Гледам некои правеле ПАП уште во 9та недела, мене докторов до сега (12н) само вагинално ехо ми има правено и крв испитувам секој месец. Денес му текна да ми земе мерки за нухална, па утре со упат треба да одам во ГАК да ги видат резултатите и приска да направам. Малку сум паничарка, па здравје утре со Господ напред ќе одиме да видиме што ќе ни кажат ....Може некој да ми каже каде да направам микробиологија ? Мислам дека е правилно матичниот да земе брисеви, ама овој мојов само препраќа де ваму де таму, крајот не му се знае
Мене ми зема брисеви матичната,сама си ги однесов во државна и си ги земав за три дена и ги однесов кај матичната да ми ги прочита резултатите... Пап се погоди правев 1 недела пред да забременам (а може и бремена бав па затоа прокрварев малку) друг немаше потреба да правам и приска 2 правев во 13 недела...Приска еден ја рипнавме немаше реагенси во државна.Ај издржи уште некој преглед па ќе ти остане 22-24 скрининг и толку после си чекаме... Сега така е има нови закони,програма од државата и гинеколозите мораат да се придржуваат до тоа за да се раѓаат здрави бебиња,на време да се спречат болести и.т.н И ЈАС СУМ ЗА ОВА!
хаха и јас се чудев кога ме прати матичниот за анализа на крвта па и цената кога ми ја кажа тоа е испитување што се прави од 12 до 14 недела од бременоста со обичен ехо преглед ,кај мене беше вагинален ,му се мери на плодот нухалниот набор со цел да се види дали има здебелување на лимфните жлезди тоа е позади на вратчето и доколку димензиите се во нормална граница значи дека нема ризик од даунов синдром кај плодот ,меѓутоа некои доктори препорачуваат и анализа на крвта за да биде комлетен резултатот
Приска не е ова што си го опишала Пепита, ова е нормален и пожелен преглед во бременоста - мерење на нухалниот набор. Приска тестот се прави со земање на крв и одредување на хормонален статус (BHCG, PAPP-A) и со внесување на одредени параметри (старост на мајката, вредноста на нухалниот набор и големината на плодот) во компјутер, се одредува можноста детето да има Даунов синдром. Само кај нас е изгледа задолжителен, само за да се земаат пари, а немаш 100% точен резултат, само статистичка веројатност. Иако препорачуваат амниоцентеза ако резултатот е 1:300.
Јас во бременоста се чувствував како експериментално глувче, за се нешто ме боцкаа и проверуваа. И кога се породив и го видов малото човече што сум го носела 9 месеци во стомак се заборавив Значи вака секој месец ме боцкаа за крв да проверат и анализа на урина. Исто секој месец ехо и мерење на димензии кај бебето. Во 13 недела 3Д скрининг и Приска (за Даунов синдром). Таа се прави од 12 до 14 недела за најверодостојни резултати и се вика Приска 1, а има и Приска 2, Приска 3 и Приска 4 кои се прават подоцна. Потоа во 14 недела микробиолошки испитувања, за микроплазма, уреоплазма, кламидија и кандида и плус урино култура. Тие се прават да се даде соодветна терапија за трудницата ако има некоја инфекција бидејќи при породувањето, ако е нормално породување, бебето може да се зарази со инфекцијата. Во 20 недела правев ПАП тест. И во 35 недела пак правев вагинален преглед и микробиолошки испитувања, исто микроплазма, уреоплазма, кламидија, кандида и урино култура. Потоа одев во Државна за ехо и ЦеТеГе, тонови на бебето и во 39 недела и 5 дена се породив. Брисевите за микробиолошки испитувања ги носев во Пролеќе и првиот и вториот пат немаа реагенс за некој брис па ги однесов приватно во Адриа Лаб и платив за секој од нив по околу 1000 денари, а урино култура исто правев таму и таа чини 300 денари. Имам и мајчина книшка која сега со закон мора да ја има секоја трудница. За Приската е исто задолжително да се направи и јас ја правев во Државна болница, а приватно е околу 4000 денари. Доколку трудницата се сомнева дека има некој генетски проблем во семејството може да направи и амниоцентеза која е најсигурна од сите испитувања и со таа се гледа дали има некои генетски и хромозомски аномалии кај фетусот и се дознава кој е полот, инаку е задолжителна со закон за секоја трудница над 35 години, а се прави во 14 недела. Испитувањето приватно чини 17.000 денари и постои мал ризик од инфекција, или повреда на плодот, а ризикот од абортус е 0,5-1%. Сите овие испитувања препорачливо е да ги направи секоја трудница.
Приска не е ова што си го опишала Пепита Ме корегираше Анет јас не го опишав стручно, требаше да нагласам ,тоа беше моето искуство ,така ми објасни докторот
После прекрасната крвна слика и прекрасната мокрача како и прекрасните резултати од сите 4 бриса беше на ред да се испита и бебето... Тоа се случуваше вчера во приватна болница на 4Д. Срцето му чука нормално.. дебелината на вратчето му е нормална и нема опасност од даунов синдром.. му ја мереше и носната коска и таа е нормална.. има две рачиња, две ноџиња, две окца, устето, рбетчето му го видовме се е во ред со бебушот. За две недели одиме пак на контрола да видиме дали е машко или женско... Ех, да само нешто не ми излегува од ум... уште од сега папочната врвца му е околу врат. Докторот рече не е опасно.. ваљда ќе се сврти.. ама тоа од ум не ми излегува.
Здраво Феменки, прво да ве поздравам и ви посакувам лесна бременост до крај. Имам едно прашање ако знае нешто некој да ми каже во врска со еден брис уреоплазма? Јас сум некаде 34-35 недела и на последните испитувња ми се јави како позитивен само тој. Ептен страв ме фаќа паничарка сум голема
Ne e opasno.no ako ne se lekuva moze da predizvika predvremeno poroduvanje.Sepak mislam deka tvojot gin.prezel merki i si zapocnala so terapija.Sekoe dobro,ne grizi se!
А колку те чинеше ова, мислам земање на брис кај матична и во државна ?[/quote] Со плави картони 350денари
Добро девојки зарем сите имаат поминато низ вакви нервози од ова здравствово. Бев денес кај матичниот (со веќе договорено) да ми земе брисеви за микробиологија, и ми вика, слушај неможам да ти зема јас брисеви еве ти упат за во ГАК таму заврши одма работа, нека ти земат брисеви и одма ги носат во микробиологија. Збеснав, си го земав упатот и да ме нема. Е сега во оваа ситуација незнам што да правам, се надевам ќе ми помогнете. Читав низ форумов ама не сретнав некој што му имаат зимано брисеви во ГАК. Колку што знам за таму ми е потребна само здравствена книшка, сино картонче и упат. Искуства ? Некој ?
не знам што ти треба не правев таму ама зам дека чекале многу јатрва ми таму се правеше...смени го бе матичниот,за што ми е матичен само за пари? јас се си правев кај него само ги однесов сама у гак зашто за да ги однесат бараа 300 ден ко во охрид да е ќе ги носат иначе се друго он ми правеше и во авицена.
Девојки дали некој има правено испитување каде што се гледа срценцето на бебето? Јас бев на скрининг тој што се прави на 21 недела, и све беше ок али докторката ми рече дека 23-24та недела треба да направам испитување каде што го гледаат срценцето на бебет, коа појдов кај матичната она ми рече размисли си дали сакаш да го правиш као не е нешто задолжително и сега незнам што да правам...па сакав да ве прашам дали вие го направивте или си бевте само на обичен ехо преглед?
MaliotPrinc незнам зошто те пратил сама да си бркаш работа,тој за што ти е матичен?Не тешко да ти земе брисеви 5 минути работа,зошто да се малтретираш? И јас исто правев брисеви кај матичната,сама си ги однесов во државна таму си платив 350 со картони и резултати си земав за два дена... ana.tinkerbell срце на скринингот што бев јас во државна 22,5недела докторката ме уклучи на 3д па на 4 д од истиот апарат.Го гледавме срцето,мозокот,желудникот,устето(поради даунов нели) На неколку жени им имаат кажано дека се прави посебно а јас знам дека тоа е тоа... Ако ти кажале дека се е во ред немора да се малтретираш убаво ти рекла матичната
Па и јас така мислам али ете кој ги знае, нешто спомна дека она не е толку стручна баш за срцето и ради тоа изгледа ми рече да идам пак само за тоа и сега ме копка стандарт
Девојки сакам да прашам за тој приска тест во 13 недела сум треба да одам меѓутоа ми кажаа дека во ГАК немало слободни терминни па дали може да се закаже во Чаир ми треба ли упат за таму јас не сум од СК и ако можете да ми кажете колку чини во Чаир... фала однапред
Ako ti dozvoluvaat finansiite odi vo Avicena, dodeka za Cair ne znam dali pravat takvi ispituvanja tamu,najdobro najdi tel.broj i prasaj.Upat sekako deka ke ti treba.
Во ГАК се закажува барем 2-3 недели однапред, инаку воопшто не се чека, ниту за сонограмот кој чини 150 денари (некој вид на скрининг), ниту за приската која чини (со сини картони) 350 денари. Јас долго време боледувам од хроничен артрит и за таа цел долго време примав кортикостероиди, па сепак резултатите ми се супер. Така да, немојте да стравувате, шансите нешто да не е во ред, се минимални.