Вчера го направив скринингот кој се прави од 11-13 недела во систина и фала богу се супер помина, ама ме зачуди една работа.Значи ние сме која првпат која повеќе пати бремени некоја има искуство некоја нема . Очекував кога дојдов таму дека кој знае што е тоа скрининг и кој знае што ќе ми прават, а овде докторов (др- Димчев -супер доктор и онака релаксатор ) абдоменално ехо и толку го слушнавме јуначко мајчино срце ми даде некои слики во боја и ми кажа мамице уживај детево ти е супер и толку . Е сега ова не ми е јасно толку му се тресеме и секираме а на крај испаѓа дека не е ништо страшно и дека единствено што ќе те извади од памет е цифрата која треба да ја платиш за ехо. поздрав мамички и само позитивно и со лесно
Да скрининзите се всушност обично ехо. Е сега на првиот е најважно да се измери нухалната туба чии димензии покажуваат дали има или не предиспозиции за Даунов синдром. Вториот скрининг во 22недела е исто ехо каде се гледа срцето. Значи незнам зошто се викаат скрининзи, но знам на што обраќаат внимание. Е сега секоја ординација, доктор кој има 3д ехо може да го направи овој преглед. И јас одам приватно но за тој во 12н платив 1000ден, а за тој во 22н на ГАК платив 150ден.
Јас отидов во СИстина по препорака ама искрено упм веќе со препораките од причини што регуларно се плаќа 3000 денари а јас со препорака платив 1500 денари стварно е без безе бидејки секој добар доктор со добро ехо може да ја измери нухалната туба и да ти каже дали е ок или не е . Јас ги подржувам сите овие прегледи и испитувања се за доброто на нашите бебуши ама стварно нема смисла да ни наплаќаат а уште помалку ова нашиве доктори што не ни објаснуваат околу испитувањата па не оставаат да се тресеме и да стравуваме.
Најбитно е скрининзите да ги прави човек со искуство - вистински искусен и способен гинеколог ќе види се што треба на 3Д ехо, не мора да биде на 4Д иако е пожелно. Од друга страна, кај нас, споредено со западните земји малку се претерува во однос на контролите и прегледите. Еве, имам другарка во Америка, таму забремени и роди - беше само на три ехо прегледи во цела бременост - потврдувањето на бременоста и двата скрининзи. Други тестови и испитувања не прават, освен ако се работи за проблематична, да не речам патолошка бременост.
Супер Ивановичка,супер е чувството кога ќе си излезеш од кај лекарот со тој муабет, па дури ни цената на приватна клиника не може да те онерасположи А прашање, кога ти закажаа следен скрининг? Мене од 12 недела кога бев, следниот преглед ми е тек во 20 недела на крај на август Нестрплива сум јас 2 месеци
Мене скринингот ми е закажан во 22 недела. Но неколку дена предходно ќе се видам со докторката и ќе го видам бебето.
Реално тие се прегледите, ама кој ќе чека до 20 недела.Јас треба пред да дојдам на преглед да проверам димери и да дојдам со резултатите на прегледот. Друго до тогаш треба да си свиркам и да си правам филмови дали е машко или женско и каква да му биде собата
Ќути пак добро си поминала 1500ден, кусо да се, само штета што така брзо да не кажам те откачил докторот. Целосно те разбирам зошто си гневна, јас имам еден доктор кај што одам кога е итно и страшно и еден каде што одам да се релаксирам изнамуабетам и да дознаам се што сакам за бебушкото. Првиот е оној кој ќе ме пораѓа, многу стручен лекар, но не раскажува и објаснува, само дали е или не е ок ќе ми каже, додека вториот е приватно и кај него кога одам на ехо ме гледа по 30-35мин, а потоа уште толку ми раскажува, а да бидам реална тоа ме смирува , па потоа функционирам нормално без грижи(наредните 2-3дена) 4д ехо е исто што и 3д само што има и боја. Јас целата возбудена отидов на скринингот во 22н на клиника ,демек 4д ќе гледам во боја, но докторката си ја избра на мониторот опцијата 3д, а не ми даде ни сликичка. Ова 4д е повеќе радос за нас мајките, а не дека нешто подобро се гледа, изгледа дефинитивно подобро гледаат на 3д.
Чувството дека се е во најдобар ред е најубавото нешто што го слушнав во животот но коментарот за цената беше дека навистина за луѓето кои не се баш во можност не им оставаат простор за радост. Следен скрининг ми е закажан за 8 недели значи во 21 недела. Тоа доаѓа некаде во септември. Имам до тогаш време да уживам и да не му ја мислам многу.
Еј па ти зошто , е зошто де ама тоа ти е еден памет триста филма и паника и немање време ... ама сега памет за друг пат
И јас се плашам постојано дали се ќе биде во ред..да не има некои проблеми...најверојатно е нормално да постои таков страв... Сега одам по резултатите од Приска тестот и исто така многу ми е страв...
Истата сум и јас, постојано само мислам и се плашам дали ќе биде се во ред, особено кога одам на преглед и пред да влезам срцето ислам ќе ми излезе од страв,возбуда не знам ни јас како да го дефинирам, па штом ја видам насмевката на докторката и ми каже еве го бебчето си кулира, пораснало и почнува да ми обајснува што и како е- бликам од радост. Денес ми стигнаа и резултатите од приска тестот и се супер, нема никаков проблем и уште толку сум порадосна сега, не спиев 3 дена додека не стигнат резултатите ќе бидат ли во ред, што ќе ми кажат, ама еве штом ми кажа др.дека е се во најдобар ред како да се препородив
како ве читам постојано се некој испитувања правите, сум 12 недела и некој ден бремена , баш денес бев на преглед и ме прегледа докторката со ехо, го виде бебенцето и ми рече во ред е други испитување кои се прават сега брзо во наредно време не ми ни спомна
Сега треба да те прати на скрининг за Даунов синдром на клиника,ама можеш и сама да му побараш Тоа мислам дека до 13 недела дека се прави. И мило ми е што све ти е ок со бебчето, и што помалку да те тормозат по прегледи, мене веќе смачено ми е од нив
ајде баш ке видиме среда треба да одам до кај неа, па ке видиме што ке рече инаку сум од битола ама веројатно и тука се прави тоа??? јас секогаш велам колку е добро тоа штое напредна медицината толку е и полошо... на сите им посакувам се да е во ред и да си имаме лесна бременост без лекари и испитувања
ме потсети јас кога бев кај др. Димчев на 4д бев многу исплашена секоја чест за докторот , прво ме изнасмеа , ме гледаше 30 мин на ехо бидејќи бебушкава наша ни бегаше а послем се мачеше убаво да ја сликне да имам слики ... Платив 2000 ден и искрено не ги жалам од тогаш сум многу по позитивна саат време си правевме муабет со докторот и ми објасни се убаво а и многу е позитивен.. Со лесно нека ви е на сите мамички
Секоја чест за докторот и стручен е и не е намќор а да ти кажам право многу ми ја смири душава кога ми кажа дека имам јуначе во стомаче и дека се ќе биде во ред и затоа денес кога сум му ја удрила на генералка мажми ќе пукнеше од нервоза само се расправаше со мене да не форсирам толку ама знаеш сега полна со позитивна енергија дека се е супер па мислам и јас дека ќе полетам и дека се си можам. Море дај боже да е така до крај па што му ја мислам многу нашиве мајки од крај до крај терале до последно на работа и дома и едно и друго дете која колку има па не ние некако многу сме се разнежниле Поздравче до сите мамички