Пораката е таа, тоа што религијата е злоупотребена и користена како алатка за контрола и манипулација врз широката маса, извртоперена во сосема друга насока е друга тема
Mozebi ne e za ovaa tema no Denes zapoznav zena Od 80 god koja pred poveke Od pola vek se omazila vo semejstvo Od druga religija. Kolku normalno I silno zboruvase za jazot vo glavite Na poedincite i vo osnova ako taa togash GI prifatila predizvicite zosto nie pravime tabu za religija vo era Na kompjuteri, mobilni telefoni I vestachka intelegencija?
Јас немам некое големо познавање меѓутоа можам да зборам од она што попатно сум го научила. Еден бог имаме само христијаните сметаат дека Исус е негов син,муслиманите мислат дека е пророк како и Мухамед. Во принцип евреите,христијаните и муслиманите на еден ист се молат меѓутоа тие се поделбите кои настанале со текот на историјата.
Точно дека потекнуваме од иста религија, поточно исламот и христијанството се развиле врз основа на јудаизмот. Но не сме исто и не се молиме на еден Бог.. Алах неможе да биде христијански Бог тоа е факт, бидејќи во Библијата пишува еден Бог имаме. Поделбите се друго, например христијаните се делат на католици, православни, протестанти. Муслиманите се делат на сунити и шиити. Исус не е исто што и алах така да не веруваме во ист Бог дефинитивно. Заедничко ни е тоа што сите три религии се монотеистички.
Постов ти е тотално промашување. Како прво и основно,Исус е Божји син,не е обичен пророк ко Мухамед(аман,помирете се веќе еднаш). И не се молиме на ист Бог,далеку од тоа. Исламот има "преземено" многу работи од јудеизмот,како и Христијанството,но двете религии иако имаат одредени сличности,сепак Исламот е тој што прави ем разни копи-пејст ем разни негации кон Христијанството
Јас сум христијанка и знам дека Исус е Божји син.Јас кажувам како е кај нив не знам каде виде дека јас имам такво верување. А што се однесува до Алах јас колку што знаж Алах е арапскиот збор за Бог а не име на богот нивни па од таму поаѓам дека имаме еден ист бог.
Но тие не веруваат во Исус а ние веруваме дека Исус е наш бог, како тогаш е еден Бог кога тие не веруваат во него?
Знам дека Алах е арапски збор кој означува Господ. Но исто знам дека тој нивни Господ нема врска со нашиот. Не сакам да бидам груба...но самиот факт што исламот произлегува 6 века после христијанство,за мене кажува многу На крајот на краиштата,секој има право да си верува во што сака. Точно е дека еден е Бог,ама ко што кажа Витали,муслиманите не се молат на Исус,а ние ко христијани не се молиме на Алах Зезнато е малку. Уствари ич,не е...ќе бидам груба сепак единствен Господ Бог е само Исус се останато е фикција
Две религии со различни приказни, настани, клучни личности помеѓу кои не може да се повлече паралела и кои се појавиле со голема временска разлика – но кои зад сето тоа кријат една порака. И христијанството и исламот (а и за другите помалку популарни религии важи ова) носат главна поента што треба да се извлече и протолкува од секој верник (мир, љубов, хуманост како највисоки вредности), а и делат иста судбина да таа поента е утната и разобличена низ историјата на човештвото од многу верници – па така да се претворат во алатка за контрола, причина за раздор, издигнување на себеси над оние кои не веруваат или веруваат во нешто друго, па во крајна мера и насилство. Припадноста на една или друга религија воопшто не отсликува една личност-верник како помалку или повеќе човек, но начинот на сфаќање на сопствената религија – и тоа како.
Во Христијанството се верува во Исус како Бог или како син Божји ? Ако е првото, тогаш кој го создал Исус ? Бидејќи Исус бил пред се човечко битие, што значи неверојтно е да биде Бог. Ако е второто, тогаш јасно е дека Исус не е Бог, бидејќи нели "син Божји". Во Исламот не се верува во Божји синови, Бог (Аллах) е оној кој го створил целиот Универзум. Се што постои. Во Исламот се верува дека Бог(Аллах) го создал Исус(Иса) кој бил пратеник Негов. А не син Негов. Исто, во библијата Исус зборува за Бог како нешто одвоено од него, Исус во неколку фрази му се обраќа на Бога. Премногу опширна тема. Премногу недоразбирања, но врз основа на мои истражувања и врз основа на моите сфаќања, Христајанството и Исламот се темелат на иста основа, но се издигнале во различни правци, луѓето промениле многу нешта, сокриле и додале многу работи, па така вистината многумина неможат да ја видат, а многумина ја гледаат, но не ја признаваат. Инаку секоја религија е нешто свето и има за цел мир, љубов, почит меѓу луѓето, но ние луѓето тие свети работи без срам ги користиме за вреѓање на туѓото (што всушност и не е туѓо, бидејќи целта на религиите е една и единствена.) Во ред е да се дискутира, да се даваат ставови, но не да се тврди нешто и да се вреѓа другиот.
Никој не навредува никого. Таа е вистината. Значи,смешно е Исус да се смета како обичен пророк. И да,тој е и Бог и Син Бојжи. Си слушнал за поимот Света Троица? Отецот,Синот и Светиот Дух(се едно). Е,сега ќе настапат прашања од типот а кој го створил Господ и слично,е тоа не знам,може ќе дознаеме некогаш Секој нека верува во што сака,не ми е целта да навредам никој со моите размислувања
Сум слушнала, секако, но во Библијата на ниедно место не се споменува изразот "Свето Тројство", но се споменуваат некои можеби блиски изрази на тоа, за кои не е сигурно дали всушност значењето позади нив е Светото Тројство. Поради тоа и сум скептична. За навредите не реков конкретно за тебе, но само би рекла дека не би требало да значи дека ако една религија е стара тогаш е и вистинската, а ако е нова тогаш е нешто лажно. Времето не би требало да го земаме за пресуден фактор, според мене. Но, зборот ми беше дека сеуште се многу присутни тие навреди кон другите религии, омразата кон другите религии. Од секоја религија може да се научат многу работи, и сите религии е задоволство да ги истражуваш и проучуваш. А во која веруваш е нешто лично, нешто интимно, но, сепак , сакам да дискутирам на вакви теми.
Кога некој ќе каже јас верувам во тој,неможеш да веруваш,џабе ти е верувањето,дали си редовен спрема бог,се молиш и кога станеш и спиеш? Не,само безвеза се коментира,јас верувам во бог,а што е разликата меѓу христијанството и католиците? Кога ќе те праша некој што си? Христијанин или католиг,ако одговриш католиг како омрза те гледаат. Самите вие си ги делите верите,непостојат вери,да бог постои но не е исус или друг,секое учење е друго предадено. Денес у школо и средно.... да прашате кој ви е бог,вие одговарате исус е наш бог,неписмени,што не прочитале два збора. Не сакам да се мешам,секој се цени со својот бог,од каде е роден.
Апсoлутнo две рaзлични религии, a нaјзнaчaјнaтa рaзликa е штo еднaтa билa пoдлoжнa нa рефoрми нa другaтa ни зaпиркa не и фaли.
Но по таа логика следат прашањатаА христијанството колку века произлегува после јудаизмот? А јудаизмот колку века произлегува после религијата на древниот Египет, а религијата на древниот Египет после колку века произлегува од верите на каменото време... Бог не создавал религии туку луѓето правејќи интерпретации. И двете биле подложни на реформи, во некои делови на светот повеќе а во некои помалку.
Сосема слични и воедно многу различни религии. Дефинитивно веруваме во исти морални вредности,но имаме различна перцепција за Бог како креатор на се видливо и невидливо. Моето мото е секој нека верува во што сака и како сака нека го одживее овој земски живот. Смешно ми е кога ќе видам како некој сака суптилно да ме разубеди во моето верување т.е да ме придобие во неговата вера под изговор дека само неговата е вистина а јас сум во лага. Таквите разговори немаат крај и е многу чувствителна оваа тема. Религиозноста или атеизмот е дел од едно животно патување,трагање по одговори. Впрочем сите ние одговараме за нашите постапки тука на земјата и ќе одговараме во судниот час. Кој ќе биде достоен да го види царството небесно незнаеме,зошто Бог нема да суди само по вера туку и по нашите дела. Бог соединува,ѓаволот разединува. Мир на сите!
Јас не гледам врз призмата на религијата јас гледам врз ( Ако људите се добри у душа се мои људи без разлика на вероисповест и сум на нивна страна)
Никој не те кара да не веруваш,твое право е,но ете погледни од аспект на долна линија и никој не почитува,пријателството се губи,апокалипсата ќе покаже се.