Јас па мислев сите Богови се горе, евентуално на Олимп. Нејсе, поентата ми е, секој си верва во што сака и не, ретко кои атеисти тука крчкаат работи ама некогаш толку нелогичности се пишат шо да, меша(ме) прсти. Зошто тебе ти реплицирам, а не на оној кој ја вреѓа Кимберли, е пошто сметам дека би имал поќе common sense. Како и да вртиш, ти проба да наметниш твое верување со тоа шо го прокоментира моето во негативна конотација. КоГа МоЖиШ зА оВа ЗоШтО нЕ пРоКоМеНтИрА и За ОвА (пошто према мене/тебе е грешно). Така да нека ти суди Горниот, мене потешко.
Не го читам форумот од вчера туку од 2016 и ретко се мешате во множина атеистите ако се лажИме. Ти си сигурно некое дете и немаш појма со какви работи се зафркаваш а јас немам време да ти објаснам. Ако Господ сака ќе те освести, ако не сака, џабе е. Човекот често го вика нелогично она што не може да го разбере. Сум бил на тоа место ама не сакам да сум претенциозен како вас и нема да пишувам нашироко.
Уф и претпоставки и ниски обиди за навреда. Те преценив. Нелогичностите за кои зборав, уствари, се општествени норми кои ги наметнува религијата. Скроз непотребни, нелогични и ограничувачки. Цк цк ама полесно е да прајш претпоставки, разбирам иако сум дете.
Сепак ако се запознаете повеќе со христијанството и исламот ќе видите дека имаат, еве барем неколку доприни точки: и според едните и другите Адам и Ева биле првите луѓе, и кај едните и кај другите постои сфаќање дека жените треба да си ја покриваат главата... и едните и другите го прифаќаат Мојсеј за пророк Божји, и едните и другите велат дека Бог е Еден, и едните и другите веруваат во второто доаѓање на Исус и тн.
Што проблем ти прават атеистите? Досега што сум читала вие верските фанатици сте тие кои се обидуваат да наметнат мислење цело време, оти во спротивно ќЕ гОрИмЕ вО пЕкОлоТ.
Од кога е дете навреда? Имаш проблем со себе ако дете ти е навреда. Дете=неискусен,кој не знае,недозреан,се зафркава со сериозни теми Не се непотребни и нелогични само ти не можеш да ги сфатиш а постојат затоа што така треба. Нивно е да ти кажат, ти не ги читај ако ти сметаат, те вознемируваат со вистината и така натаму. Јас не сум фанатик и ништо на никој не наметнувам, мислам дека спомнав во мојте постови. Немам друга работа ќе ви ја спасувам вечноста. Има кој ако сака.
За мене дете не е навреда, наменето е како така при конотација на реченица. Инаку низ форум се расфрлам дека негувам дете во душа, бар за то. Значи јогата е лоша? Жената треба да служи на маж? Ова кога со мои уши го слушнав летово на свадба очи сролав. Непотребно, нелогично. А "така треба" е се сем одговор.
Јогата е нехристијанска и може да остави духовни последици.Подобро е да се информираш од свештено лице што те интересира, јас не сум овде да водам кампања против јогата. Не верувам дека тие што ти рекле за жената го разбираат христијанството и го читаат Светото Писмо. Така им останало дома ради реда. Жената и мажот треба да го почитуваат Бог, да се грижат за куќа, фамилија и да не прават гревови. Добрите христијани немаат причина за конфликти во домот.
лолз хахахахах вие мојата вера,вам ваша вера,добро и јас можам да замислам друга вера. На вера не се се верува,во духот што го имаш со тебе се верува....
Луѓе луѓе доста пишете со @hardtodealwith значи одма по никот треба ви текне дека не може да пишете со него
Со тебе можеш да имаш многу духови, вистинската вера е онаа во нашиот Татко на Небесата и не ми се смеј на мене пред да ја објасниш глупоштинава од прва се чита дека си муслиман ама немаш за право со секое мислење да го негираш Исус Христос и напаѓаш христијанската вера а за македонската нација не ти замерам, Македонците сами се шитнаа Ви реков да консултирате свештеник ако нешто ве интересира не да ме терате да ви докажувам работи што не се гледаат со око за после да се расправате со мене не се однесува конкретно на тебе дека ќе се расправаш туку на една поголема група на форумот Религија и др форуми Јогата го отвара умот и телото за соработка со демонски ентитети толку можам да ти кажам штом културно ме праша.
Ондак демонот врши врашки добра работа, пошто нема човек кој почнал со јога и не се чуствува фантастично. Team Satan Дај одете замонашете се, изолирајте се, не репродуцирајте се, ве молам, манете се само
Зашто да не бе друже, нели тоа е вистинскиот начин за комплетно предавање на бога, на своето тело и ум ( тоа малце што го имаш ) ? Јас мислам дека тоа би бил полн погодок за сите.
се што кажуваш за тебе го кажуваш гледај се себе, не биди малограѓанка Што вреѓаш, кој е модератор на дискусијата?