Ислам, почит-непочит, тепање, неверство ...

Discussion in 'Религија' started by MiaBeMia, Oct 28, 2011.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Joined:
    Jun 27, 2015
    Messages:
    2,623
    Likes Received:
    32,784
    Gender:
    Male
    Човек што си ја тепа жената е пред се кукавица, а после се останато. Нормално, секој таков си бара изговори за своето однесување - „Си го бараше“, „Намерно ме провоцира“ итн.

    Што се однесува до религијата, луѓето од светите книги си вадат делови од контекст, ги сфаќаат буквално, односно си ги толкуваат како им одговара и, со еден збор, ги „силуваат“ и извртуваат наопачки, само за да оправдаат некоја своја постапка.

    Светите книги на монотеистичките религии потекнуваат од време кога владеел патријархатот и нормално е во нив жената да не е ставена на исто ниво со мажот. Ова важи за сите, не само за исламот.

    5. И го повикаа Лота и му рекоа: „Каде се луѓето, кои дојдоа да ноќеваат кај тебе? Изведи ги да бидеме со нив!”
    6. Лот излезе пред нив до влезот, ја затвори вратата зад себе,
    7. и им рече: „Браќа мои, немојте да правите зло!
    8. Еве имам две ќерки, кои уште не биле со маж; ќе ги изведам кај вас, па правете со нив што ви е угодно; само на оние луѓе не правете им ништо, бидејќи се дојдени под покривот на мојот дом.”

    Еве еден извадок од Библијата кој убаво го отсликува она што го кажав за односот кон жените.

    Во секој случај, во основата на секоја религија е љубовта и почитта (кон Бога и своите најблиски). Сите останати работи кои се прават „во име“ религијата и сите зла кои произлегуваат од ова, се дело на луѓето, кои своите негативни постапки ги оправдуваат со некој цитат или изрека од светите книги.

    Луѓето не чинат, не религијата. :)
     
    Last edited: Aug 16, 2015
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,270
    Likes Received:
    4,345
    „Што вели Куранот навистина за жените?„ - статија на англиски од Карла Пауер новинар на The Telegraph и некогашен дописник на Newsweek од Афганистан. Инаку како малечка освен во САД живеела повеќе години во Техеран, Кабул, Делхи и тн.

    линк:
    http://s.telegraph.co.uk/graphics/projects/koran-carla-power/index.html