Мамички пред се фала ви на одговорите и позитивните мисли...јас конечно ги земав резултатите и не ми се верува дека покрај уреоплазмата сега ми најдоа и кламидија ...со резултатите отидов кај матичната,ги виде и кажав за дотичниот доктор што ми рече и ми вика ее како не,не до толку,као демек порано не вршеле контроли и брисеви,не знаеле за инфекции па здрави деца се раѓале-ама ме утеши.. потоа со сопругот отидовме кај уште еден гинеколог приватен на консултација и тој баш се изненади кога ги виде резултатите и прво што ми рече,дека со тие инфекции ако сум ги имала,као прво не ќе сум можела да останам бремена(што има логика.сум читала за тоа)и како второ да ги повторам брисевите(и јас тоа одма помислив)ама потхитно и ако недај Боже се потврдат тие две досадни инфекции(што неверува самиот он) ми кажа за една течност што моментално ја има во Србија(порано ја имала и тука)што ги леечи сите инфекции и била ептен безбедна за трудници...па со Господ напред,верувам дека се ке се среди и биде во ред,позитивна сум ама срцево ми се кине од време на време,само да биде бебуш ок... п.с Дали некоја мамичка ги имала овие две инфекции-уреоплазма и кламидија во тек на бременост и ако да,како ја поминала,кои терапии и тн...поздрав мамички и сите да си имате лесна и убава бременост,од се срце ви посакувам...
девојки помош, на 12-ти треба да одам на скрининг на 4Д и како што разбрав кај Димчев сакав да одам но тарифата рипнала на 3500 , што мислам дека е ненормално многу зошто пред 3 год со малата истиот го платив 2000. Е сега се мислам за во ГАК таму демек било 150ден. но трудниците ги гледале како свињи на лента и никакво посебно внимание не им обраќале со исклучоци. Кажувајте ваше мислење и искуство. мн. ќе ми значи.
Јас бев во ГАК и да ти кажам за односот дека стварно е катастрофа, ама па докторката сите ја фалат дека била закон, така да по приватниве само ги зимаат парите и го „филуваат“ со убави зборови тоа што го гледаат. Од аспект на стручност и едните и другите се стручни за тоа што го работат и ако не дај боже нешто не е ок, ќе го видат и едните и другите. Така да, јас бев во ГАК и таму ќе си продолжам да одам (со затворени очи за нивниот однос и безобразлук). Инаку, додека те гледаат на 4д или ехо или скрининг како сакаш наречи го, внимателни се и фокусирани.
јас сум пре задоволна од гак ете 2 пати одам толку се љубезни фини и баш без врски без ништо завршувам за експресно брзо време. ок може не ми се погодила гужва но сепак од персоналот сум задоволна така да доколку не ти се фрлаат пари оди си на гак
Абе индивидуално е секое искуство. Јас уфффф, се изнапишав пред некој ден да не се повторувам пак пошто пак ќе се изнервирам Ама за разликата од 150 до 3500 денари, подобро купи си нешто за бебчето за тие пари и оди на ГАК пошто без разлика на односот, луѓето се стручни. Барем мене ми имаат оставено впечаток дека навистина си ја знаат работата (иако мене лично ми фалеа многу информации и појма немав колку е долго бебето или тешко или сл.пошто таа само ќутеше, но очигледно беше ок пошто ако не беше сигурно ќе алармираше).
абе секој различно со своето искуство, јас од ГАК имам мн. лошо искуство и несакам ни да чујам за таму, да имаше во чаир таму ќе си одев иако други пак од таму се жалат. затоа сме тука да си менуваме искуства.за жал и финансиски најверојатно ќе сум приморана да одам во ГАК иако ако човек ме прашува моја нога таму не би стапнала ама тоа е. фала на одговорите и ако можете пишете кај кој доктор бевте ако знаете кој ве гледаше.
вчера мн. се израдував му се јавив на докторот што ќе ме пораѓа во чаир и ми кажа дека скринингот можам и таму да го направам имале 4Д, јееееее. така да сите идни мамички ако чисто како инфо ве интересира да си знаете дека има 4д и во чаир и кошта 150ден. со упут и картонче
Мамички ќе сакате да ми кажете што да очекувам од скринингот во 20- 21 недела? Дали е сличен на оној во 12 недела? Освен што ќе ми го откријат полот на бебето (ЕДВАЈ ЧЕКАМ) друго што мерат, што битно гледаат на 4Д при овој преглед? Исто, дали се зимаат брисеви и се прават сл. испитувања во овие недели?
најубавиот преглед во цела бременост , освен што во боја ќе си го видиш бебушко и ако е расположен да не се крие мн. чисто се гледа и лиценцето што ќе ти дојдат солзи на очите од среќа, инаку се вика и морфолошки преглед зошто се мерат сите внатрешни работи, нивната функција,количина на плодова вода и отприлика е тоа. најдолг преглед би требало да е зависи само каде ќе одиш.нема брисеви и други прегледи само скринингот. и јас едвај чекам следната недела треба да одам
Колешката ми кажуваше дека кај нејзиниот гинеколог 4Д во 20 недела траело 1 саат и плус све детално и кажал, и во боја гледале и сл. И на друга другарка исто. Мене како што пишав, во државна не ме гледаа баш така, траеше кратко и не беше 4Д туку обично ехо, мада на листот што го добив на крај пишуваше за органите, а плус беше 4 недели порано од 20 недела. Па ме интересира вашето искуство за овој преглед, некако ме тера да отидам пак за второ мислење некаде, пошто гледам и по форумиве дека треба да биде 4Д и малку подолго да трае, не знам..мислам дека луѓето се стручни ама дека вака поминав јас а другите поинаку и може безвезе ама почнав да се сомневам. Какво ви е искуството точно за овој преглед?
Vetruske src i jas imam pisano za moeto losho iskustvo vo gak za 4d to znaci celosno go utnav ni organi izmerila ni vo boja tuku obicno eho i ushte mi e krivo shto go propustiv toj pregled ama pomina
Axx lelee значи да не си раат со ова нашиве болници,секој различно кажува,само на кого да се верува...ви кажуваав во Чаир кога бев за брис да ми земат за кламидија и уреоплазма,кога дотичниот ми го стави тоа(се заборавам како се вика,ме разбирате)кога ме раскрвари и ме испоплаши као демек не е тоа воопшто добро,дури абортус ми спомна,резултатите беа сите со + и уреоплазма,микроплазма,кламидија,абе крв у мене немав...ама пак отидов на уште мислења,направив пак брисеви,сега кај друг доктор,ми вика еве види чисти се брисевите,нема крв,супер си(му верував)...ги однесов резултатите на микробиологија Гак,денес мм ги зема ми се јави и ми вика немаш ништо,освен кандида...не ми се веруваше.измешани чуства,радост повеќе,ама пак што ако и они се грешка,недај Боже,на кого сега да се верува?? Иако и пред да ги земам резултатите сега вториве сите блиски што знаеја ме тешеа,ајде се ке се среди,а јас толку бев сигурна дека нема ништо,абе како некоја сила да имаше во мене,ме држеше силна и позитивна,како што и испадна на крај....затоа драги мои,не зимајте се здраво за готово,ако ви се случи вакво нешто не паничете,барајте и второ мислење,се прават грешки,ама овде кај нас се почесто.. ...сега пак се мислам дали да земам уште еднаш брисеви,да бидам насигурно,на трето место ахх,незнам што да правам,сопругот ми вика дека им верува на мб на Гак,ама пуста мисла незнам како да постапам,дали само кандидата да ја лечам сега и да остаам се на Господ,ама пак нема да бидам мирна...што ако...што ако...ахх што би направиле вие да сте недај Боже на мое место,м??
ме испратија на испитувња во скопје на микробиологија . Дали некој знае до колку часот земат крв или да ми даде бројче бидејќи сум од друг град па да прашам
скрининг и 4д ве молам вас поискусните да ми помогнете...јас су 12-та недела бремена,,,сега треба да направам скриниг и 4д...ако може да ми кажете што се подразбира под овие поими?колку кошта на приватно?ккао се прават?вагинално или ехо на стомакот?и дали 12-та недела треба да се направат и други анализи?тоа приска кога се прави,што значи и колку кошта приближно?:уште едно прашање...за да отидам во државна болница дали ми треба упат од матичен гинеколог?однапред ви благодарам,но не сум искусна и цела глава ми е полна прашалници...
скрининг и 4д веќе има посебни теми за сите твои недоумици, но ќе ти помогнам па после нека ја поврзат темата. Во 12-та недела правиш скрининг, лабараторија и уринокултура, брисеви и приска. скринингот е на ехо и се гледа дали има аномалии плодот според нухален набор на вратчето и се одредува веројатност за даунов синдром, приската се надоврзува на ехото и несмее да има разлика меѓу двете испитувања повеќе од 24часа и се прави според крв. се внесуваат мерењата од ехото и др. основни карактеристики и добиваш математичка формула на веројатност колкав процент е за аномалии на плодот. брисевите се за кламидија, уреоплазма, микоплазма и нормален брис од вагина. и лабораторијата ти е нормална проверка исто како и уринокултурата. сите испитувања се прават и приватно и со упат и плаво картонче во зависност каде сакаш да ги правиш. приската на приватно е од 3500-3800 зависи каде ќе ја правиш, со картонче е 350 ден на ГАК, брисевите се 1200-1800 на приватно, со картонче се околу 500 ден. со земање на материјал од матичен и испитувања во ГАК, скринингот е 1000-3000 зависи каде на приватно со картони е 150-300 ден.и лабараторија и уринокултура приватно незнам со картони е околу 300 ден максимум. Отприлика ова се цените. се надевам ти помогнав. и ако имаш др. прашања секако ќе ти помогнеме но нека биде во соодветна тема само побараја да не не караат. уште еднаш честито и имај лесна бременост
скрининг и 4д За преглед во државна ти треба упат од матичен и плави картончиња. Во 12-13 недела јас ги правев овие испитувања: Ехо Приска Брисеви Пап Урина Крвна слика Цената во ГАК за преглед (ехо) и Приска ти е 500 денари (нека ти направат таму ехо за да земат точни мерки за Приската пошто не треба да биде постара од 48 часа). За ова претходно се закажува на телефон, за ехото. Вагинално ехо веќе не треба да ти прават туку само обично (на стомак). Можеш да направиш брисеви и ПАП тест кај матичната, и се разбира крвна слика и урина (мене на матичен ме коштаа последниот пат со плави картони 170 денари за крв и урина и околу 300 денари за брисевите и пап-от).
обично материјал земаат до 9.30, а ако носиш да оставиш материјал до 12.00 бар така беше, еве ти број од лабараторија 3147 428 они најдобро ќе ти кажат.позз
јас денес бев за брисеви инаку сум девета недела колку ве коштаа вас брисевите мене 2 ми земаа и платив 1350 со плаво картонче зошто толку скапо незнам