Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Испитувања во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Mayyya, 18 јуни 2012.

  1. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    навистина и јас тоа се мислев, како сите доктори различно работат, нели сите сме исти бремени жени и треба да се прават исти прегледи и исти испитувања?? ете и другарками е пред породување и таа пак само еднаш во цела бременост провери крв, и само еднаш и зедоа брисеви?? :?:
    а по се изгледа на клиника во скопје за проверка на приска на сите им земаат различно,еххе
    мојата пријателка од битола што беше сега пред некое време мислам ми рече дека платила 250 денари :)
     
  2. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    мене за приска 750 на клиника...и 500 за уШте нешто беше... 100 пати проверив крв,и уште ми останаа во 35 недела некои брисеви,така ме информирасе докторов последен пат.
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    И мене мила ми беа сите брисеви негативни, но ете почнав да крварам секои две недели, па излеззе после месец ипол дека тоа било од инфекција, па си примив доза Полигинакс, а дали е таман работава ќе видиме наредата недела(кога ќе бидат повторно 2недели од крварењето :envy: )
    Па неможеме и ние секој месец да зимаме брисеви, кога постојано ни се менува состојбата,посебно сега кога ни е бомба во организмот.
    Уживај, додека е добар мирисот и бојата на секретот нема мака. Кај мене се промени малку мојата, но не верував дека е од инфекција, зошто мирис немаше. Дај Боже конечно да се среди се
     
  4. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    меу се надевам дека сега не крвариш и дека до крај на бременоста нема да ти се повторат овие глупости кои само ствараат дополнителна нервоза. Мене ме зачуди тоа што многу рано мојов ми зема брисеви а овде читам која 14 15 па и 17 недела а мене овој ми зема во 8 недела. Бог да чува. Јас немам крварење освен она на почеткот кафеав исцедок кој тотално се смени имам минимално бело прање кое не мириса и има бела обична боја, единствено што ме чуди е тоа што на тоалетната хартија по уринирање останува по жолтеникава боја но веројатно урината си е таква бидејки и од резутатите од крв и урина се е ок.

    Се ќе се среди и не му се секирај многу се додека ти и бебушот сте добри, а ова со промениве може е и од самата бременост како што викаш од бомбата во нашето тело. Кој да знае чудни сме ние жениве.

    Поздрав
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Мене на 15ти ми закажа матичниот за брисеви се надевам само дека нема да биде касно .. ако недај боже нешто има..
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    мила, да не пишуваме во ова тема, еве една за општи прашања и муабети bremenost/trudnicki-muabeti-t13506/100.html

    Инаку за брисевите валда знаат што прават ова докторите , иако јас сметам дека е касно
     
  7. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    50
    не е проблем во парите,иако и не е малку на приватно- 3800 за приска ми кажаа кај Органџиски во Штип.Јас сум од Струмица и откако останав бремена,за поблиску(да не патувам до Скопје,пр.во Систина) а пак на приватно,поради подобрата апаратура,за разлика од мојата матична,почнав да одам кај него.
    Сакам да избегнам математички формули кои и ништо посебно не кажуваат.тоа што ќе ти каже дека шансите ти се пр.1:1000 и ќе ти пишува low risk,сепак не гарантира дека тој еден процент нема да направи проблем.а се изначитав многу за такви женички на кои им кажале повисок ризик,па одат на амниоцентеза,па излегува во ред.а знаеме кој ризик го носи па оваа испитување.И замилси си се да е во ред со бебето,а ти одиш на амниоцентеза,па тука се зафркне работата и дојде до спонтан.Знам дека не се случува на секоја,но сепак постои ризик и скоро се научив за една жена која при оваа испитување го губи бебето.Сакам прво да видам што ќе каже на неговото 4д ехо,со мерењето на тубите,па ако таму се покаже дека не е во ред,ќе видиме за понатаму.Мои две другарки се породија пред некој месец и двете не направија приска.Дури на таа што одеше во Систина,не и ни кажале дека има потреба.
    Незнам,Господ само да не чува.. :)
    Инаку за крвна слика,сабајле правев.Сега сум 12 недела,па утре со резултатите од крвта ќе одам кај матичната за микробиолошки брисеви.И секако,да види и она дали е во ред бебето.ако воопшто може на нејзиното ехо.
    Поздрав,девојки.
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Абе ајде во другите градови немаат слушнато за Приска, а ваму секој еден ајде задолжително било. Како не бре, кај пишува, кога ни мајчина книшка не даваат. Јас лично немам, се мкнам секој преглед со милион листови по мене, глупости живи. Ќе почнам на усб да им носам скенови, па нека му ја мислат, здрвство ипол.
    А и што сум изиритирана , сите лекови , вагиналети, за жени ништо не оди на рецепт, после секој преглед оставам уште најмалку 500-1000ден во аптека, се нешто ново им текнува. А за тоа бабите се е на рецепта па и ќе се степаат ако нема.
    Ма веќе до крај ни витамини не пијам, има да си се изнајадам овошје и се што е природно. Мајка ми ништо кога не пиела, гледам изместена сум ....
    Се изнервирав извинете ме :$ но :!: сметам дека сум во право

    А за Приската ,ако ви е добар резултатот од нухална туба ич не се замарајте, кај мене беше 1,6 па докторот кажа нема потреба од дополнителни испитувања и само пари фрлање, он е единствениот кој е против давање пари дополнително, ама важно за секој преглед си зима по 1000ден, ај да е здрав и жив :rofl:
     
    На efimija.t му/ѝ се допаѓа ова.
  9. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    50
    хаха..со здравје да си ги трошат паричките што ни ги земаат.А овој Орг.зема 3000 денари за вагиналното 4д ехо.витамини 700 ден,прогестерон ако користиш 500 на две недели и така. :)
    ми се допаѓа твојот лекар како размислува.дај Боже и јас да немам потреба од дополнително испитување после мерењето. :)
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.656
    Допаѓања:
    202.169
    Пол:
    Женски
    Не е касно, јас брисеви правев во 36 недела, а и обично ако биле негативни првите, и овие ќе бидат ;)
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    аннатх, а ако не дај Боже има нешто кога ќе се реагира :( А пак има и доста жени кои во 36н се пораѓаат, мене затоа ми мати памет ова :(
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.656
    Допаѓања:
    202.169
    Пол:
    Женски
    Има време, немој да се оптоваруваш тоа кога би можела да се породиш. Не се толку чести случаите на породување во 36 недела, можеби се погодило да дознаеш за повеќе такви случаи.
    Инаку, брис пред породување се зема главно за да се види да не има стрептокока од група Б, бидејќи може да се пренесе на бебето при природно породување. Доколку ја има, за седум дена може да се среди со соодветен антибиотик одреден по антибиограм. Резултатите се брзи, за 48 часа max. се добиваат.
     
    На Unique.chick и meU им се допаѓа ова.
  13. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    хаха..со здравје да си ги трошат паричките што ни ги земаат.А овој Орг.зема 3000 денари за вагиналното 4д ехо.витамини 700 ден,прогестерон ако користиш 500 на две недели и така. :)
    ми се допаѓа твојот лекар како размислува.дај Боже и јас да немам потреба од дополнително испитување после мерењето. :)[/quotе

    и те како е со здравје да си ги трошат паричките, ете гледаш јас и во систина па не ми кажа нухалната туба колку била како била туку само ми кажа да не се замарам многу многу и дека бебушот е супер значи се е различно.,а за витамините и останатото богами парички даваме и тоа многу. Јас например прогестерон примав трипати дневно што значи 500 денарчиња на пет дена па Прегназон 700 денари магнезиум 200-300 брисевите крв и уште до крај уште што , па Приска не правев па не гледам причина зашто да ја правам. Здравје крвна слика ќе направам пак во септември втор скрининг 21 недела здравје микробиолошки испитувања 32-34 недела и крвна слика уште еднаш тогаш и да сме здрави и живи како што е Господ никој не е. Па мајками ни в од витамини не пиела дури ни витамин ц дури и си пушела по некое цигарче и пиела кафенце па фала богу здрава и жива сум . Е ова со испитувањава стварно го претеруваат. Контрола се знае на 4-5 недели на ехо и да сме здрави и живи.

    :)
     
    На efimija.t му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    40.730
    Пол:
    Женски
    Јас си одев нормално на прегледи
    Значи во 5 та недела првпат бев на преглед , после една недела уште еднаш и пошто не си бев осигурана си платив 170 евра фино лепо . После во Мк бев два пати на ехо и пап тест , Кога се вратив во Германија бев во 5от месец на преглед ми земаа крв , мокрача пап тест , и си одев секој месец нормално . При крај на бременоста ми направија едно испитување за стрептокока само тој тест ако сакав да го правам си го платив некаде 20 евра . Иначе нормално преглед ехо , земање крв и ништо друго посебо . Иначе прегледите не ги плакав самото осигурување ги плакаше и немав некои трошоци какви што гледам пишувате :)
     
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    ете сум јас пак тука, еххе
    денес докторката ги виде резултатите од брисевите и ми рече дека се е супер :rofl:
    е сега утре ке одам да проверам крвна слика и некои други анализи, бидејки осекам како да ми се потечени дланките, т.е прстите, а и нозете исто :(
    има некој досега вакви анализи правено???
     
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Во 35 г.н. мислам дека тоа е 8-ми месец се прават брисеви, истите кои се прават и во 12-14 недела, а во 9-ти месец јас правев само крвна слика (како и секој месец) и ЦТГ.
    Други испитувања и тестови не правев.
     
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Труднички муабети

    Tea,ако мислиш на тестови и испитувања во текот на целата бременост значи треба вака
    Бременоста трае 280 дена или 40 ГН.
    Следење на бременост:
    Прв ултразвук
    Со изостанување на редовниот МЦ, пациентката треба да го посети својот гинеколог за да се утврди причината за доцнењето на циклусот.
    Доколку се работи за бременост, треба да се утврди срцевата акција.
    Втор ултразвук
    Од 11 – 13,6 ГН – Скрининг за Даун синдром.
    Трет ултразвук
    Од 18 – 22 ГН – Скрининг за аномалии на плодот. + 4д скрининг
    Четврти ултразвук
    Од 28 – 30 ГН – Рутински скрининг
    На почетокот на бременоста треба да се одреди:
    - Крвна група
    - Rh фактор
    - Крвна слика (секој месец)
    - Уринокултура (секој месец)
    Микробиолошки испитувања:
    - Chlamydya
    - Mycoplasma
    Овие микробиолошки се прават едните од 12-14гн и другите од 34-36гн
     
  18. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    Труднички муабети

    идни мамички како сте? ;)
    јас денес малку сум тажна :( правев уринокултура и ми најдоа ешерихија коли :( е сега докторката ми рече дека не е ништо страшно имам многу малку и ми даде некои капсули на база на брусница и ми рече да пијам чај и многу течности...
    да не знаете нешто за ова? читнав нешто на интернет :?:
    :*
     
  19. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Труднички муабети

    Fala na informaciit Unique ova i mene ke mi posluzi bas i mene me interesirase koga ke mi zemaat takvi brisevi za bakterija i kako odat tie pregledite ;)
     
  20. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Труднички муабети

    Мене до сега никаков брис не ми земале.
    Прашав минатиот пат и ми рече тоа само на крај на бременост испитувале. :^)