Јас откако ми кажаа за уреоплазмата не му давам а не па со кондом Него муебетот ми беше ете и ќе пие и од каде ќе докажат дека он се средил? Зашт да пие ако јас имам односи со заштита или па уопште немам.Значи само пари ќе фрлам а сигурност дека ќе се излечи он никој не ми дава.
Најдобро е да пие и тој, подобро сега фрли повеќе пари отколку да ризикуваш натаму пак да ти ја пренесе, пак дупла работа одново испитувања и лекарста за тебе, нема белки засекогаш со кондом со него. Поголема е веројатноста дека ќе ја исчисти и тој ако пие отколку ако се решиш да не пие. Имав и јас пред да останам бремена бев на испитување, ја имав и уроплазмата и кламидијата, и паралелно и двајцата пиевме еритромицин од 500, 4 пати во ден, цело време бев со аларм, ќе ми звони па му вртам на него да не заборави. Јас секако користев и вагиналетки. На контролните брисеви кламидијта беше исчистена оваа уроплазма ја имаше, па пак нова терапија и за двајцата, и на крај беше чисто, кај мене се надевам и кај него, секако додека бевме под терапија немавме никакви односи, може за тоа веднаш по терапиите останав бремена
Мене од 1 терапија со сумамед не ми се исчисти сега ќе видам со еритромицин и вагиналети. Само не знам дали ќе ги најдам од 500
Јас не ги најдов од 500, пиевме 2*250, едно чудо апчиња беа тоа, значи јас 8 дневно тој 8 дневно 10 дена, плус беше веќе крај на месец и никаде ги немаше на рецепта па си ги платив на приватно, но моја препорака е да си ги пие и маж ти.
Да да ќе земеме после само он од 250 зашто имам рецепра а јас ќе земам од 500 ќе искомбинираме.. Фала ти срц.Ај белким ќе ја средам драма направив со неа по форумов
Мислам дека нема потреба од многу паника, сепак е бактерија но не е толку опасна за плодот како кламидијата.
Форко јас ја лечев уреоплазмата со сумамед, и пиевме и јас и мм заедно 3 апчиња беа и кога го повторив брисот по 2 недели веке беше негативен, а зашто не сакас ти со сумамед?
Ги земав резултатите од брисевите и приската и многу сум среќна дека се е во ред фала богу каков товар од душата ми падна. форко не се сеќирај за уреоплазмата ќе се среди една од досадните бактерии е јас ја имав во првата бременост и мн. често се јавува и како ослабен имунитет. дури и на крајот од 7м закацив и херпес и бев од памет извадена како ќе биде со пораѓајот зошто го закачив од на работа од тоалет 1 спрема 1000000 се шансите за тоа ама ете јас си ја чукав до крај главата. Во најлош случај ќе те породат со царски така да воопшто не се сеќирај се ќе биде во ред. Во меѓувреме чај од брусница мн. течности, и што повеќе природни витамини. само опушти се и уживај во крајот на бременоста.
Anica bez panika mila normalno ke bide se vo red,jas vo prvata bremenost osven bris I eho nisto drugo ne znaev,nomalno I krvna slika ovi priski sega sto gi pravevme samo stre I nisto drugo Samo znam deka pak bi pravela skrining 22-24 nedela I krajniot bris streptokoka poz I uzivaj vo bremenosta
аууу Аничка јас ова дури сега го читам. Па толку ли е опасна таа уреоплазма па до царски да ме донесе?
Не мисли одма на најлошото, за било која бактерија ако недајбоже е потребно се оди на царски, подобро така него недај боже да се пренесе на бебето. Последните брисеви се одлучувачки. Но секако мисли позитивно. се ќе биде во ред.
мислам дека во 35-та се правеа последните брисеви, а и ќе видиш дека ќе биде негативно и ќе викаш џабе сум се нервирала. ч)
Епа сега со глава у ѕид не иде на крај краева па не може да немаме ништо.Уште оваа терапиа ја примам и кревам раце па како сака дедо Боже така... белким докториве си ја знаат работата СЕ ќе заборавиме еден ден само да се они здрави и прави Фала ти мила
Правев амницентеза во 16та недела на ГАК кај др. Ана Донева, језиво искуство, но добро поминав без последици, чекам резултати утре. За сите над 35 години го препорачувам прегледот.
Бев кај општата матична пред 1 месец за крвна слика и урина+микробиологија и ми земаа 800 денари со плаво картонче, а денеска пак за истото (само без микробиологија) ми земаа 70 денари. Нешто не ми е јасно. Како ви наплаќаат вас?
бремена сум 25 недели а бебето ми изнесува килце .. дали е нормални затоа што читам дека во 25 недела бебето треба да има 600 грама ..
секоја бременост и секое бебе различно се развива нека е поголемко машала нечини да е помало. Нема ниедно правило ниту вистински мерки кој кажуваат колкав треба да биде плодот. Кај секој различно