011.

  1. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Здраво,
    ме интересира дали некоја од вас има некакво искуство со Wellness personal coach програмата?
    Разгледував некои огласи за работа, го најдов и овој оглас, го има насекаде. Им ја посетив и страната, каде има upload-ирано некои видеа со искуство на луѓе од Америка, ама некако не ми е јасно сеуште за што станува збор?
    Дали се заснова врз принципот на орифлејм, авон, нешто како менаџерски пирамиди и слично...?
    Звучи ок, но ме збунува тоа што никаде нема конкретно опишано за што станува збор..
    Инаку се извинувам ако некој има пишувано за истото, но барав и не најдов ништо конкретно, освен што во истиов оддел, во темата „нудам работа“ го имаше оставено 2 пати истиот оглас што го најдов на најди работа.
    Благодарам ;)
     
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Ако зборуваме за истата работа (не помнам, моево беше пред неколку години), и јас така отидов на слепо на еден од нивните состаноци, бидејќи во огласите никаде прецизно не пишува што точно се работи.
    Oтприлика и сама си посочи што е работата... Имаш производи за здрава исхрана кои потоа ти треба да ги продаваш, и нели, колку продадеш, процентот на заработувачка ти е поголем, како и шансите за напредок на работната позиција. Но ако помнам добро, прво бараа и ти сама да купиш од таа храна и да почнеш да ја јадеш, зашто нели, да бидеш самата сведок за нејзината ефикасност кога потоа ќе ги убедуваш луѓето да ја купат. Се надевам ти разјаснив за што се работи. :)
     
  3. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Ахх.. фала :)
    претпоставував дека за нешто такво станува збор, за тие маркетиншки пирамиди...
    Можда има некаква логика да успееш, но лошото е што се бара некаков почетен капитал.. а штом бараш очајно работа, очигледно дека го немаш тој потребен капитал :/ :)
    тоа е... незнам дали вреди воопшто да појдам на состанокот? .... ако се одлучам, ќе пишам :)
    сепак фала за одговорот ;)
     
  4. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Епа да, за истото сум зборувал. А за почетниот капитал, и тоа си во право, со тоа што демек даваат опција тие да ти отворат сметка, и наместо почетно да заработуваш, како што ќе продаваш производи, парите да се слеваат во тој капитал кој треба да го вложиш, и тек откако ќе го надокнадиш ќе почнеш лично да заработуваш.
     
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Бев јас лани на состанок за работа во Велнес, воопшто не е така како што пишува во огласот почни веднаш да заработуваш. Јас без скршен денар, барам работа, а таму услов ти поставуваат. Прво мора да купиш производи во вредност од 7000 денари, демек тоа лиценца е , да ги користиш и после да убедуваш луѓе, еве јас ослабнав можете и вие.Јас како што сум стапче слаба ми устребале производи на користење, си мислев доволна е моќта на убедување и ораторство што ја имам, ама нема ништо без да вложиш твој капитал, а демек на почеток тоа е филмот, почни да заработуваш без да вложиш!
     
  6. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    1.Уште на почетокот почнуваат да манипулираат со забави , чекови од 100 - 200 е па и повеке зависи колку ке напредуваш. :D
    2.Треба да вложиш 100е да ја пробаш храната па да можеш да работиш ( на тој начин они заработуваат)
    не би рекол дека таа храна е најдобра , а сигурно е и многу скапа.
    3.Треба да си вешт во убедувања и комуникација (за да можеш да манипулираш со лугето)
    4.Нелогично и не е фер од невработени да го вадиш лебот! ке треба да бараш нови жртви да бидат под тебе за да можеш да напредуваш.
    5.Не го работат искрено ( има една статија за лицемерно и постојано да бидеш насмеан ) ]:)
    6.Платата се добива само од личната заработка и тоа процент ( пирамидално газдата си го собира кајмакот и никогаш нема да добиеш ни денар од газдата)
    7.Заклучок -СЕКТА :D
     
    На Victorya и AhThatFemaleProblems им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Ама многу брзо ги открија :lol: ...затоа сите сајтови за огласи се преплавени од нив. Се што е на процент, барем во Македонијава, не мириса на “чиста“ работа.
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Krisi88

    Krisi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    30
    Имав искуство со оваа т.н. Wellness Coach програмата или подобро кажано продавање на производи за слабеење (кои бај д веј се ултра скапи согласно стандардите во нашата земја) од Herbalife и според мене ова е една од најголемите превари засновани на пирамидалиен систем на заработка.
    На првиот состанок на кој бев поканета (инаку може било кој да отиде во ,,претставништвото,,) ми презентираа македонски начин на живеење на ,,американскиот сон,, насмеани лица, чекови од 2-3000 евра, лесен дури прелесен начин на заработка, убави коли,куќи и слично.Значи уште пред да почнеш да соработуваш со нив ти укажуваат какви ти не придобивки ќе имаш од таа работа.Потоа не убедуваа дека ќе имаме коктели,забави и сл. На крај од првиот состанок на кој само глупава личност може да падне,ни закажаа како прелиминарен час по обука. И бидејќи тогаш сеуште не бев вработена ,си викам ајде да видам што е ова , да разгледам .На вториот состанок уште веднаш ти кажуваат дека треба да дадеш као 6500 денари за ЛИЦЕНЦА , за работа со нивната фирма. Дури презентерката вака се изјасни : Па што е 6500 денари, па едни чизми се толку ???
    Потоа откако бев 100 проценти решена дека не сакам да имам никаква врска со измамничка фирма која заработува не само затоа што ги продава своите ,,прекрасни,, штетни производи, туку всушност заработува на основа на регрутирање на лица кои се подготвени да ги дадат тие 6500 денари и кои се подготвени да изиграваат мајмуни. Заработуваат само тие на врвот ,тие кои имаат под себе еден куп луѓе, а другите може само да се намачат на овој презаситен пазар во Македонија ,каде луѓето немаат пари за леб , а не за да даваат 100-200 евра за производи кои може да ги уништат. Велнес тренер- оваа функција никаде не беше така презентирана како во огласите ,затоа што тоа е само обичен дистрибутер (кој нема ни да заработи нешто),нешто слично какоо Авон и Орифлејм,само со таа разлика што овој велнес дистрибутер ќе биде одерен претходно и измамен.
     
    На aerodrom, skinny, zara и 2 други им се допаѓа ова.
  9. nagjavolotbeljata

    nagjavolotbeljata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Продавање ветер и магла. Манипулирање со наивен народ кој е во тешка финансиска состојба и очајно бара излез па верува во глупости и измислици како што е лесна и брза соработка.. :swear:
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.