captivating и јас сум РХ-негатив. Кога го прашав мојот матичен за кумсов тест, ми рече дека треба да го направам дури во 27-28 недела. Ти сега прв пат ли ќе правиш? Која недела си? Можеш ли да ми кажеш и што се тоа Д-Димери и хомеостаза? Каде се испитуваат? Во која недела? Како? И за што се? Се надевам дека не прашувам многу.
Јас не ни знам дали сум Рх негатив (искрено немам поим ни како се дознава тоа, ако се гледа според тоа крвната група јас сум А+ а мм Б+) А врска немам ништо друго што е. Јас одам на испитувања за Д-Димери и хоместаза. Докторката ми даде упат затоа што на постелката ми виде некои црни дамки. Испитувањата се прават во државна на трансфузиологија, преку крвна слика. Мислам дека неделата нема улога во ова тестирање (ама не сум сигурна).
captivating ако си A+ знаЧи дека си рх позитив A ти ја ознаЧува крвната група,а плусот рх факторот а стом си рх позитив нема да имас никаков проблем
јас утре здравје ќе одам да правам испитувања и ќе прашам за рх факторот па ќе ви кажам со Бога напред да биоде се во ред
денеска само брисеви ми зема таа шо му е замената... другите испитувањата др недела кога ќе се врати мојот доктор... инаку ја прашав за крвната група вика сега не се прави тоа туку во дваесет и некоја недела дали 23 или 24 ми рече така да има време до тогаш...... сите кажуваат исто без грижи
Крвна група можеш ти кога сакаш да си направиш. Пожелно е што порано заради Rh факторот. Нема потреба да чекаш да ти кажат кога треба да одиш. На пораѓај мораш да однесеш доказ за крвна група. Кажувам од искуство затоа што мене кога требаше да ми прават киретажа ми побараа крвна група, па мораше да одложиме за утредента додека да извадам.
јас на своја иницијатива уште пред да дознаам дека сум бремена си испитав крвна група ама дека отидов без картони ми кажаа додека не однесам картони нема резултат ( немав картони зашто не ми беа платени придонесите од фирмата и после два дена зедов картони ) и после ми го дадоа резултатот ми рекоа дека сум А2 - ама јас сум скептична сакам уште еднаш да си ја проверам групата да се осигурам абе 100% сум А2 - затоа што татко ми е А2Б - ,а мајка ми е 0+ значи сум ја наследила од татко ми знам дека сум си блесава :geek: ама ќе му кажам на гинекологот уште еднаш да ми даде упат кога ќе зимам крв право и за таму да ми наполнат една туба
А маж ти која крвна група е? Се надевам дека знаеш дека ако маж ти е Rh+ треба после пораѓај да примиш инекција за да немаш проблеми со втората бременост.
да да мажот ми е + а јас сум негатив би примила инекција здравје до тогаш сега да си испитам уште еднаш да бидам сигурна.. јас за еден заб одам по 300 пати пред да ми го вадат да прашам како шо сега и за крвната група можеби ќе ми се смеете ама ќе шибам
Јас бев на лекар денес, кај друга докторка, на приватно Ехото и е милион подобро, ме прегледа ми рече дека нема никакви црни дамки, тоа се крвни садови. Ми рече дека е рано да се испитува тоа, дури кај 26 нед. (не порано од 24) Вие на која недела правевте тестоти за д-димери и хоместаза?
Д-димери и хомеостаза? Ни едното ни другото го немам правено. Одам на 2 гинеколога и ниту еден од нив ми нема кажано дека треба ова да испитам.
Немало потреба. И јас одам кај два. Матичата ми рече дека видела црни дамки на постлката и затоа ми рече да го проверам тоа. Другата ми рече дека нема потреба зш убаво се гледа дека се крвни садови а и дека е рано за да покаже тестот нешто. Сепак, планирам да одам затоа што веќе ми е закажано ама веќе не му ја мислам. На вторава докторка и верувам повеќе, ми изгледа како пообразована, подобра, поискусна, и подобра со пациенти.
Здраво Сакам да ве прашам каде го правевте приска тестот бидејќи како што го разбрав мојот гинеколог истиот чини 4000 денари, инаку сум во десета недела и ми кажа тестот да го направиме на крајот од месецот (кога е бидам 13).
Де бе, 4000? Во СК живееш? Ако да, кажи му да ти даде упат за во државна. Он ќе ти направи ехо, и ќе земе брисеви ако правите тогаш и после однеси ги во државна. Не знам колку ќе ти земе он за ехото и брисевите, ама крвната слика (приска тестот) е 350 и брисевите се исто толку.
Од Штип сум ама мм е од Куманово и там ми е матичниот. Заден пат кога отидов на котрола мм го праша докторот кога ке се прави приска он одговори "па при крајот на месецот ама многу е скапо околу 4000 денари јас ке ја прегледам и ке ги пратам резултатите (некоја клиника или лабораторија рече) и резултатите ке ги добиеш после ден два" и тоа беше муабетот. Иначе до сега немам направено ни крвна слика ни ми е проверил мокраќа, само ме види на ехо каже дека е се добро (фала богу ) и тоа. Што се однесува до државна сега не ли се закажува т.е матичниот треба да ти закаже? Фала ти на одговорот.
За приска тест и брисеви не. Одиш во две различни лаборатории (еднате е баш во ГАК, другата на пракинг кај задниот влез од кај рамстор). Во ГАК ти земаат крв, и одиш по резлутати по неколку дена, за брисевите ако матичниот ти ги земал само ги оставаш. Матичниот приватен ли ти е? Ако не работи со плави картони и ако он таму ти ги прави тестовите затоа е толку скапо. јави се и прашај го дали може он да ти земе мерки на ехо за приска и да ти земе брисеви па ти да си ги однесеш на државно,ќе си поминеш поевтино.
За ехо во ГАК сега матичниот закажува, баш пред некој ден сестрата кај мојот матичен и закажуваше електронски на една трудничка.
само шо се вратив од контрола... брисевите се супер... тоа кафеното прање не знам од шо мие ама ми даде вагиналети ПОЛИГИНАКС има ли некоја примано од нив.. а за испитувањата овој докторот никаков скрининг не ми направи... ништо не мереше само рече срце желудник бубрези добри... и запиша у мајчината книшка CRL 64 шо е тоа колку е големо бебето ли ?? и за крвна слика ништо не ми рече.. јас сама отидов си направив у лабораторија само железото ми е намалено.... да ми дадете посока зошто вака што е усвари скрининг де... ааа нешто ме разочара докторот денеска дури ни екранот не ми го сврте да гледам додека јас не реков...
која недела си ти првиот скрининг се прави во 12 или 13 недела и тогас се мери нухалниот набор кој не треба да е поголем од 1,33 милиметри се гледа морфологијата и биометријата на фетусот потоа папната врвка треба да има три крвни садови а кај crl кај мене има напишано 12w5dколку што бев на скринингот бремена.И тој преглед го наплатив 3000 денари а не како обично ехо кое го плајкам 1200 бидејки одам на приватно.А и ако му е нешто сумљиво на докторот не е нешто како што треба со мерките тогаш те пушта за крв за да направиш приска. Ке заборавев дека на скринингот ме гледаше и на 4д за да види дали се има надворешно оформено ножиња рачиња и прстината