Скрининг може да се направи, 19гн+некој ден и онака е веќе 20та недела. За ехокардиографија е рано, јас скрининг правев во 21ва недела, па сепак на ехото на срце ми го закажаа во 24та (и сега во 29та)
Здраво, да ве прашам дали сте оделе на преглед за скриен шеќер во Државна. Мене ми закажаа во 13 часот и кога се јавив на ендокринологија ми рекоа прво да те види доктор па после ќе ти каже дали теба да проверуваш. Дали е стварно така? и дали ви дадоа програма за јадење по 150 грама јагленкидрати 3 дена по ред па после проверка?
Прв пат слушам за вакво нешто, се некои новини ќе исфрлат. Јас не бев, односно матичниот сметаше дека не треба да испитувам.
Јас проверував скриен шекер ама не во државна туку во адриалаб беше мислам околу 400 ден.Не ми дадоа никаква програма за јадење само да не јадам после 7-8 вечерта пред да проверувам.Резултатите ми беа супер.
Скриен шекер,димери,ф-ри на хемостаза се испитува само ако матичниот оцени дека има потреба за тоа а ако е се во ред со бременоста немора.
Јас правев ама на приватно, во лабораторија. Докторот мој ми рече превентивно да направам, а во лабораторија ми рекоа ден пред тестот да јадам малку повеќе благо. Толку.
Да се надополнам. Во 11 недела направив испитување на крвта за да се елиминира генетски дефект. Т.с во крвта на трудницата има крв и од бебчето, и со анализа на нејзината крв со сигурност се дава одговор за присуство или отсуство на Даунов Синдром и неколку други слични болести чии главни карактеристики се ментална или физичка ретардација. Хромозомите 21 за Даунов или плус хромозомите 18 и 13. ОД 9+0 може слободно да се спроведе овој тест и плус се определува и полот на бебчето. Поради високи цени најчесто е препорачлив кај девојки постари од 35 односно 40 поради зголемениот ризик за Даун, кај девојки кои можеби пробале со Приска но добиле само статистички резултат кој им внел голема несигурост, кај оние кои во фамилијата имаат лице со оваа болест. Сеуште редовно на секој прегелд ми прегледуваат урина, тежина и притисок. Во исчекување на 4д во 20 недела.
Јас да се уфрлам непоканета и тука. Овој тестов што го кажува @danichap го прават и кај нас. не ми текнува како се викаше лабораторијата каде се прави. ?ќРедовната цена му е 1000 еур. Скоро го имаше на групер со (мислам) 20% попуст. Буквално истово што го кажува плус ти го кажуваат полот мислам и кај дани со некој ваков тест мн рано и го кажаа полот. Едит:Еве го линкот од групер. Се надевам на некој ќе му се најде http://grouper.mk/m/skopje/deal/ginekalis-nifty-test
Скоро дознав дека сум трудна, имав страшни мачнини и ми доцнеше циклусот. Дома направив тест и испадна позитивен. Деновиве треба да одам прв пат на гинеколог за бременоста, ако може некоја искусна феминка да ми каже каков е прегледот за да се спремам психички.
@MissDior , честитки за бременоста, со лесно нека е Јас кога бев да ми ја потврдат бременоста прво разговаравме, и кажав дека сме се обидувале да забременам, дека сум имала позитивен тест и дека сакам да ме прегледа. Ме прегледа на ехо, се виде точката, веќе имаше и срцева реакција Отвори мајчина книшка, запиша се што треба во неа, дата на последна меструација, која недела сум тогаш итн итн. Ми земаа и крв и урина за анализи, ова не знам дали секаде го прават Можеш да си побараш да ти направат ако сакаш. На крај ме советуваше што и како смеам/не смеам да правам, што да пијам, кога да дојдам на следна контрола, и на крај ни ја даде сликата од ехо каде што се гледа плодот Ништо страшно не се случува на прегледот, како и секој претходен гинеколошки преглед, само што ќе ти ја потврди бременоста. Не се паничи, не е ништо страшно
Зависи во која недела од бременоста ќе се отиде, ако е многу рано мора вагинално. Мене во 6та недела ме прегледуваа вагинално, а во 11та абдоменално - надворешно.
Dokolku e rano e vaginalno, citam ispanicena si malku no nema potreba od toa sepak ponataka i brisevi se zimaat so lesno bremenosta!
Не е точно дека мора.Две бремености поминав и вагинално ни еднаш не ме гледаа.Со тоа што втората бременост на ехо се виде во втора недела.И да нема плод има гестациска врека,здебелен ендометриум.Си знае гинекологот дали да сумља на бременост или не.Мене тие вагинални еха и чепкања ми се ризични во бременоста.Мала непажња на лекарот и може да дојде до крварење.
Во втора недела (според тоа како се сметаат неделите) најверојатно уште не си ни трудна, така да (според мене) нема шанси да ти виделе бременост во втора недела. Плус јас не зборувам за сумља туку за сигурна потврда. Инаку ако е така како што велиш ти не ми е јасно зошто би те гледале вагинално ако може да се види и абдоминално...?
Не мислев конкретно за тебе, можеби лошо се изразив. Прашањето ми беше поставено генерално, воопшто за сите бремени - зошто би ги гледале вагинално ако може и абдоминално?! Нема логика.
Со втората бременост примив криноне гел кој се аплицира вагинално.Тоа по совет од мојот гинеколог бидејки имав кафеав исцедок.После друг лекар ми вика:Јас не сум за чепкање вагинално ама баш никакво особено не во почеток на бременоста па нека е и само гел во прашање.За него опција беше утрогестан орално. Зборот ми е зависи од лекарот и од ехото.Кога во 13 та недела во Систина ми рекоа девојче никој не веруваше дека толку рано може плодот да се утврди.Обично го прават тоа после17-18 недела.На крај девојче и излезе