Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Испитувања во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Mayyya, 18 јуни 2012.

  1. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    766
    а дали е нормално леукоцитите да се поокачени во 12 недела од бременоста WBC референтна вредност 3.5-10.0 а кај мене се 12.8
     
  2. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    267
    Искрено да ти кажам може да е и до траката. Јас додека одев во лабараторија не обрнувавме мн внимание на траката, важно е седиментот да ти е ок, да немаш бактерии, Ер. Ле. и сл. Уживај си и пиј си течности многу на жешково. Траките не се многу веродостојни :!:
    ние и ги сечевме на пола за да заштедиме :^) па можиш да замислиш. кое перниче паднало, кое се оштетило :x
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    За крвната слика само со докторката види, пошто мене исто ми мрдаат горе-доле од референтната листа некои работи, ама ми рече мојата дека тие не се вредности кои важат и за трудници, за трудници има други вредности и така знам дека сум ок.
     
  4. MaliotPrinc

    MaliotPrinc Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Мајкички :) имам едно прашање ... вчера бев на цтг, и докторот кога ме виде потечена во нозете како бумбар бумбаросан, ни глуждови ми се знаеа ни ништо, ми спомна некое испитување да направам (испитувањето се правело само наутро) ама во цела мешаница заборавив да си запишам што треба да испитувам. Па ме интересира дали некој имал вакво искуство и што им препорачале да испитаат
     
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Девојки какво испитување е тоа ЦТГ?
    Кога се прави?
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Имаш време за тоа, од 9ти месец почнува да се прави ЦТГ :)
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sonja1981

    sonja1981 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    здраво идни мамички,имам прашање ако може да ми помогнете,значи трудна сум 9 недели и 3 дена,досега освен првиот преглед во петта недела друг преглед мојата матична не ми направи,ми рече дојди десетта недела.во меѓувреме јас бев на преглед во државна во седмата недела имаше срцева акција ми направија мерење на плодот,е сега ме интересира дали треба да направам други испитувања и кога,од дрЖавна ми рече докторката да направам приска во 12 недела,досега мемам направено крвна слика,инаку секогаш ми е во ред крвната слика и хормоните папот исто така.Она што ме загрижува е тоа што пред 2 години правев конизација и првичниот резултат не ми беше добар но веќе втората контрола се беше во ред,е сега да не ми прави нешто проблем тоа на бременоста, дали треба да се прави серклаж,некако не ми е многу сериозна па мислам и да ја сменам,ВАШ СОВЕТ??????????
     
  8. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    267
    Па луѓево не се нормални :@ Се јавувам да прашам за приска ми вика 1900 ден. кај матичната :^) а скрининг на 4Д (само да те види на 4Д) е 500 ден. Правевте приска? Искрено јас се двоумам за тоа. Подобро на 4Д да види органи и се останато отколу тој приска тестот. Читав имавте пишувано дека не бил толку веродостоен :^) Совет :?:
     
  9. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    За кетони матичната ми рече дека може да е затоа од пвреќање многу.
    На кратко, ми објасни телото се скиселувало од не знам кои причинни. Прашај си го докторот тој ќе ти објасни убаво. Иначе,јас мислам дека колкичината на течности,посебно за ова време, е малку, гледај барем уште еден литар течности да додадш.

    За приска, тоа е задолжителен преглед кој мора да го направиш, барем така ми кажа докторката.
    Јас со сино картонче кај матичната платив 400 ден за ехото што е потрбно за приска и после во државна 350 за крвната слика. Плус во исто време ми земаа и брисеви и тоа исто го платив, 400 кај матична и 350 во државна. Мене ми се фати многу ама ако правиш приска само не знам од каде ти ја извадиле таа сума.
     
  10. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    267
    Значи прашав за брисеви тоа е 400 ден а за приска било 1900 така ми рече. Во приската било вклучено 4Д ехото и испитувањето на крв :!:
     
  11. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Приската се прави во државна болница за 350ден, само матичната ти прави ехо (зависи каде 400 или 500 ден)Не знам каде е тоа ама многу е. Највројатно е толку затоа што кај неа ти ги прави сите тестови
     
  12. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    267
    Јас сум од Прилеп. Патем, матична ми е ама се наплаќа приватно. Не знам дали кај нас во државната болница прават приска ама најверојатно ќе го прескокнам. Се изначитав цел ден и всушност има мн неправилности со пој приска тестот. Ако е во ред на ехо нема потреба од приска. на еден англиски форум прочитав дека приската се прави од 11 до 13 недела + 6 дена. Поточна 11 недела и 6 дена. Каква врска има не знам ама сигурно има нешто.
     
  13. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прасам несто.Првите месеци ми се случи да прокрварам.Бев на строго мирување змаци дамо до вц и вкревет.Сега ми рече матичната за брисеви да испитаме ама толку ми е страв да ме чепка долу мислам дека пак ќе прокрварам и усте пострасни работи ми се вртат во главата.Совет?
    ч
     
  14. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Мене кога ми земаше брисеви матичната прокрварив.
    Рекација на матичната
    . И лицето какво и беше. Се преплашив.
    Ми даде од тие влошките што ги има позборувавме малце вика да ја видам влошката. На неа имаше една темна дамка и тоа беше тоа. Рече дека е ок, ми препорача да земам уште една доза магнезиум и ако има потреба (ако има крварење и понатаму да и се јавам).
    Кога си отидов дома немаше ништо,зборував со другарка ми (мајка на 2 и плус имаше спонтан) и ми рече дека се додека немам болки во јајниците или во долниот дел од грбот и додека течноста е во мала количина и темно кафеава а не црвена да не се секирам.
    Сепак, наредниот ден кога се бришев после нужда пак имаше некои мали знаци на крварење (темно-кафеаво). Се одбидов да и се јавам на матичната (не бев во ск иначе ќе отидев кај неа), ама не ја добив.
    Сепак, помина тоа, ништо не се слчи. Бебушкава си растете, како риба е, нон-стоп мрда.
    Кога го ставаше тој инстументот во вагината (ич не ми текнува како се вика) мене ме здоболе. Лекцијата која ја научив за наредниот пат е да ти кажам уште при најмалата болка да престане што и да прави.
    Брисевите јас би ти препорачила да ги направиш. Ти кога ќе одиш ќе им кажеш дека си прокрварила и ќе бидат повнимателни.
    Ај, па пиши што реши и како помина
     
  15. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    феминки јас утре здравје правам 11 недели па се спремам да одам на гинеколог оваа недела.. и сега треба да ги земам првите брисеви сигурно к.слика а кај мојот гинеколог како шо гледам ехото е од првата светска војна... и како ќе ме гледа на скрининг.. не знам дали у нашава гинекологија има 4д појма немам најдобро ќе ми биде да си прашам за на приватно или можеби тој ке ме упати некаде,,,, а тоа на скринингот се гледа се на бебушот од органи до се така ли.. и оваа приска шо беше тоа задолжителна ли е ??
     
  16. Mala-volsebnicka

    Mala-volsebnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    35
    Првиот скрининг во 12 недела е мерење за нухален набор и врз база на мерките се прави Приска доколку сакаш.Мерењето или популарно наречениот скрининг се прави на 2Д ехо,ништо спорно ни на ГАК не го гледаат на 3 ниту 4Д.На 3Д се гледа тој во 20-22 недела што е скринингот.
    Се останато е млатење пари на приватните клиники.
    Затоа информирајте се на време за ехо на ГАК зошто до пред 2 месеци се чекаше по 7 недели за скрининг.
    ЗАтоа на време треба да се прашуват матичните,односно не се на нив да се чека зошто се забораат затоа информации од нет ма колку они ли да осудуват дека глупости читаме
     
    На kostadinka24 и ddevojce им се допаѓа ова.
  17. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.858
    јас оваа недела треба да идам да ми земаат крв за да ми испитаат дали имам скриен шеќер во крвта мислам дека така се викаше, знам само дека ке ми земаат 2пати на по 1 саат. Може ли некоја да ми објасни зошто ова се прави и од вена ли ке ми земаат крв .
     
  18. Mala-volsebnicka

    Mala-volsebnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    35
    Ако правиш на ГАК се зима 3 пати крв од вена.Првиот пат се добива вредност на гладно по 30 мин резултати и се пие растворена сахароза во чаша вода и се пие.По еден час се зима пак крв од вена и по еден час пак крв од вена.По тоа 30мин имаш резултати односно три вредности.
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.299
    Допаѓања:
    36.955
    Пол:
    Женски
    Јас правев испитување за скриен шеќер во Адриа Лаб и крв од вена ми земаа 2 пати. Вториот пат откако ја испив сахарозата.
     
  20. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Елена.мк Што направи на тестовите? Како помина?