Ислам, почит-непочит, тепање, неверство ...

Дискусија во 'Религија' започната од MiaBeMia, 28 октомври 2011.

  1. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34
    Пред се јас сум атеист, не сакам да зборуваме за верување или неверување, не сакам никакви убедувања, јас сум растена во семејство каде што мајка ми е обичен верник кој во црква оди еднаш во 5 години а татко ми беше атеист. Скоро сите религии се убави според мене, со оглед на тоа колку имам познавања за нив, а моите познавања се општи. Јас на сите религии гледам како на уметност на живеењето во онаква форма каква што дозволиле околностите и условите.
    Не бев сигурна каков наслов да ставам на темава што сакам да ја отворам ама ете каков таков се надевам ќе ве привлече.
    Уште пред 10тина години читајќи ја 1001 ноќ, почнав да мечтаам да ги посетам тие арапски земји, и ден денес мечтаам за тоа и се надевам дека некогаш ќе ми се оствари желбата. Опседната сум со исламот во последно време, поточно со мистичноста на исламската жена, нејзиниот живот, секојдневието, ривалството со втората, третата сопруга во нејзиниот полигамен брак итн. Оваа опседнатост ме наведе да почнам да го проучувам животот на жената муслиманка во Оман, Јемен, Катар, ОАЕ, СА итн. Е сега, интересно е тоа што во секоја од овие држави жената не е исто третирана, така што не можам да најдам некоја права слика за тоа каков е животот на жената муслиманка.
    Денес прочитав дека во 4тото поглавје бр34 е напишано дека: мажот е заштитник на жената бидејќи тој е супериорен во однос на неа и бидејќи го троши своето богатство на неа, добрите жени се побожни и послушни жени, а оние кои се непослушни и неправедни кон мажот треба да бидат отфрлени од постелата на мажот, казнети со целибат, И НАЈВАЖНОТО нанеси им зло, физички казни ги поточно буквално тепај ги ... а ако се покајат прекини го злото над нив ... Алах е голем.
    Дали е тоа нормално се прашувам? Зошто жените до сега не се кренале на бунт за нивните права? Ова што го прочитав комплетно ми ја искриви сликата за оваа религија, не сметав дека е толку суров односот на мажот кон жената.
    Она што го барам од вас е всушност да го кажете вашето знаење на оваа тема, мислењето за напишаново и секако ако има некоја муслиманка што ке го прочита ова нека каже што мисли, како гледа на ова поглавје конкретно а и нека каже многу повеќе на темава бидејќи навистина ме интересира.

    поздравче ;)
     
  2. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Зошто жените до сега не се кренале на бунт за нивните права?

    Се сеќаваш на овие?

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]



    Би имала ти храброст да кренеш било каков бунт? Или моментално си водена од своето его па вака размислуваш. Талибанците владеат во муслиманскиот свет. Цел свет се плаши од нив...

    http://en.wikipedia.org/wiki/Taliban

    истото им се случува и на мажите не само на жените таму. ако скршнеш малце од религијата во небоља си.
    Во голем дел од муслиманските земи постои и таканаречената религиска полиција, кои шетаат на околу и бараат наводно грешници. Нема правен суд за грешниците тука тоа се решава по брза постапка и казната е неизбежна.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    како што можеш да видиш таму дури и жени тепаат жени заради тоа...такво е опшеството таму, и такво и ќе остане, нема никогаш ништо да се смени.
     
    На MiaBeMia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34
    Точно, во право си. Но темава некако не се разви, онака ме интересираа факти што ги знаете, приказни и мислења конкретно за животот на жените муслиманки ... поздрав :)
     
  4. Proniklivost

    Proniklivost Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    9
    Мислам дека има многу да се зборува на оваа тема и, дека време е да се промени искривената слика за Исламот. Има многу нешта кои треба да се прочитаат пред да се даде краен суд, и да се толкува „вистината„ еднострано.Што се однесува на еден од погоренаведените цитати од типот „добрите жени се побожни и послушни жени, а оние кои се непослушни и неправедни кон мажот треба да бидат отфрлени од постелата на мажот, казнети со целибат, И НАЈВАЖНОТО нанеси им зло, физички казни ги поточно буквално тепај ги ... а ако се покајат прекини го злото над нив ... Алах е голем. „, најддобронамерно укажувам дека такво нешто никаде не пишува, не особено во Куранот.

    Еве нешто за жената и Исламот, па потоа вие самите процените дали тоа има логика или не:

    „ На Исламот често му се приговара дека на мажите, кој што се грижат за издржувањето на сопругите, им дал неоснована власт над жените и тоа е еден вид на полова дискриминација. A всушност жената со овие прописи за издржување во потполност се ослободила од паганските окови. Еднаквоста и водењето грижа не се контрадикторни и не ја намалуваат еднаквоста на половите, туку на грбот на мажот, за разлика од жената, е ставен поголем товар и одговорност.Западот често го обвинува исламот дека е неправеден спрема жената, дека жената е потчинета и дека нема никакви права, затоа што на мажот му е наредено да води грижа за нејзиното издржување.

    Жената во исламот има достигнато висок степен, кој што го нема добиено ниту во една друга вера или закон. Мажите и жените се исто почестени со исламот и еднакви се пред Аллаховиот закон на овој свет, како што во поглед на наградата и казната ќе бидат еднакви и на идниот свет.
    Брачниот живот е живот на заедништво. Секој облик на заедништво налага одбирање и поставување на поглавар. Помеѓу луѓето што живеат заедно неминовно мораат да се појават различни мислења и амбиции. Затоа нужно е да се има водач кој при разидинувањето ќе ја донесе конечната одлука, за да не се работи едни против други и како не би се прекинала врската на единството, а системот на фамилијарната хармонија да доживее колапс. Мажот има поголемо право да биде водач на фамилијата, затоа што има поголема физичка сила и психолошка стабилност, и подобро ја согледува користа и посмело ги спроведува одлуки. Затоа Шеријатот од него бара да ја штити и да троши на жената, а од неа бара да биде покорна во наредбите кој што се во складот со прописите на исламот. Прописите за грижата на мажот за жената, не значат дека жената останува лишена од своите посакувања и дека мора слепо да постапува така како што поглаварот ќе и нареди, затоа што наредбите за покорност се однесуваат само на извршувањето на доброто во рамките на исламот кој што ги гарантира сите човечки права.

    Прописот за издржавање и грижа за жената во суштина означува поделба на обврските. Сите се чувари и сите ќе одговараат за она што им е доверено. Мажот е одликуван со оглед на негови искуство и потенцијал, со грижа и материјално издржување на фамилијата, а жената е одликувана со внатрешното уредување на куќната закрила и воспитанието на децата.

    Некои незнајковци замислуваат дека предноста на мажот над жената, се огледува во супериорноста на властодносувачкиот однос меѓу нив, дека мажот, спрема сопствените барања, има за право да наметни и нареди што сака, и дека жената нема право да го изнесе своето мислење, само затоа што тој е „маж” а таа жена, па макар и тој да не е во право.Ваква сурова постапка е последица на неупатеноста. Возвишениот Аллах не ги одликувал мажите, за да тие ги понижуваат жените и да ги поробуваат, туку да им се смилуваат и да им помогнат. Тие што ги тепаат жените како што се тепаат робовите, не заслужуваат епитет МАЖ.

    Оние кој се сурови и груби кој што ги тепаат, понижуваат и угнетуваат своите жени, тоа се луѓе од чии срца е искорната милоста. Вистинскиот маж, убаво се однесува кон својата сопруга, а должностите спрема неа, ги извршува со потполно доберба и искреност. Мудро ги исправа нејзините евентуални испади, па и укажува и не ја одвраќа од добрите дела. Грижлив е, и ги користи сите префинети манири на советнички однос. Сопругот насилник не смее да заборави дека Аллах е Заштитник на угнетените и Тој не ги сака насилниците.

    Сопругот не смее да заборави дека неговата сопруга е дел од него, па треба ли тој сам спрема себе да биде суров? И еден од Неговите докази е тоа што од вашиот род, створил жена, покрај која што ќе се смирите, и што меѓу вас воспоставува љубов и сомилост: “тоа се навистина поуки за луѓето кој размислуваат.“(Ер-Рум, 21)

    Исто така жената е должна да го почитува својот сопруг, затоа што тој е нејзиниот заштитник и чувар на нејзината чест. Таа со него го живее поголемиот дел од животот.

    Затоа жената, не смее да потпаѓа под пропагандата која што и налага на еднаквост и права и која што ја потикнува на бунтовништво и непослушност спрема сопругот, зошто така фамилијата како основна ќелија на опшеството, полека се распаѓа и ја снемува. Двајцата сопружници треба да се плашат од Аллах Возвишениот и секогаш да се присетуваат на Неговите зборови:“И не заборавајте на меѓусебните меѓусебните вредности, па Аллах навистина гледа што работите.”(Ел-Бекаре, 237).„

    Се надевам дека ке ја разберете поентата која сакам да ви ја доловам.

    Поздрав :)
     
    На gothchick, ADOKI, eloves и 6 други им се допаѓа ова.
  5. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    42
    Миа,јас имав другарка Муслиманка,девојката не смееше никако да има односи односи пред брак,но бидејќи такво е денешното време таа си имаше односи,но кога се омажи таа го натера нејзиниот сопруг да потврди дека тој и бил прв,зашто многу се плашеше од реакцијата на родителите.Имаше многу муабети за неа,но татко и не веруваше затоа што таа беше многу убава и мислеше дека е од завист.Ги немаше истите права како другите,но дефинитвно не си ја почитуваше верата но секако ако дознеа нејзините имаше и тоа како да ја камшикуваат,баш како си пишува во Куранот(она ми го зборуваше ова).Е сега зошто толку ги казнуваат,поим немам :^) ама во сите религии мажот е поглавен од жената,не сум баш запознаена.Но тешко е на муслиманките со сигурност
     
  6. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34
    Наталија :) ти си христијанка и треба ова да го знаеш, мажот и жената според христијанската религија се еднакви пред бога .. јас не сум верник ама ова го знам, е сега тоа што не било така не било, точно дека мажот имал власт на жената порано не само во муслиманските земји туку секаде, но знам дека христијанските мажи и жени се еднакви пред господ. :) поздравче !

    А за другарка ти ме изненади и јас имам другарки муслиманки ама родителите не им се строги воопшто, па ме зачуди ставот на родителите нејзини :o , еве другарка ми има 28 години и не е мажена, имала дечковци и ги запознавала со нејзините ... сигурно не мислат дека ќерка им е невина на 28 :lol:
     
  7. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    42
    Да,еднакви се мажот и жената,но мажот е тој што треба да се грижи за жената ,та е ставена како понежен пол,во таа смисла.Инаку другарка ми се омажи на 19,и тоа во Австралија .Ти праша како ги третираат муслиманките ,па јас наведов пример.За зал како што приметуваш,ние христијаниве ептен не се придржуваме до верата,е затоа мажите се прават главни оти женските многу им допуштамр :fubar: .Поздрав и до тебе
     
    На MiaBeMia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34
    Ја разбрав поентата на текстот, и не само во муслиманството, туку во секоја вера, и еден неверник како мене знае што е морал, кои се моралните вредности. Но општеството од тогаш денес ја сменило својата структура.
    Порано работењето се сведувало на физички напор, денес на општеството му се потребни и работници во други сфери кои не бараат физички туку интелектуален напор. :fubar:

    Жената викаш дека во исламот има достигнато висок степен? Не би рекла, можеби само во западните земји, а во Саудиска Арабија .... ? Таму се камшикува жена за еден упатен поглед, а камо ли за некоја поголема ’’грешка’’ , жената таму не смее без постара придружничка или придружник ни до пазар да отиде... :x

    За каква еднаквост помеѓу маж и жена ми зборуваш? Мажот смее да има и до четири жени а жената само еден маж ... нема тука еднаквост, таа може да го дели мажот со уште три жени а тој да си ја држи за себе ... Знам, знам, треба сите еднакво да ги третира, е што, да им купува накит и облека, демек треба жената да се задоволува само материјално? А таа и тој дали имаат еднаков третман? Таа спие да речеме со него еднаш во неделата, односно има секс еднаш во неделата а тој ако ги гледа сите еднакво значи има четири пати ... каде се тие двајца еднакви? Во случајов таа е еднаква само со другите негови жени. :fubar: :x

    Мажот бил психолошки постабилен??? Од каде па тоа, што, демек жената нервно попушта од време на време па не може трзвено да го води семејството? Мажот само физички може да биде посилен од неа ама жените се тие кои се психолошки постабилни од мажите, реално. :!:

    Сега за сега толку ми текнува да кажам бидејќи сум уморна ама има мнооогу неправди кон жената во исламот за жал :|

    И во врска со тоа што го пишав, за тоа во 4тото поглавје на куранот, баш гласи така како што го прочита, можеби си читал некој превод, па некои реченици може да се ублажени со текот на времето како што е преведувано на многу јазици и препишувано итн, па им се видело премногу нечовечно, ама ти кажувам со сигурност од арапски преведено, пишува жената физички да биде казнета. :x
     
    На AnaKlarc, karenin и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    8.559
    И јас поминав низ фаза кога бев опседната со жените од Арапскиот свет, и исто како тебе, се нервирав за неправдите кои им се нанесуваат. Но знаеш што сфатив? Дека и во нашиот секојдневен живот не е се така розево, и жените не се еднакви со мажите, и најверојатно никогаш нема да бидат... И нашите жени се и слуѓинки, и мајки, и љубовници и домаќинки, и земаат во просек помали плати од мажите. Огромен е процентот и на жени кои се тепани, злоставувани, малтретирани психички.. Која религија е крива за тоа?
    Само што во арапскиот свет оваа нееднаквост е многу поизразена, (и не се сите жени тепани таму, те многу ретко се среќава физичко насилство) многу од женати се така се израснати, така се научени, и се прилагодени на таквиот живот, па и немаат желба да го менуваат.
    А што се однесува до казните, казните се тука за сите, и за мажи и за жени. И мажот доколку украде нешто, му ја сечат раката, не е само дека жените ги казнуваат. (иако за мене е многу страшно да си замислам да ме камшикуваат зошто сум погледнала некого што не сум смеела).
    Тоа е, различки култури, различнен поглед кон светот... Ние секако треба да го прифатиме
    [​IMG]
     
    На chicaboom3, nena2010, karenin и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34

    Јас се согласувам со тебе, да така е, точно дека жената можеби и ден денес не е почитувана и дека мажите се доминантни, но барем тука ако ме малтретира можам и да го оставам и да работам и сама да се издржувам без никој при тоа да ме гледа наопаку. Па дури можам и деца од донатор да имам и да бидат само мои. Ама тоа во арапскиот свет е недозволено .. Јас можам да имам кола да поседувам куќа, деца се и сето тоа без маж. Сепак не е споредлив животот на арапската жена со животот на нашата, западно-европската или американската жена итн ...

    А што се однесува до желбата за промена, е тука мислам дека грешиш, сакаат да си го променат начинот на живот и тоа како .. ама не смеат, сите кои се образовани сакаат и пробуваат само што се безгласни, ете во Иран дури имаат и феминистичко здружение за правата на жените, но и покрај сите напори за минимални промени, нема резултати, затоа што никој не ги слуша, а најголем процент од тамошните жени и да сакаат не смеат да им се придружат. :x

    пс: ми се допадна стрипчето :clap:
     
  11. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Ги прочитав постовите, како и секогаш, за да не кажам некоја дезинформација, се консултирав со сестра ми и мајка ми, да знам со сигурност што да кажам, не сакам да зборувам на празно. :!:
    Е сега, да, ако жената не е послушна, план А-да и се посочи дека не се однесува како треба. Ако тоа не функсионира, план Б-да не спие мажот со неа, Ц-ќотек! :!:
    А мене само тонот на гласот да го промени некој, веднаш се револтирам. :^)
    Знаете дека и порано имам кажано за тие казни-тоа е демек другите да си земат поука. Се разбира дека кога има фатални последици, човек 2 пати ќе се мисли пред да направи нешто. И така ќе се намали неморалноста.
    Значи според Куранот, вака си е. Кој сака што сака нека си мисли. Јас можам само да се надевам дека животен партнер ќе ми биде некој човек со кого ќе можам да се разберам.
     
  12. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    7.280
    Пол:
    Женски
    Прашањето можи е офф топик, ама од една страна и не е. Поврзано е со жените од исламот, значи со ова може да се кажи дека не се почитуваат, барем според мене, ако може некој да ми одговори. Значи, како можи да си дозволат, нивните родители да му наоѓаат маж и да му речат ти за онај ќе се мажиш и точка. 21 век и ова и ден денес го има, јас знам примери. Се прашувам каков е тој брак со некого што не го знаеш?
     
  13. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34

    Да ама ние си мислиме така, и јас се прашувам каков е тој брак. Ама ние од малечки во градинка, школо итн се дружиме со машки, а тие не, ние контактираме едни со други за разлика од нив, значи си дозволуваме да ни се родат симпатии, нас уште во градинка родителите не прашуваат ’’ ииии сега ајде кажи ... имаш ли симпатија’’ хихихи па нормално дека така воспитувано дете нема да прифати договорен брак :) , додека тие се воспитувани на друг начин, кај нив жени на една страна а мажи на друга, нема контакти и нормално е дека кога ќе проработат хормоните се вика дај што ќе дадеш, немаат тие жени прилика да се социјализираат со мажи па да бира изглед, карактер итн, нема некој што ке ја бендиса па да почне да и симнува ѕвезди, да ја натера да се заљуби ... а башка 99% од девојките се мажени пред 18, што значи баш кога хормоните работат со полна пареа :D .

    Сепак факт е дека ние луѓето единствено сексуално се привлекуваме, ако не било така можда по карактер и изглед во девојка ќе се заљубев :rofl: ама си сакам маж ..

    А од друга страна и кај нас било така порано, со стројници и ајт :geek: . Ако девојката нема прилика да запознае подобар маж во животот нема ни да го бара, а и плус па ако знае дека ќе биде камшикувана ако стори неверство ... ееее тек тогаш па ич :lol: . На крајот на краиштата ние сами си дозволуваме да се заљубиме, а неверството се случува поради незадоволство во врската или бракот, немање внимание од партнерот, оладени односи ... и еден ден некој ќе ви каже убав збор, ќе почне комплименти да ви дели, ќе направи убав гест и ќе почнете да чувствувате дека сепак вредите ... и ете ти неверство.
     
  14. maleta

    maleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Sekoja vera e sistem na vrednosti i prestavuva duhovno hranenje i stabilnost,sekoja vera nalaga d ne se krade,laze etc...no kako so citav vo gorenavedenite tekstovi primetuvam deka za islamot,sekogas ima hiperboli i trogatelni tolkuvanja za zenite.Ne e vistina,sega navistina nemam vreme i mozok d objasnam se sto znam no ke se potrudam da doobjasnam po nesto za koj sto e interesiran.primer,gorenavedenite primeri za kamsikuvnje,ne smee da izleguva bez pridruznicka,ili drugite i go birat mazot,toa se poveke zkoni koi gi stekanel odredeni islamski narodi koi se orientirani fundamenstalisticki od bilo kakva nekoja politicka ili socialna sostojba.pogresni tolkuvanja ima vo sekoja vera a najmnogu vo islamot,a vistinata e deka islamot e edinstvenata vera koja go zabrani ubivanjeto na zenskite novorodencinja ili potocno kazano pred da dojde islamot zenskite novorodencinja bile zivi zakopani,zakon sto islamot striktno go zabranil,i vo Kuran navedol deka zenata ima ednakvost so maot,no kolku sto jas imam procitano i razbirano,toa ednakvost se naslonuva na pravo na zbor,i zelba,pravo na glas,pravo na rabota,znaci elementi koi ile mnogu zabranati vo drugite veri,zenata na prorokot Muhamed igral futbal so nejziniot maz,taa ucela,i drugi zeni ucestvuvale vo sobiri zaedno so mazot kade se govorelo za kulturoloski opstestveni temi,i temi za religijata,ovie se samo mal del koj mi teknuva od se toa sto imam citano,no,ne moze da se negira fizickata i stabilnata sila koja e pogolema kaj mazot,toe e dokazano i naucno i ne sekoj drug nacin,i zato Gospod vo Islamot vika deka mazot go ima odgovornosta nad zenata,kako sto e ekonomskata,po sto ne znaci deka zenata ne moze da raboti,tuku vo Islamot zenata moze i biznis da vodi no kako naslonjac vo familiata da bide mazot i toa e mnogu realno,dali moze vo edna kompanija da ima dvajca glavni direktori ,ne,sekogas e eden,i toa e i so ovoj del.
    sto se odnesuva do fanatizmot,izbiranje na mazot od drugi toa se regionalni kulturoloski naviki,kako so gi ima kaj nas,znaci vo xristijanstvoto vo mnugu rajo i,sela,vo oridsko ili debarsko ili sto znam jas,no zakasnuvanjeto na golemite islamski drzavi vo progresot na kuturata site znaeme deka e stagnirana od mnogu mnogu okolni pricini,kako politicki ekonomski i tk,,koja stagnacija go hranele i neguvale mnogu drugi koi profitirale od toa,ama da ne navleguvam se a vo toa,samo sakav da pojasnuvam nesto,ne mesajte vera ,so narodni zakoni,ili socialni stadiumi na nekoe opstestvo,da islamot mnogu loso se tolkuvalo,i zatoa se zemene elementi koi lugeto gi mislat kako vistinski a ustvari sustinata e mnogu individualna i totalno razlicna od toa sto se naveduva,i servira.tolku od mene,se nadevam objasniv nesto,poz.

    [mod-kirilica:3jl4p0df][/mod-kirilica:3jl4p0df]
     
    На unhappyy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pokazalec

    pokazalec Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    Исламот е најправеден во однос на еднаквоста на жените.

    Освен еден стих кој не е таков како што е постиран а се однесува на непослушноста или срамното дело на жената, секаде друго место и во Куранот и во традицијата на Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. жената завзема видно место во бракот.

    Еве нешто од Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. за жената:

    - Најсовршен иман (верување) кај верниците е нивното учтиво однесување, а најдобри меѓу вас се оние кои се најдобри кон своите жени.

    Еве што рекол за жената на неговата последна проповед (опроштајната хутба) :

    - Стапувајте во брак со тие што ги сакате и кога Аллаховата волја ќе ве обедини, тогаш сакајте се еден со друг и живејте во љубов и почит.
    - Бидете секогаш добри и милостливи спрема вашите жени.
    - Одбегнувајте смутови и озборувања.
    - Тие што озборуваат и зборуваат невистини за совесни жени, тие ќе бидат проколнати и на овој свет и на другиот свет. Тие што ги осудуваат жените за брачно неверство или за неморалност а не можат да најдат четири ( 4 ) сведоци, таквите осудете ги и во иднина не верувајте им за ништо, зашто таквите се смутливи и лоши.
    - Ако мислите дека помеѓу вас и вашите жени не постои повеќе љубов, немојте да брзате, помислете се добро. Можеби Аллах ве става во искушение за потоа да ве усмери на патот на среќата и радоста.
    - Не барајте развод без оправдана причина и покрај тоа што од сите дозволени работи, Аллах најповеќе го мрази разводот.
    - Бидете секогаш добри и милостливи спрема вашите жени, чувајте ја нивната чест и поштеност, зашто тоа ви е аманет од Аллах џ.ш. Навистина од Аллах ги добивте да ги чувате и со нив законски да постапувате.
     
    На Dinsyyy, Rose96 и simpaticnaa им се допаѓа ова.
  16. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    245
    Е јас сега ја видов темава и ми се допаѓа затоа што ова прашање ми е секој дневно како може родителите да одлучат со кого ке се мажиш. Лично јас имам дечко и тоа сама го најдов моите родители кога им кажав кој е тие не ми рекоа ти несмееш сама да најдеш ова она туку ми рекоа да гледам тој да ми е за цел живот и дали сум сигурна во него? а тоа сега дека родителите ти бараат мажи или жени порано го имала во секоја религија и неможе никој да ми каже дека не е така бидејки имам другарки христијанки кои ми го имаат кажано тоа. Така било затоа што тогаш немало голем избор и никој за тоа не се интересирал и затоа што навистина секој родител му сака најдобро на своето дете па сигурно нема да го омажи за некој пијаница или наркоман. Незнам дали објаснив убаво ама се потрудив и за да го сватиш исламот треба навистина да истражиш и да го запознаеш па да можиш да ја видиш неговата убавина и чистост. :) :)
     
    На Dinsyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. maleta

    maleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7

    ја па мислам за да си го сватите исламот треба појке да ги гледате овие турским филмови сеа сто ги пустат па ке видите дека тоа повеке е традиција,и пак ке видите колку убава и слатка традиција има исламот,со поцитувамје,за постариот,со фамилијарност,и многу други вредности кои сме ги заборавеле сите,а кај кои сепак се вракаме,бидејки тие се вистинските вредностио кои мозат да го градат опстеството во добро ниво,па гледано и од глобална перспектива.
     
  18. mel4e

    mel4e Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Pa vaka jas sum muslimanka i nikade vo Kuranot nemam procitano da se kaznuva zenata fizicki.Zborot ISLAM znaci mir nasata vera ne uci na mir na pocit na veruvanje vo eden i edinstven ALLAH nikade ne se spomnuva zborot nasilstvo nad zenata a za toa sto nekoi luge go pravat toa za toa se samite krivi a ne verata ne sme site isti kako sto prstite na rakata ne se isti taka i lugeto se so razlicni mislenja sekoj treba sam da e svesen za toa sto go pravi na krajot na kraistata nasilstvoto nad zenite postoi sekade vo site veri ne samo vo islamot.

    [mod-kirilica:2z4fmku0][/mod-kirilica:2z4fmku0]
     
  19. Ecii

    Ecii Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    11
    Mожеби е така во арапските земји. Но јас имам другарка која е муслиманка живее нормално, освен тие правила што ги имаат за нејадење свинско месо, пиење алкохолни пијалоци и такви некои прописи. Не приметив ништо чудно. Родителите и семејството се однесуваат многу нормално и воопшто не е како во овие случаи да мажот има по 2-3 жени, да врши насилство врз сопругата итн.. постарите жени кај нив носат марами, но не ги носат сите, и жените имаат права но се знае дека мажот го има последниот збор. Се дружам со девојчето, искачаме надвор и навечер, нема некакви си којзнае какви правила, но и таа знае како да се однесува пред машките, не е толку слободна како понекои девојки но сепак не е ни толку лошо нејзиното однесување.. :)
     
    На ivan4e86 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    324
    Погоре на форумов прочитав некои од проповедите на Мухамед и еве што не ми се допадна, додека го читав сфатив дека ова се зборови упатени само до мажите како да се некој повисок род од жената , каде е рамноправноста на мажите и жените пред Бог. Зборовите се поучни и не учат на морално однесување и почитување на моралните вредности на односите помеѓу мажот и жената, но ова не треба да се зборови упатен само до мажите не гледам еднаквост со жената. Може некој ќе ме критикува но тоа е само мое мислење и сум голем поборник за правдата и еднаквоста на половите во светов, поздравче :)
     
    На cupcake27a му/ѝ се допаѓа ова.