здраво,meU! сакав да те прашам,неможев да разберам од напишаното,дали имаш направено приска или не?зошто и јас се мислам дали да правам,поточно повеќе се решив за неправење. треба да одам во понеделник.. поздрав
Не , мила , не направив приска, немаше потреба. Дали е потребно да се направат дополнителни испитувања се гледа од скринингот. А инаку јас сум против Приска, ако веќе постои сомневање.
фала ти за одговорот.скринингот треба да го направам во понеделник,па ми ги предложија во пакет.и јас сакам да останам само на него(скрининг)
па направи го и нека ти ги кажат резултатите. Секој резултат под вредност 2 за нухалната туба е во ред. Што значи немаш потреба од дополнителни испитувања.
Јас пак го правев приска тестот, докторката кај што одам ми вели сите трудници го прават и е задолжителен, во 12 недела кога бев да ми ја мери нухалната туба која испадна 1.3 мм и одма истиот ден правев и приска, ми земаа крв за даун и за општа крвна слика, и резултатите испаднаа супер, така да што знам и јас дали треба или не треба да се прави, како што читав многу кажуваат дека не е многу веродостојна ама ете јас ја правев, така требало демек тука, кај сите трудници
А кога веќе одиш зошто не направиш и приска. За приска ти земаат крв, па ќе ти дадат и крвна слика, а крвна слика и така се прави неколку пати во бременоста.
ај јас пак да си пишам, ве читам цело време за тој скринингот за даунов синдром и приска тестот, она што мене ме интересира е , дали самиот доктор ви кажува дека треба да се направат овие прегледи ??? мојата воопшто не ми има спомнато, а нели пишав претходно дека пред една недела бев на контрола и бев 12 и недели и само со обично ехо ме прегледа и ми кажа дека е во ред. А за приска една моја пријателка правеше скопје заради тоа што битола немало, само во плодност имало и било околу 2000-3000 денари мислам, и тоа го направи по нејзино барање а не заради тоа што и предложила докторката
Да ти кажам искрено јас бев на скрининг по упат и препорака од матичниот гинеколог кој ми се јави дома да ме потсети кога имам закажано кај Димчев, е сега кога отидов кај него мене тоа воопшто не ми личеше на никаков скрининг (незнам ни како да го опишам тоа ) бидејки беше обично ехо само 4д и докторов само ми рече уживај имаш супер јуначе. Не спомна ни даунов ни туба ни муба ништо само рече уживај си. Ваљда треба матичниот да ти каже затоа што тоа се прави до 13 недела и после таму 20 21 вториот а приската мислам дека е математичка формула и дека е повеќе само земање пари. Ако не ти поминал периодот јави се кај матичниот доктор утре и прашај си за ова скринингот да си бидеш сигурна да не те јаде после црвот . поздравче
е баш тоа ме интересираше дали матичниот трба да те упати, и дали се прави со обично ехо, или со 4д, затоа што и мене кога ме прегледуваше ништо не ми спомна, што би рекла ти никаква туба, еххех, само дека се е во ред а секако ке одам четврток со резултатите од брисевите па ке ја прашам, затоа што не ми имат спомнато ништо, секако за да мие е мирна душата
Е видиш кај сите не е исто мене па брисеви матичниот ми зема кога бев 8 недела и тогаш се беше во ред ама сега ме јаде јанза и ме става на ум да не беше многу рано за земање брисеви и да не треба сега пак да барам да ми се проверат, а пап тест воопшто не ми правеше затоа што ми беше направен месец дена пред да останам бремена. Крвна слика направив на почеток на месецов па се мислам кога треба да направам пак од причини што супер беше крвнава слика ама со оглед на тоа што со јадењево си имам проблем нешто да не се има изменето. Гледаш сите доктори не се исти а специјално не ми се јавува кај мојов со оглед на тоа што следна контрола ми е закажана за 25 август ( незнам дали е касно ова или е сосема нормално) п.с скрининзите и приската како и многу други работи се скапи во мк затоа што овде се се работи за пари и здравјето ти го мерат на кантар нажалост
Женски скринингот е обично ехо, на првиот во 12-14недела ја мерат нухалната туба, а вториот во 22н е кардиографија за детален преглед на срцето. Незнам зашто скапи, тоа веројатно во систина, ремедика и сл. Јас на приватно платив 1000ден, како и секоја контрола, а во државна со картонче 150ден. Може и да не каже лекарот дека е специјално скрининг, или дека тоа ќе прави но сигурно гледат димензии и мерат тоа што треба.
Јас скрининг и приска правев на ГАК со упат од матичен лекар и ме чинеше 150 ден. за скрининг и 350 ден. за Prisca. Е сега во приватните клиники сигурно е поскапо, како и секоја друга услуга.
на ГАК незнам како е знам дека со упат е ефтино со цената ама чув дека има доста гужва и дека многу се чекало, а во приватниве е доста поскапо ама па за тоа не чекаш и не се нервираш поготово ако надвор е + 50 степени, стручноста знам дека им е на солидно ниво и на тие од ГАК ама колку се заинтересирани и колку ќе те удостојат со внимание тоа незнам. Така да пак се враќам на фактот дека кај нас се е во знак на финансиите па и нашето здравје нажалост.
јас, на ГАк имав закажано за во 11ч, а влегов во 12:40ч, ете толку чекав. Да , душа ми излезе, но реално не се споредува 150ден со 3000ден, нормално доколку може човек да си дозволи секако е подобро на приватно. Инаку за брисеви , мене ми земаа во 17недела, сега наредните треба да ми бидат во 32-33недела. Крвна слика до сега имам правено само 2пати, на трите месеци еднаш, заедно со мокача. Тоа го правам индивидуално, докторите не ми кажале специјално да одам да проверам крв.
Па за едно земање крв незнам со какво внимание треба да те удостојат? А за цената од 300 денари партиципација се согласувам разбрана е.
па мислев на внимание да те истретираат како што треба, сепак сме пациенти па треба да бидеме удостоени малку по човечки макар и крв кога ни земаат. пред да останам бремена требаше да правам хормонски статуси и со матичниот доктор правев муабет дали државно со упат или приватно и решив да појдам на државно на клиника, си платив 700 денари а ме истретираа не баш корекно , се изначекав ,сестрата која ми земаше крв се однесуваше како не дозреана (претпоставувам дека беше практикант ) а да не ти кажам како ме избоцка мислам дека и ден денес ја чувствуам иглата а модрица имав како кој знае што да ми правеа таму. Мислев на такво внимание, а искрено не сум присталица да се фрлаат пари непотребно ама со државна клиника немам баш некое супер искуство и од предходно па затоа и така го искоментирав.
ве читам за брисевиве па ми текна пак да прашам кога се земаа последните брисеви. некои викаат 33 некои 36 недела е ајде сега..??
мене ми кажаа 32-33недела, мислам и дека е по логично за да се има време за резултати а и да се реагира не дај Боже
Епа и мене ми беше за ова брисевиве дали овој мојов доктор многу рано ми зема брисеви во 8 недела некаде и да не треба да ги повторам сега пак или здравје боже да си чекам до наредни брисеви . Фала богу беа негативни тогаш ама што знаеш во меѓувреме да не е голем размак на време од едни до други брисеви?