Фала за одговорот. Бев вчера да направам крвна слика и уринокултура. Значи ако добро разбрав, сега следните тестови ми се во 12 недела и тоа: ПАП Брисеви Prissca 1 Или има уште нешто?
мислам дека последните брисеви се задолжителни без разлика како ке се пораѓаш јас ги правев само пап не правев
Секој месц проверувам крв и урина. Овој последниот месец во урината ми покажа кандида и ми препорача да ставам канестен вагиналети. Бидејќи имам оток и тоа само на едната нога т.е. стапалото ми рекоа да испитам протеини во крв. Абе кој со каква мака си тргнал, зар сега на крај да се замарам со секакви глупости. и да во 35 недела ке ми земаат брисеви тоа е сега за сега
Дали скринингот во 20-та недела го прават сите гинеколози? Од Битола сум и мојот матичен не ми спомна, само на обично ехо ме прегледа и рече дека е се во ред, и дека се се развива нормално
И јас неправев ништо, цела бременост на ехо си ја поминав немаше потреба од такви дополнителни работи п.с и јас сум во Битола
ќе се обидам локи да ти помогнам зошто и јас сум на иста мака со плавите картони. Во социјално "наводно ѓи рефундираат средствата"за кој што би платила приватно ако немаш картони но доколку однесеш до крајот на месецот. А ако ти доцнат со картони а си вработена земи си потврда од социјално дека си во редовен работен однос и приложи ја кај матичниот. Деновиве се убив од одење по социјално и мислам дека на крај ќе научам повеќе од нив самите што се треба. поздрав
Девојки за картони немора да чекате фирмата да ви даде,кај нас каснеа па си отидов во фондот и си подигнав ,нема врска од кој град сте.
да ели но под услов да се платени навремено придонесите немора да се чека, но ако е со доцнење од 2 месеци нема за жал картони
Аничка, мислам дека сега има закон до 10ти во месецот придонесите мора да се платени. Не мора плата да ти дадат до таа дата, но мора да ги платат придонесите најдоцна до тоаш. Така да провери, сигурно ти е тој дел подмирен.
за жал ги толерираат до 60 дена. сите дупки ги научив. во вторник сум на скрининг 12 недела и приска брисеви и лабараторија. на приватно ќе ме кошта 3800+1600+2200 имам стари картони од претходната фирма фев.март кој што не важеле иако се платени придонеси од од каде што како трудница ме избркаа од работа а во новава фирма не се платени ниту за јануар и земав потврда од социјално дека сум во редовен раб. однос и ќе одам со старите картони па ќе видам што ќе направам ама мислам дека нервно ќе попуштам од стресови и нервози. и после раѓајте деца уффффффф не коментирам повеќе. како и да е ако некој има недај боже слична мака тука сум за да му помогнам на која врата да тропне без да го мавтаат. а и да не заборавам во социјално сама си ја куцав потврдата зошто службеникот незнаеше каде е SHIFT за голема буква името да ми го напише и тие треба да ни помагаат и да не водат што треба а што не ??????? извинете на OFF TOPIC но леле колку сум бесна .....
Скринингот ти е обично ехо обично твојот др те прака кај друг, за мислење...тоа е тоа. А и твојот гинеколог може да го измери плодот и неговите органи, да види дали се развиле како што треба, дали има вродена катаракра, прегледува коски на раце нозе, ги прегледува вените и протокот на крвта...