Драги форумџии муслимани, каков е обичајот за Рамазан? Денес се честита или на крајот од постот? Што треба да им кажам на луѓето? Благодарам.
На крај од постот. Исто ко кај нас после 7 неделниот пост што се честита Велигден. 15ти Јуни е прв ден Рамазан Бајрам.
Neznam kaj drugite kako e ama kaj nas veke se cestita praznikot so posakuvajne lesen post na site Znaci Mozes da posakas cestit praznikot i lesen post a na kraj ako sakas Mozes da posakas neka Allah vi ho prifati postot i za ubavo da bide.
за многу години да им е на сите муслимани кои го постат месец рамазан ! месец во кој се бришат гревовите и месец во која е спуштена светата книга . господ со лесно на сите
Честит Рамазан Бајрам, да си прославите во мир, љубов и среќа со најблиските! ( И едно прашање... Ќе одам на гости кај пријатели што слават Рамазан Бајрам. Се носи ли подарок и што треба да се однесе?)
Честит празник,бидете живи и здрави @LollySky јас лани прашував,баш сега си го видов коментарот.. Ми рекоа дека нешто посебно не се носи но сепак јас купив посно благо и кафе да не одам со празни раце
Нека ни е мубарек Рамазан на сите Elhamdullilah што го дочекавме сите живи и здрави нека Аллах ви го олесни постот и ИнШааАллах укабули и биде со сите нас Есселаму Алејкум ве Рамхметуллахи бе Берекатухy