1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ислам, почит-непочит, тепање, неверство ...

Дискусија во 'Религија' започната од MiaBeMia, 28 октомври 2011.

  1. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    А бре луѓе порано било срамота девојките да одат разголени, се мажеле млади, морале да бидат невини и се тоа заради честа и тоа било кај сите религии и кај нас и кај муслиманите и секаде.Денес се нови времиња и секој прави како што сака освен во муслиманските земји каде е строго и жените служат само за да раѓаат деца.
     
    На TheStranger му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Ова е точно. Истото го има и во јудаизмот. Прочитајте го стариот завет од Библијата, таму е преполно со разни забрани и упатства за убивање преку каменување на жените и децата кои не ги почитуваат забраните. Во новиот завет кај Павле, божемниот апостол, исто наоѓаме потценување на жената. Рамноправност помеѓу половите имало само кај Исус од Назарет и најпрвите христијански заедници.
    ВРаќање кон тој изворен христијански идеал на рамноправност имало и кај богомилите во Македонија и низ балканот, но црквата ги прогонувала и убивала таквите духовно напредни жени и мажи.
    До скоро не било така ниту во западниот свет. Рамноправност помеѓу половите на пр. во Швајцарија и Германија постои дури некаде од 70-те год. на 20. век. До крајот на 60-те во Германија, жената во брак мораше да добие дозвола од сопругот доколку сакаше да изучи некаков занает или доколку сакаше да се запише на факултет.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    точно е напишано јас сум муслиманка (и не се срамам од тоа) за камшикуванјето тоа било порано јас уште незнам некоја познаничка да била камшикувана........
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    http://makfax.com.mk/300069/saudiski_ve ... je_sirijki

    Истакнатиот саудиски верски лидер Мухамед ал-Арифи повика на масовно силување на Сиријките за на „воините на Исламот", кои се борат во војната во земјата, им се пружи „сексуално олеснување".
    Со својата страотна фетва Мухамед ал-Арифи им дозволува на исламските милитанти „влез во краткотрајни бракови втемелени врз полов однос". Тие бракови би требало да траат по само неколку часа, „за да може секој борец да дојде на ред". Ал-Арифи додаде и дека секоја девојка постара од 14 години се смета за подобна „невеста".

    Ал-Арифи е огорчен што многу исламски милитанти последните две години откако трае војната во Сирија немале можност „да легнат со жена". Порача дека оваа негова фетва „ќе ги зајакне муџахедините во Сирија" и дека ваквите „бракови" со сириски жени „им се света должност што ќе им обезбеди влез во рајот".[/size]


    Или овој Мухамед му го гнаси името на вашиот ткзв пророк или ја следи божјата волја хмм? Еве каков е правилниот однос на исламот кон жените муслиманки, души они маченички! А Мухамед се загрижил дека неговите ’војници’ немаат каде да се олеснат и оти нема да си ја вршат работата како што треба. Ме интерсира како мисли Ајше на оваа тема и дали би дозволила ова да и го прават неа затоа што жртва си е жртва, нели?! За алах све. |(
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не верувам и не сакам да верувам дека во вистинската суштина на исламот ваков лош однос е дозволен или пак дека е омаловажена жената.

    Од моето скромно познавање на исламот, една од заповедите на Мухамед ги обврзува мажите добро да се однесуваат со своите жени и да бидат добри кон нив (нека ме поправи некој ако грешам, сепак лаик сум на темава), така што не верувам дека е во духот на исламот да се малтретира жената.

    Познавам човек муслиман кој е многу побожно лице. Да видите само како си ја чува жената. Свекрва ми ми вика дека сега била дури и поубава него ли кога била девојче. Koa беше бремена, све го глеав низ прозор како со полни кеси трча дома. Кога се зедоа, се утепа шетајќи ја низ белиов свет. Женава да напоменам е покриена и скромно изгледа, но дома да ја видите каква е. Но тоа е затоа што таа така сака. Богами, само нему и вреди да му биде убава.

    Чисто се сомневам дека таква жена е покрај маж кој оправдува малтретирање и тепање.
     
  6. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    tessie те цитирам бидејќи ти не ме цитираш а ипак ми се обраќаш мене со двата постови после моите два постови.
    Секој нека си ја третира жената како сака. Знаеме како доликува да е третирано човечко суштество маж или жена, нема разлика. Мухамед не е борец за моногамија колку што ми е познато. Дали тоа значи дека треба да чуваат денешните муслимани харем у куќа? Сакам да знам зошто не се огласуваат муслиманите на темата макар и со една негација по тој повикот на болесникот за силување. Он си пронашол логичност дека силувањето ќе ги однесе у рајот, ако таков лидер дава насоки за однесување, а има низа испрани мозоци таму кај што е он, не само војниците што ќе силуваат туку и секој муслиман ќе го поддржи. А тоа може да води кон проширување на оваа наркоманска пропганда низ цел свет.
    Они не се наивни као што изгледаат сокриени под тие турбаните и фалширајќи скромност. Барем осуда да видевме.
    А тој маж што си ја негува така сопругата не е таков благодарение на Мухамед (кој поседувал преголема почит кон малолетно девојче, види од каде таа почит сега?! сигурно не му ги наводнувала цветовите у градината туку нешто друго работела) туку на општествените прилики и уредувањето на државата во која што живее, па и обичаите кои важат на нашето тло. Да беше у некоја друга земја, ни јас не би гарантирала за неговите постапки.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    ^ Мислев дека нема потреба да те цитирам и да го правам постот километарски и цела страна да зафатам особено кога е очигледно не кому, туку на кое мислење се надоврзувам, не е ништо лично. Инаку пишав веднаш под твојот пост и сите знаеме на што се однесува, нема потреба од толкава нервоза, особено за празнициве :angel:

    И што ако сум се надоврзала на два твои поста? Ова е форум и секоја објавена реченица е потенцијален материјал за дискусија, а како што можеш да забележиш, ниту се препукувам, ниту лично ти се обраќам туку се надоврзувам на мислењето не на тебе за да го сфатиш лично или негативно.

    Јас си го кажав моето мислење, си го кажа и ти. Јас не сакам да верувам дека некоја религија учи на такви работи, зависи како ќе го протолкуваш тоа што го пишува во светите книги. Јас не зборам за луѓето колку се или не се наивни, зборам за религијата и Бог кој е совршен за разлика од луѓето. Од секоја реченица може да се изврти значењето и да се извади негативен контекст, не пак од една голема книга, а уште помалку од светите книги кои се полни со параболи и симболика (јас какви нешта се имам изнаслушано за мојата вера од такозвани верници, па не им ја обвинувам верата туку нивниот тесен видик). Јас сум од оние кои го бараат доброто, а го игнорираат лошото во работите и онака денес малку од тоа добро остана. Не сакам да навлегувам во понатамошна дискусија со тебе, јас така мислам, мене така ми е убаво да мислам (сепак, никој не гарантира дека ја имам вистинската слика за работите, или пак било кој од нас, затоа што човечките и Божјите патишта се оддалечени повеќе одошто ние имаме претстава за поимот оддалеченост). Кога сите муслимани би биле вистински муслимански сопрузи и би се држеле до Шеријатот, жената ќе има далеку повеќе права од тоа опишано во ситуацијата со “верскиот“ водач.

    Биди ми поздравена.
     
    На VayaConDios му/ѝ се допаѓа ова.
  8. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Еве и јас по твоите стапки. Да не се навредуваш. Мојот коментар не се однесуеше на тебе туку на коментар на тема на која имам право да дадам реплика. У кое време сакам јас оти сум член на форумот како и ти. Не ти посакувам да се нервираш, и празници и се тоа. Ако сакав да те навредам ќе го направев тоа погоре. :) Мојот став е јасен. Доволно беше зборење надвор од темата. :hai:
    Он топик, муслиманките живеат прав маченички живот затоа што најпрво, никоја од нив не обожава да се покрива, не им е тоа у гените, како што не ни е ниту нас. Покривањето е прв знак на принудна потчинетост на таткото а потоа и на другите машки авторитети што ќе им сепојават у живот. А они нема на кого да писнат. Моето сочуство и вербба дека секој човек ќе има право да одбере како да живее.
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Тука веќе праиме муабет за наметнување на вера и начин на однесување кое ниту јас не го оправдувам, а го направиле луѓето и системите создадени од луѓето од кои профитираат...луѓето.

    Мојот поглед кон верата (било христијанство или ислам) е дека треба (во идеална либерална ситуација) да биде плод на избор на човекот. Ги сожалувам оние кои се приморани да го прават тоа, но искрено познавам и жена (едно време деловно соработував со неа) која самата ми кажала дека се чувствува убаво кога го почитува тоа верско правило (што не верувам дека само нејзе можеле да и' го наметнат а не и на нејзини сестри/братучетки). И покриеноста не ја спречува убаво да се носи. Скромно но убаво, со пријатни но не дречливи бои.

    Јас кога носам долго здолниште и горен дел од облека која не ми ги покажува облините и марама кога одам во црква ни најмалку не се чувствувам притисната од некого, напротив, растена сум во семејство во кое преовладувало световното пред духовното воспитување, но ете тоа е дел од една моја желба да бидам поблиску до она во кое верувам и затоа и не ми е тешко да верувам дека не сите се покриени од што се приморани на тоа и покажуваат потчинетост (иако факт е дека постојат и такви и како и тебе и јас навистина ги сожалувам), туку дека може да претставува и спротивно од потчинетост, т.е. слобода да верувам во нешто и да живеам според правилата кои тоа нешто ги налага.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Разбирливо и муслиманската религија е заснована на догма. Тебе како православна (и на сите други православни жени) не ти се налага обавезно да носиш марама на глава у црква туку моеш да идеш и со пуштена коса оти ти претставуа украс според апостол Павле и замена за марама. У ислам жената е деноноќно покриена што секако е параноично оти ако си ги покаже ушите недај Боже нема да ја ожени друг или да ја граби од лепота. Значи они у топло време треба ко пингвини да паѓаат по земја оти не смеат ниту еден слој од облеката да тргнат, тоа не крепи разум.
    Неколку жени у свет имаат проговорено за тоа како е да си позади тој превез и како е да го мрзиш животот бидејќи немаш никаква слобода, едноставно немаш на кого да му се пожалиш оти и на татко ти да му кажеш он ќе ти рече мажот ти е закон,што ќе каже он тоа ќе биде. Па макар кажувал три пати на ден порција ќотек раѓање деца и кухање ручеци. А и кој да си слушне кога повеќето од нив немаат бел ден видено и седат затворени унатре. Еве обратен пример од твојот, но да знаеш дека не црпам инспирација од Либан туку од рурални места у Македонија, каде често се случува да залутаат и цивилизирани урбани девојки по директен налог на својот татко што глуми стројник у двајспрви век.


    п.с. потчинетоста у православие се сваќа на сосем други начин. ти си му потчинета на твојот маж бидејќи он е твојата глава и затоа ти како жена носиш марама у црква а тој бидејќи за глава го има Христос не носи покрив(капа) на себе. И ти се потчинуваш на некого и на твојот маж и на твојот духовен старец и на постари у фамилија. Али кај тебе потчинетоста добива друга смисла и е од љубов превод слобода а не како у ислам од морање затоа што ако не ставиш марама таму, ќе ти ја отсечат главата.
    И поново во духот на празниците коишто сеуште траат, нема потреба од сожалување. Иронично е да си ја гонам сестрата во Христос заради дискуссија во чија срж се наоѓа исламот.
     
    На sweet-star, mimiiiii, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    Ниту една религија не учи на тоа да ако не одиш во црква или во џамија да те каменуваат или ако не носиш шамија на главата да ти ја отсечат главата.Луѓето се тие што сакаат да ги наметнуваат работите.Бог е еден за сите.Колку ми е чудно кога ќе видам кога некој пишува за тоа колку се лоши муслиманите или христијаните, како и нивните разлики.Луѓе никоја религија не е лоша, луѓето се лоши, ниту Алах, ниту Исус рекле да мразиме ако не сме од иста религија или да се убиваме меѓу себе, ниту на некој да го присилуваме да верува во нешто.
     
  12. creepyalive

    creepyalive Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Не знам дали некој од вас ја има прочитано „Заробени сништа‘‘ од Марина Немат.Се работи за роман(биографија) во кој се раскажува животот на жените во исламскиот свет,поточно 80-тите години на минатиот век во Иран.
     
  13. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Да иксоментирам што се однесува за покривањето на жените во Исламот.

    Пред да кажам било што ќе дадам пример, кој е 100% точен.

    Ова ми го има прераскажувано близок пријател, кој работеше како таксист.
    Се се случило вака: Тој си добил повик. Стигнал на местото и малку ја почекал патничката. Неа ја испратила до вратата најверојатно мајка, која била забулена, и исто така најверојатно ќерка и повторно забулена.Ќерката влегла во колата.
    Штом излегле од нивната уличка, женскава почнала да се соблекува. Всушност одоздола носела се што треба, а одозгора колку да излезе од дома била целосно покриена и во телото. Типкава стегната во фармерки, разголена маица, штикли. Па косата ја пуштила, се нашминкала и сето тоа во рок од 10 минути во кола. Кога излегла од колата, излегла како друга личност. Најчуден момент му било кога таа, сеуште непресоблечена му кажала каде треба да ја однесе. Накрај му платила и си влегла во дискотеката.

    И сега што ако излегла од дома така и родителите ја виделе облечена примерно според нивните сфаќања, кога таа надвор кој знае што прави и со кого ?!?!

    А сега да кажам нешто што видов денес со свои очи и се се одвиваше пред мене. Дејството се одвива на Бит-пазар. Јас само поминував од таму, но видов нешто ужасно.
    Мажот ја исфрлила жената од кола, а очигледно беа муслимани. Таа со дете во рака остана на улица. Ужасно :@
    За среќа, се најде една жена, која рече дека работела онаму каде што ги згрижуваат тие жени и ја зеде со себе. А на неа се гледаа и очигледни модрици и крвови по лицето. Да, од тепање ! !

    Да сумирам. Што се однесува до врската маж-жена во Исламот и власта на мажот врз жената е една огромна неправда, која најверојатно многу тешко ќе се искорени. Јас чувствувам целосно не почитување кон тие ''мажи'' и морам да бидам искрена дека не ми се допаѓаат многу работи поврзани со муслиманите. Да се разбере не кон турци или албанци на пример, туку муслиманството. Ова го нагласувам затоа што една од моите подобри другарки е турчинка муслиманка, а со подобра душа од некоја православна христијанка.
    Доколу на некого не му допаѓа моето мислење, нека не ми пишува тука нека пише лп, иако нема право на тоа, затоа што ова е мое мислење, но верувам дека ќе има изреволтирани. :)
     
    На awayfromyou му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Примерот што го наведе со мажот што ја исфрлил жената од автомобил.... тоа нема никаква врска со муслиманството како религија, туку со луѓето како луѓе или НЕлуѓе.
     
    На Ordinary, Emotional123, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Имам една другарка муслиманка што имаше односи пред бракот.
    И на првата брачна ноќ мажот нели приметил дека не е невина и ја кажал на нејзините. Абе ужаси низ какви озборувања и понижувања
    од страна на муслиманите
    помина.
     
  16. caircanec

    caircanec Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Ako sakas da znaes povise za zenite zemi go Kuranot i citaj poglavite-surite EN NUR, EL AHZAB, ovie se pravata na zenite vo islamot.Allah kazu vo Kuran Nie ja stvorivme zenata za mazot za da se smirat medju sebe i da se nadopolnuvat, nasiot prorok Muhammed alejhi selam kazal Najdobar od mazite e toj maz e toj so e najdobar so zena mu,,,zenite vo islamot imat vrednost kako princesi,kako dijamanti, a zatoa prikasnata zosto mazite vo arapski drzavi zemat po 2-3-4 zeni toa e druga tema Allah kazul vo Kuran zemete 4,3,2, ako se plasete deka ne ste pravedni togas zemete samo 1, koga imas golem bogatstvo podobro e da zemas i 2 zena, ali koga imas potreba i koga imas uslovi istite uslovi treba da mu ja ispolnis i na prvata i na vtorata zena,,, kazete vie mene so e podobro da zeme vas maz 2 zeni normalno so svadba, so vaso znaenje, ili da trci po drugi ???? Ako nesto ne znaete podobro e da prasete i deneska sekakov covek stignal da pise verska kniga mnogu mie zal koga ke citate prvo proverite dobro koj e avtor citajte malku za Biografijata na avtorit.

    [mod-kirilica:13n9fdce][/mod-kirilica:13n9fdce]
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    И што сакаш да кажеш, дека треба браво да му кажам ако ми донесе дома втора жена? Зашто, за да не трча по ку*ви!?!?!?! Какво оправдување ти е тоа? Па и со мое знаење демек ако незнам ќе се навредам? Он дома втора жена донел, ја уште благослов за свадба да не треба му давам! УФ!
    Прва брачна ноќ со неа, ќе му биде последна! Ајде бре 21 век сме, хареми уште ќе правиме!
    Ни тоа ни тоа ќе му се види во животот!

    П.С. Како принцези, тие послушните!
     
    На tessie, shushu, viktorija.manevaa и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Глупо ми е да влегувам во вакви дискусии за религија ама неможев повеќе да издржам.
    Незнам зошто толку многу ви смета шамијата, мене убаво забулените девојки ми се преубави, јас сум муслиманка немам шамија и мајками нема никој не не присилува кога ке сакам ке ставам. Некои ја носат од мали така ни налага религијата тие жени што живеат Арабија или во другите исламски држави се навикнати на таков живот.
    Друго Жената во исламот го има највисокото место, не треба да работи за да не се измачува мажот треба да ја издржува, во сексот прво таа треба да биде задоволена после тој, и во врска со тепањето зошто мислите дека е муслиман ако ја тепа жената, Никој христијан нема кренато рака на женаму?!
    Никаде во Куранот или било која друга книга пишува дека мажот треба да ја малтретира жената, некаде прочитав дека ако мажот не бил присутен свекорот ги извршувал сексуалните протреби на жената :| Поголема глупост немам слушнато не не е ич вистина, а тоа дека ако почине мажот и братот се жени со неа е за да не остане сама ама тоа било некогаш не и сега!
    Ако нешто толку ве интересира за исламот прочитајте го Куранот, таму пишува се!
    И јас имам дома Библија ако нешто ме интересира и до сега не сум рекла ништо за христијаните или било која друга религија иако некои работи ми имаат сметано ама ако ја вреѓам религијата нема ништо да сменам. И да горда сум што сум родена муслиманка, и пак да се предордам и да имам избор би избрала ИСЛАМ! ;)
     
    На Sarasaricka, lore**dana, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Девојки јас уште од почеток ќе ви кажам дека сум муслиманка,па кој ќе ме сака нека ме сака такава каква сум... :!: Кај мене важи тоа сакај го своето,почитувај го туѓото....
     
  20. Angellce

    Angellce Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Две сестрички од Пакистан (15 и 16 годинки) заедно со нивната мајка се убиени затоа што ТАНЦУВАЛЕ на дожд (и со тоа го засрамиле семејството).
    http://grid.mk/read/news/505339520/3663 ... e-na-dozhd

    Танцувањето е забрането во Исламот. Тоа ти е.