Ветрушка незнам зашто толку мнгоу 700 ден баш се чудам, јас за крвна слика + уринокултура ми наплаќаат 150 ден вкупно, незнам дали тука упатот од гинеколог менува нешто затоа што јас бев со упут кога го правев испитувањето, а ти?
Мене не ми наплаќаа кога испитував крв додека бев бремена.Лаборантот кој ми земаше крв ми рече дека бремените жени се ослободени од наплата и новороденчина до 1 година.Испитувањето на крв го правев во државна болница,а не во приватните лабаратории.Му доставував упат и плаво картонче и бев ослободена од наплата....Е сега,два пати упатот ми беше од кај матичниот гинеколог,а повеќе пати ме имаше упатено специјалистот(гинеколог)од болница.Искрено нз зш толку пари ти имаат земено,исто како на приватно да си испитувала крв(без плаво картонче)
Најубаво да прашаш зошто толку многу ти земале,јас одам се приватно и во Систина за урина и крвна слика ми земаа 410 ден. а тебе 800ден некако ми е чудно.
Па прашав кога ми земаа 800 првиот пат бидејќи не очекував толку многу, и тој дечкото ми вика: дааа толку е, еве урина 150, крвна слика не знам колку и не знам колку беше микробиологија. И кога ја направи математиката викам добро одамна не сум била може стварно. И вчера кога бев и ми зема 70 денари му викам само 70? и вика да, да толку си е. Еве упат ќе пише докторката. Изгледа дека минатиот пат не сфати типот дека имам оставено плави картони и упат кај докторката, а таа па не ни виде овој кога ми наплаќаше. Хаос Претпоставувам дека е тоа, следниот месец ќе прашам да ми потврдат.
Ветрушка да не те гледале и на ехо?? Јас плаќам по 600ден. секое одење сега по ново морам и лабараторија да правам кај матичната така се врзале. Инаку 300 ми е ехо и 300 крв+уринокултура(значи не обична мокрача туку микробиолошка што во претходната бременост ја испитував во воена болница и сама си носев материјал). Сега добивам резултати за 5 мин. не се замарам по автобуси или паркинзи и кога ќе видиш исто му доаѓа.
Не, не, ова станува збор за општ матичен лекар, ама соработуваат со приватна лабораторија. Не ми правеа ехо, само крв+урина+микробиологија првиот пат и искочи точно 880 денари, а сега вториот крв+урина (без микробиологија) искочи 70 денари. И дадов плани картони и прв и втор пат, ама кај докторката дадов првиот пат, а вториот директно кај дечкото. Затоа некако ми личи дека дечкото се збуни првиот пат дека мислеше немам упат и плави картони и ми наплати приватно, а докторката не ни виде кога овој ми наплаќаше. Баш ќе прашам следниот пат, а јас смотана мислев одамна не сум била дека се смениле цените. Абе требаше да се бунам тогаш, ама ај, стварно сум смотана
Ај бе Ветрушка кад је сиромав био циција Него сакав да прашам..за испитување на д-димери на ГАК колку пари е ?
кажете ми обичен вагинален брис кај матичната колку кошта, и што правам јас со тој брис, кај го носам? смешна сум знам, ама до сега не сум правела прегледи со картончиња кај матичен...мада сум на два ума бре кога ќе направам споредба...
Дали испитувавте дидимери и скриен шеќер и колку чини приватно а колку со плави картони ? Мене докторката ми рече дека не морам ама некако се мислам
Скриен шеќер во Авицена платив 700 а за д димери и јас се мислам ми рекоа не треба ама шубе ми е ако не направам.Не знам во ГАК колку е ако има некој нека ни каже
За д-димери е некои 100-200ден,јас правев 9 испитувања и ме кошташе 1200,така да не е скапо а резултати имаш одма утредента ако е за едно испитување а за повеќе се чека подолго. Моја препорака е на трансфузиологија да одите попладне работат до 19часот зошто тогаш нема воопшто гужва а насабајле е страшно па и да кажам колку души преку ред ќе влезат Забележав дека бремени се обраќаат на прв шалтер најверојатно нема чекање за нив,затоа обавезно прашајте!
Јас испитував д димери во 13та недела на приватно и ме кошташе скапичко мислам дека 2000 ден ама тогаш немав плави картони и морав да си платам, па после коа појдов у Систина докторот се чудеше зашто ми рекле да ги направам А за скриен шеќер ми рекоја дека нема потреба да правам, ме праша само дали некој во семејството имал шеќер јас реков не и вика па не ги прави, а јас како што си јадам благичко уште ми е мисла може требаше да направам, вие сте го правеле тоа испитување за скриен шеќер? освен каталина
јас во Адриалаб требаше да одам имав упат од матичниот имам и плави картони ,се јавив ги пршав колку кошта тест за скриен шекер со картони ,од таму ми кажаа дека не работат со плави картони а анализата чини 400 ден , а на клиника со плави картони мислам дека е околу 150 ден .