Темата ја отворам со цел да се произнесеме со наши мислења за спојливоста/неспојливоста на овие две најдоминантни религии во светот. Имено, која е главната порака на Исламот, а која на Христијанството? Дали во суштина овие две религии проповедат една иста порака или сосема различна? Кои работи ги прифаќа едната религија од другата, и обратно? За вакви и слични прашања можете да се изразите тука.
Два различни света, самоит симбол полумесечина и петокрака е симбол на антихристот, незнам зошто тој симбол го употребуваат кога тој е наметнат од отоманската империја а не од самоит ислам т.е од почетокот на исламот..Кога еден ќе создаде едно добро знаете после уште 100 ќе се појават по него па ќе го копираат па ќе лепат па ќе изменуваат и така после религиите иста порака имале а всушност другите се создадени за да ја надвладеат и претопат првата... Немам ништо против ниедна религија, нека си верува кој во што сака само нека не ја наметнува на другите.
Добро утро. Постојат повеќе разлики меѓу христијанството и исламот. 1. Би започнал со природата на Бог. Христијанскиот Бог е објавен како Тројство, еден Бог во три личности (ткн. ипостаси): Татко, Син и Свет Дух. Додека Исламскиот Бог е едноштво (еден и сам). 2. Следната разлика е во врската меѓу Бог и луѓето. Исламскиот Аллах има 99 имиња, но ниедно од овие имиња не е „татко“. Луѓето што ќе се покајат и вратат кај христијанскиот Бог се наречени „синови и ќерки“, а во Исламот тие се наречени „робови и робинки“. Тоа е многу важна разлика во природата на Бог и нашата релација со Него во христијанството и исламот. Христијанскиот Бог има драстично поблиска врска со луѓето, отколку исламскиот. 3. Има разлика и во објавата на Бог. Христијаните веруваат дека Бог се објавил преку Библијата и преку животот и делото на Исус Христос, а муслиманите веруваат дека Алах се објавил преку Куранот. Тука мора да се напомене дека во Куранот се спомнуваат многу случки и личности од Библијата (дури и Исус), но тие се изменети, различни и направени да одговараат на исламската теологија. Така во Куранот ќе прочитате дека Исус не се жртвувал за гревовите на луѓето, не умрел, а со тоа и не воскреснал од мртвите, туку им зборувал на луѓето да веруваат во Алах. Но на нас останува дали ќе веруваме на очевидците, на оние кои го придружувале Исус или пак на оние што го пишувале Куранот 600 години подоцна и на друга територија. 4. Има разлики и во ветувањата што ги дава христијанскиот и исламскиот Бог. Но тоа е долга тема. 5. Исто така голема разлика е во тоа што христијанскиот Бог обезбедил и спасение за грешниот човек т.е. му го пратил Својот Син Исус Христос да ја палти казната за гревовите на човештвото за да не мора ние лично да ја плаќаме - бидејќи тоа би значело смрт за нас (и телесна и духовна). Но христијанскиот Бог ветува дека ако се покаеме и поверуваме во Исус, нашите гревови се простени, добиваме вечен живот и ние ќе го имаме Светиот Дух во себе кој ќе не преобразува во подобри и побогоугодни личности и, што е најважно, сигурно ќе не донесе до Божјото Царство. Таква љубов и такво решение за човековиот грев не постои во Исламот каде што Алах им ги мери добрите дела и гревовите и на основа на тие дела ќе им суди дали ќе одат во Џенет (рај) или Џенем (пекол). Оваа листа не е целосна. Ова се само неколку разлики што ми текнаа да ги запишам.
Од една страна можеби ќе звучам како атеист, но воопшто не верувам во религии и такви "глупости"! За мене сите луѓе се исти и понекогаш дури и се прашувам зошто светот се дели на религии? Верувам дека тоа е измислено од нас луѓето за да се плашиме и да има на што да се молиме и за да бараме помош.И си стојам зад овој став! Aко луѓето се од различна вера и веруваат во различни обичаи зарем не сме сите исти пред универзумот или Бог?..Сигурно кога умира човекот Бог не го дели по религијата, тој исто умира.A од друга страна пак родена христијанка сум и одам во црква, СЕ КРСТАМ и верувам во некоја виша сила бидејќи сум сведок на многу добри работи кои ми се случиле токму поради тие молитви.Уште еднаш ќе речам не ги разликувам луѓето по религија бидејќи сметам дека светот е токму поради тоа поделен и има многу расправии. И да напоменам исто така го почитувам туѓото милење секој има право да одбере живот каков што сака да живее
Mислам темава треба да оди во канта, дојдов само ова да го кажам ,а ни ти сама не знаеш во што веруваш... Или веруваш или не веруваш ? Како може еден ден глупости а после молитва ти помогнала па верувам ајде. Само ќе се направи немир со темава ама ...
Заедничко нешто во овие две религии е тоа што сме робови на еден единствен Бог. Сите исто се раѓаме и умираме Сите јадеме, сереме и мочаме Сите сме од крв и месо Сите се радуваме и плачеме Дишеме и издишуваме Сите сме од една сорта луѓе Мислам дека во христијанството главна тема е љубов, додека во муслиманството главна тема е правда.
@LanaSGirl мене воопшто не ми звучиш како атеист, само си одлучила да не веруваш во она што луѓето го измислиле тврдејќи дека истото го кажал Бог. И тоа е во ред.
И пораките се сосема различни,и религиите се милионски светлосни години различни. Можам до утре да ги пишувам пораките што ги испраќаат,и за тоа која религија е по супериорна а која инфериорна ама не би за некој од другата страна да не биде навреден
Форум е за тоа, да пишуваме слободно... Нема што да се лути некој. Кога нас 500 години робство и исламизација не не навредила и уништила сеуште зошто нив едно мислење да ги навреди? Ако се пишуваат само добрите страни форумите ќе немаат смисла.
Веќе ме мрзи постојано да пишувам факти и цитати... затоа ќе бидам кратка - исламот и христијанството се ден и ноќ. И не, ниту пораките што ги носат не се исти. Ако имам време и волја ќе ви напишам што е, како е, зошто е.