1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ислам, почит-непочит, тепање, неверство ...

Дискусија во 'Религија' започната од MiaBeMia, 28 октомври 2011.

  1. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    лелелел какви глупости се ова,ако се некаде заостанати не знаци дека во Исламот е забрането.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Се` додека не сфатиме дека насилниците од Крстоносните војни не се христијани, Ционистите не се евреи и терористите не се муслимани, ќе мислиме дека злото доаѓа поттикнато од одредена религија и ќе се јавуваат вакви теории дека одредена религија поддржува насилство, проституција, убиство и тн.

    А некој поединец/општество/влада ако решил за своите недела и како изговор да го разбуди животното во себе да ја искористи религијата како поучувач во чие име го прави тоа, повеќе ќе верувате на тој поединец/заедница или пак на она што всушност го пишува во светите книги?

    Познавам не едно муслиманско семејство во споредба со кое јас можам комотно да речам дека сум старомодна и назадна. И не верувам дека ги има малку.

    Навистина не познаваш такви примероци и меѓу нашиве христијани? На колку мажи им е само ова тема на замарање...

    Башка и според Библијата не треба да се имаат односи пред брак и има многу кои уште закоравено си држат до ова. Така што ... не е до исламот, како што голотијата и блудот не се дел од христијанството.

    Световно и духовно воспитување, старомодни наспроти современи сфаќања. Ете тоа е разликaтa.
     
    На lore**dana, Rose96, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  3. planet

    planet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    73
    Религија како религија, каква и да е, многу луѓе погрешно ја сфаќаат. Во име на својот најценет на чело на нивната вера уште какви не работи прават. И се колат, и се бесат, и се тепаат, и се силуваат и се омаловажуваат. Но, суштината на религијата е друга, и таа не не учи на ништо лошо. Мислам дека религијата е најбезобразниот начин човек да се оправда за своето злодело. И без разлика дали е ислам, или христијанство, или што и да е, можеби во една вера овие работи се поизразени од друга, ама не значи дека во секоја вера не постојат. И не значи дека сите припадници на исламот живеат непочитувани и тепани, исто како што не значи и дека сите припадници на христијанството живеат почитувани и заштитени. Сегде си има луди глави.
    Дури и не знам кој пророк и бог да рекол тепајте си ги жените, убивајте си ги децата, тоа пред се не е човечно, и ги крши човековите права, и никој не смее да го трпи тоа каква и религија, каков и закон да е во прашање! Но за жал...каде што има сила нема правдина.А ваквата сила не е во религијата, ами во некои умоболни луѓе, што немаат врска од истата.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. merchy

    merchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    18
    http://makfax.com.mk/300069/saudiski_ve ... je_sirijki

    Истакнатиот саудиски верски лидер Мухамед ал-Арифи повика на масовно силување на Сиријките за на „воините на Исламот", кои се борат во војната во земјата, им се пружи „сексуално олеснување".
    Со својата страотна фетва Мухамед ал-Арифи им дозволува на исламските милитанти „влез во краткотрајни бракови втемелени врз полов однос". Тие бракови би требало да траат по само неколку часа, „за да може секој борец да дојде на ред". Ал-Арифи додаде и дека секоја девојка постара од 14 години се смета за подобна „невеста".

    Ал-Арифи е огорчен што многу исламски милитанти последните две години откако трае војната во Сирија немале можност „да легнат со жена". Порача дека оваа негова фетва „ќе ги зајакне муџахедините во Сирија" и дека ваквите „бракови" со сириски жени „им се света должност што ќе им обезбеди влез во рајот".[/size]


    Или овој Мухамед му го гнаси името на вашиот ткзв пророк или ја следи божјата волја хмм? Еве каков е правилниот однос на исламот кон жените муслиманки, души они маченички! А Мухамед се загрижил дека неговите ’војници’ немаат каде да се олеснат и оти нема да си ја вршат работата како што треба. Ме интерсира како мисли Ајше на оваа тема и дали би дозволила ова да и го прават неа затоа што жртва си е жртва, нели?! За алах све. |([/quote]




    Аааааааа на овој не 100... Милиони камшици да му удрат треба... Или да го закопаат само главата да му се глеа и со камења да го маваат. Цц ц ц ц .... Ај да не си огрешам душа, постам ама стварно се изнервирав....
     
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Или овој Мухамед му го гнаси името на вашиот ткзв пророк или ја следи божјата волја хмм? Еве каков е правилниот однос на исламот кон жените муслиманки, души они маченички! А Мухамед се загрижил дека неговите ’војници’ немаат каде да се олеснат и оти нема да си ја вршат работата како што треба. Ме интерсира како мисли Ајше на оваа тема и дали би дозволила ова да и го прават неа затоа што жртва си е жртва, нели?! За алах све. |([/quote]

    Пред се не ми се допаѓа тоа ткзв али ај, да не цепидлачам. Да, тој го гнаси името на нашиот пророк и не ја следи божјата волја |( . Не го мешај односот кон жените според Исламот и овие работи што се случуваат. Според Куранот жената треба да се цени, чува,пази и почитува. Исламот ваквите луѓе го уништуваат со вакви размислувања, но тоа е прост народ во тие земји.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Војната не ја проповеда Алах, ниту пишува во Куранот да земат да се тепаат туку поединци, личности, од желба за територија и власт ајдеее ќе дигнат бунт. Се демек во име на религијата, но не е точно.
    Верувам дека е исто и за останатите работи. Во Куранот пишува дека мажот може да ја удри жената ако таа не е послушна, но нему никој не му ставил нож под грлото, не значи дека МОРА да ја удари. Секоја личност си има сопствени сфаќања кон религијата.
    Во секој народ/религија има непочит, тепање и неверство. Нема потреба да се генерализира.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Толкави книги се (зборувам за светите книги), во нив има многу работи напишано и кога од една реченица може да се извадат од контекст работите, во толкави книги имаш цела ризница можности за тоа.

    За војни отсекогаш имало `рчкала. Дали терористи, дали колонизатори, муслимани, христијани . Но, за ниту една таква војна не сме го виделе Бог да се симне и да нареди такво нешто. Туку на ТВ ти се појавуваат политичари и политичари маскирани во религиозна одежда (со секоја почит кон духовните водачи кои што си држат до својот позив кои ги има, да не бидам сфатена погрешно). Да не речам, си играле Бог, одредувале дали некој друг човек ќе живее или не. Сме лееле крв и сме оставале пустош зад себе од она што ... Бог го створил за сите нас. Тоа е се` освен почитување на Божјата воља.
     
    На WarriorAngel и Emotional123 им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Касно беше за редактирање. Единствено нешто што ми е чудно во Куранот е што ги карактеризираат Христијаните како многубошци и идопоклонци што воопшто не е точно. Имам пишувано на темава дали и колку светците од иконите се богови или пак луѓе кои го следеле патот на Исус и дали нивните ликови сме ги замислиле или се сликале според одредени материјални докази кои сведочеле за нивниот изглед. Но се` си има две страни и постојат поводи за сечие мислење (што од внатрешен што од надворешен фактор).

    Се знае која е првата Божја заповед во Христијанството а и Серафима има многу убаво објаснето за тоа.

    Секако не сум експерт на тема Ислам, така што ако сум грешка, очекувам да ме поправите.
     
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    има една разлика во болдираниот дел ХРИСТИЈАНСТВОТО НЕ НЕ УЧИ НА ТЕПАЊЕ, НИТУ МУ ДАВА ТАКВО ПРАВО НА МАЖОТ ДА ТЕБА ЖЕНА, додека во исламот е дозволено и тепање и камшикување итн
    него мене ме интересира профил сликата со арабија, што всушност значи? гледам често муслиманите ја ставаат
     
  10. amra123

    amra123 Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    8
    И самата кажа ги казнуваат затоа што така пише во куранот, родителите го праваат најдоброто за своите деца и тие не би ја казниле ако таа не греши, а за односи пред бракот сеуште е така кај исламската религија, и за тоа да го сватите треба да читате многу за исламската религија, се додека не се едуцирате нема да знаете зашто е така, а верувај има причини.Се ти е објаснето во куранот.


    Тиси запознала муслиманка од тука,, сите викатт исламот ваков исламот таков,,тоа што во арапските држави имат малтертирани жени,не значи дека е крив исламот, исламот како религија прповеда мир во светот, а што се однесува до малтретирањето на жената, тоа е индивидуално од човекот,ти гледаш како живеат муслиманките кај нас,и ја сум муслиманка и живеам во најнормално хармонично семејство каде што постои слога и еднаквост ,а за малтертирањето на жените го има во секоја религија, секој дневно се малтретираат, психички и физички,, без разлика на која религија и прошаѓа.




    Јас сум муслиманка, и тоа ти што си го споделила за тој повик,не го оправдувам но сепак ќе ти нагласм дека ,,,исламот проповеда мир во светот,, а тоа што постојат одредени индивидуи што ги малтретираат жените ,,, тоа е до човекот а не е крив исламот, како што постојат православни луѓе кои што ги малтертираат жените психички и фзички,така постојат и муслимански мажи што го прават тоа, но тоа не произлегува од религијата ,, затоа што ниедна религија не го проповеда тоа, тоа произлегува од расипаниот карактер на одредени индивидуи,, а за исламот имаш погоре кај што е кажано како живеат муслиманките во македонија и другиве држави освен арапските, дали се малтретирани или не, ,,,
     
  11. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Не знам дали некој го гледал овој филм доста е поучен, иначе стар филм е од 1977, но е единствениот филм за доаѓањето на Исламот и животот на Мухамед а.с. и првите муслимани. Можете и со торент да го симнете од интернет

    The Message

    http://www.youtube.com/watch?v=rO_Ml_eYED4


    http://www.youtube.com/watch?v=8DV18_KaPsg
     
    На femina0 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Еве нова сторија од исламскиот свет и што се случува со муслиманите кои не си ја сватиле религијата

    Исповед: Татко ми ја уби мојата мајка, ме продаде и насилно ме омажи кога имав 13 години

    Габриела Гилспи (50) имала само 13 години кога татко и ја одвел од Велс во Јемен, ја продал и насилно ја омажил. Пред ова злосторство, татко и направил уште едно, ја убил нејзината мајка. Габриела, сега мајка на пет деца, во моментот живе во предградието на Бристол. Во мемоарите открива детали од трагедијата која ја доживеала, како предупредување за другите на кои им се заканува опасност од слични работи.

    До својата шеста година Габриела имала детство како и повеќето деца, растејќи во мешовито семејство, со мајка Британка и татко Јеменец. Растела покрај шест сестри, а посебно била блиска со сестрата Јасмин. Се се променило кога нејзиниот татко Али Абдула Салех Јафаи ја убил нејзината мајка Мари.

    „На мојата мајка не се сеќавам, ги избришав спомените на неа. Тоа научив да го правам со текот на времето, умеам да ги блокирам спомените кои можат да ме повредат“, вели Габриела.

    Мистериозно убиство, растење во туѓо семејство и враќање кај таткото

    Мари имала само 26 години кога била убиена. На денот на нејзиното убиство, татко им на Габриела и нејзините им рекол дека нивната мајка отишла на посета кај роднините.

    Но подоцна го пријавил исчезнувањето на сопругата, а една година подоцна е осуден за убиство на Мари. Телото на мајката на Габриела никогаш не е пронајдено, а Али во затвор поминал шест години.

    За тоа време за Габриела и нејзините сестри се грижел еден британски пар, кој имал три деца. Тие години таа ги опишува како „нормален живот“.

    Девојчињата биле среќни во новото семејство, но Габриела постојано размислувала за татко и.

    И покрај борбата на британскиот пар да го задржат старателството над децата, Али си ги вратил ќерките. Кога имала 12 години, Габриела со сестрите и нивниот татко се преселила во Њупорт. Една од сестрите, на свое барање останала со посвојувачите.

    Останатите ќерки Али ги повел на „патување од соништата“ во родниот Јемен. Девојчињата биле воодушевени што конечно добиле можност да ја запознаат татковината на татко им за која слушале често.

    Набргу патот од соништата бил претворен во пекол. Јасмин на 14 години била омажена за трипати повозрасен маж, кој на девојчињата им бил претставен како вујко Насер.

    Набргу по мажењето на сестра и, Габриела со сестрата Исмахан е доведена во Сана, главниот град на Јемен, кај родителите на нивниот татко. Таму учеле арапски јазик и набрзо дознале дека Јасмин извршила самоубиство. Преживеала.

    Али не се откажал од продажба на ќерките, Исмахан ја продал на маж кој имал 60 години, сопруга и деца постари од неа. На денот на венчавањето Исмахан се самоубила, скокнала од кровот на станот.

    Мажење за момчето Ман како краткотраен спас

    „Мојата сестра ја омажија за постар маж, бев престрашена дека тоа ќе ми се случи и мене. Избрав помлад маж и го замолив да отиде кај мојот татко да го праша дали може да се ожени со мене“, раскажува Габриела.

    Имала 13 години кога се омажила за Ман (18), но после шест месеци тој неочекувано починал. Али не чекал долго и ја омажил за Зиад Насер. Единствениот исклучок што го направил било тоа што Зиад бил млад, пет години повозрасен од Габриела.

    Кога имала 14 години, Габриела забременила.

    „Првите години од бракот беа добри, мојот сопруг беше љубезен кон мене, но не поминуваше многу време во Јемен. Работеше неколку години во Африка и не се гледавме многу“, вели таа.

    Вториот брак како затвор

    Животот со семејството на сопругот бил претежок.

    „Готвев за целото семејство, ги хранев животните, носев претешки работи, работев со часови на нивите во текот на бременоста“, раскажува Габриела.

    Животот и станал уште потежок кога се петте деца се преселила во Банги, главниот град на Централноафриканската Република, за да му се придружи на сопругот. Во таа земја во 80-те започнала граѓанската војна. Зиад не успеал да се избори со проблемите, почнал да се дрогира.

    Ја силувал и тепал Габриела, сметал дека „така треба“.

    „Еднаш речиси ќе умрев од повредите кои ми ги нанесе“, раскажува Габриела.

    Кога нејзиниот сопруг одлучил да ја продаде нивната највозрасна ќерка, за да си ги реши финансиските проблеми, Габриела со децата заминала во Јемен. Зиад не отишол по нив.

    Отишла во куќата на татко и, ги примил бидејќи „морал“. Еден ден го претепал синот на Габриела. Единствен спас за неа и децата била сестра и. Со нејзина помош отишла во британската амбасада и набрзо отишла во Велика Британија.

    Никој не ја разбира трагедијата подобро од оние кои ја доживуваат. Габриела се надева дека нејзината приказна ќе ги спаси оние на кои им се заканува слична опасност.

    http://www.fama.mk/vesti-glavni/kategor ... -13-godini
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Ех, девојки. За жал светите книги на времето биле толкувани како што им одговарало на мажите. Жените не ги оставале да учат, биле неписмени, и мажите си кажувале како треба, заради што нели тие се писмените и можеле да ги читаат светите книги. Истото било и во христијанството, палени, тепани, камшикувани итн. Само ете христијанките почнале порано да се описменуваат и да се борат за своите права.
    Да кажам општ пример. Разговарав со еден пријател муслиман. Ми вели, жената мора да биде невина, и кога ќе се женам ќе ја носам на преглед за да ми се потврди тоа. Викам, а ти батка? Тебе кој ќе те провери? Ми вика... кај мене не се познава, и се смее. И му ви кам вака:
    Другар, ни Куранот ни Библијата не дозволуваат секс пред брак, ама и кај мажи и кај жени, поради што според религиите, сексот е за створување семејство, а не за телесно задоволство. Тоа што ВИЕ си измисливте дека жената само треба да е невина, тоа е оти така вас ви одговара. Ако сакаш да си безгрешен верник, чувај се и ти за бракот. А тој се смее, и вика така е, ама сепак кај нас не се познава и никој не може да докаже. Ете јас да ви кажам, девојки, тоа е суровата вистина.
    Светите книги можат да се толкуваат на многу начини, само мажите решиле да си ги толкуваат во нивна полза, за да си ја исчистат својата совест.
     
    На mimiiiii, Joi, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    ^ Башка тој верникот сигурно не ни знае дека според Шеријатот, блудник може да ожени само блудница. И обратно. Но, баш како што викаш ти, кому му одговара ќе се води по „Око за око, заб за заб“, а не по девизата дека најблиску до правиот пат си доколку се воздржиш и простиш. За ваков примерок, само некоја што има шиено химен. Само така правдата ќе биде задоволена. :D

    Го има ова и во Христијанството за чување до брак но луѓето се тие коишто направија целата одговорност да е ставена на жените. За мажите не се ни дискутира. Не сум крив додека не се докаже спротивното... хах. Иако според религија е како што рече ти. Но, ова е машки свет, а победниците ја пишуваат историјата, така што истите тие мажи со нивните навики и извитопериле некои вистини во нивна корист за да луѓето мислат дека религиите се против жената.

    Ми текна на приказната од неодамна постирана за таа што ја вратилe пошо немала крв и после ја мажиле за некој вдовец и се докажало дека била невина а на првиов му извадиле муабет дека бил неспособен. Е тоа ти е win win ситуација. :rofl: Не е до верата, до акалот е. Па и до ксметот.
     
    На Joi, nena2010 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Ќе бидам малку надвор од темата.
    Знаете ли која е најголемата трагедија на Христијанството во 20. и 21. век? Тоа што дочекавме да Муслиманите чувствуваат одбивност од нашиот раскалашан живот.
    Кога прв пат се сретнале Христијаните и Муслиманите, Христијаните биле тие што се “гаделе“ од раскалашаниот живот на Муслиманите. Муслиманите денес се исти, со исти морални вредности и со иста етика, а ние ја “надминавме“ секоја етика и заборавивме што е тоа (христијански) морал.
     
    На eloves, vinozito1, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Тоа е. А она коешто придонело за тоа мислам дека е и општество во коешто цела одговорност и внимание за морални вредности неправедно се сврти кон жената. Као демек еве либерални сме, а и морални сме. Се` само да се зароби и потчини жената. И во модерни средини ова. Во кои дозволено е се` и за мажите и за жените, а сепак се вели „Ама он машко е, друго е. Нему му личи.“

    А со тоа се искривува и перцепцијата за жената и нејзината вредност и права, според религијата. И искривено прикажуваат дека истата поддржува шовинизам со што никако не се согласувам. Во средина во која силно преовладува духовното воспитување која строго би проповедала негување на морални вредности ПОДЕДНАКВО и кај мажите и кај жените, а не она „не сум виновен додека не се докаже спротивното“ би постоеле шанси за спас на следниве генерации. Но за жал, тоа што немаме еднакви улоги во општеството и во нашава мисија на земјата, не значи дека не заслужуваме еднаква правда. Во тоа се состои замката на денешното т.н. модерно живеење.

    Едит: Сакам да дадам коментар за ситуациите/страшните приказни опишани погоре. Ваквите нешта не ги дозволува религијата, туку општествата во коишто одредени категории имаат повеќе привилегии, односно полесно си поминуваат. Кога нема забрана и осуда, кога нема стеги, а па уште полошо, кога човек е повеќе почитуван ради вакви нешта кои ми беше страв дури да ги дочитам до крај, ѕверското во нашата природа може да направи чуда. Какви работи се прават во војните, под изговор дека е дозволено, па дури и херојски. Какви масакри се вршат, силувања, што уште не... Верата не е фер да се поврзува во таков контекст. Ретки и благородни се оние луѓе кои во ситуација во која се` им е дозволено па и оправдано, ќе се лишат од таквата привилегија. E, за ваквите кои се декларираат како верници би рекла дека се водат според духовни начела. Ама за тоа треба и да се поучиме. Да се поучиме да го бараме одговорот од Светите Книги.
     
    На vinozito1, Joi, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.566
    Пол:
    Женски
    За тоа што според Куранот им е дозволено а муслиманите да имаат повеќе жени од една не е заради разврат туку затоа што порано во војните многу мажи умирале и немало доволно мажи и жените останувале сами. Според Куранот колку што знам е дека ниедна жена не смее да биде запоставена. Значи колку жени и да има сите исто треба да ги третира. Ако и купи на едната марама мора и на сите други. Сите мора да го озбезбеди, со децата да им се посветува подеднакво. Така да и тука си има правила.

    А како ќе ја третира маж жената нема врска ни религија ни ништо друго туку околината каде што е растен и како е задоен.

    За невиноста на жената.. Да се запрашаме до кај дојде христијаниството кога девојка над 20 години ако е невина ја гледаат како чудо, а таа што се дала на 13 ја величаат...
     
    На Joi, tessie и Orthophill им се допаѓа ова.
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Епа ова истово го напишав и јас... Но, не е само девојка во прашање и за момчето важи истото. Моралот и етиката не разликуваат пол. Само кај паганите имало разликување меѓу етиката на мажите и жените, па така сите “богови“ биле разуздани, но меѓу “божиците“ се наоѓале дури и вечни девици (во грчката митологија Атена и Артемида не биле допрени од маж, иако Атена пробале да ја силуваат, но таа успешно избегала).
    Денес, подобро да се викаме дионизијани или афродитијани...
     
    На nena2010 и tessie им се допаѓа ова.
  19. AquaQueen

    AquaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Како дете со родители кои се атеисти многу се интересирав за религиите и не сакам да навредам некој но жената во Исламот воопшто не е почитувана зборувам за во муслиманските земји нивните родители ги продаваат не смеат да излагаат без мажот немаат право на глас не смеат да се образуваат се сеќавате пред некое време дека беа киднапирани девојчиња од училиште бидејќи жените не смеат да се образуваат киднаперот дури и мажи им нашол во Дубаи жена беше камшикувана затоа што се бањала во костум за капење се надевам дека не навредив некој тоа е моето мислење на Исламот
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека ги величаат жените што се дале на 13 години. Сеуште постои , во било која религија, следното:
    Жена што имала певеќе партнери - курва, маж што имал повеќе партнерки - успешен маж, фраер, итн. Епа јас би рекла, ако сме религиозни, тогаш и мажот и жената во овој случај се развратници, или ако не ни е важна религијата, тогаш и мажот и жената се cool и успешни во заведувањето.
    Сеуште постои, женското шета по цела ноќ - распуштена... мажот што шета цела ноќ... ако маж е тој, му личи него.
    Господ не пави разлика меѓу мажите и жените. Правилата важат за сите подеднакво - не лажи, не изневерувај итн итн. Но нели, на мажите им личи да бидат фраери, тоа е супер, мажи се тие. Па сум слушала и муабети од типот, и Господ е маж затоа повеќе ги сакал мажите, и што знам што.
    Муабетот ми е, како и претходно што кажав, мажите ја користат религиозната литература и ја толкуваат на свој начин, и тоа го правеле со векови наназад, затоа ова се случува. Бог не направил сите еднакви и за сите нас важат истите правила. Затоа мислам дека муслиманките треба да застанат малку по цврсто, и ако од нив се бара да се невини, и тие да бараат мажите нивни да се невини (сигурно има начин да се провери тоа). Ако од нив се бара да се верни, и тие да бараат мажите да им се верни. Ако тие носат шамии на главите, и мажите да носат турбани, или како и да се викаат тие што треба да ги носат на главите.
    Не може се да важи за жените, а за мажите не мора, оти Господ нив повеќе ги сака па не им замерува. Такво нешто не постои!!!
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.